Romelu Lukaku is back in Chelsea blue!
www.chelseafc.com
Епа бидна. Среќен сум што успеаа да донесат напаѓач летово затоа што пред само една недела делуваше како да нема да направат ништо. Единствените три прифатливи опции ги пишав уште пред неколку месеци - Кејн, Халанд, Лукаку. Штом успеаа да донесат еден од нив, нема простор за никакво жалење и нема простор за никакви изговори, мора да се оди на титула.
Околу Лукаку, секогаш бил напаѓач кој ти гарантира голови. До пред две години не ме воодушевуваше баш, ама во Интер многу напредна, Конте направи класа напаѓач од него и како најдобар играч им ја донесе назад титулата после 10 години. Но уште од кога си отиде од Челзи имав два прашалници околу него. Првиот беше поврзан со тоа како ќе се справи со конкуренција и високи очекувања од него. Ама веќе не ми е прашалник тоа, доволно е докажан, а и доаѓа како рекордно засилување за клубот па нема да има конкуренција, а со очекувањата сметам дека може без проблем да се справи.
Вториот, и најбитен прашалник е околу тоа како игра во одлучувачките партии, крајна фаза ЛШ, финалиња и како игра против класа дефанзивци кои не може да ги издоминира чисто поради физичка супериорност. Ова не знам колку го подобри во Интер, како што знам утињаше шанси во решавачките натпревари во групите ЛШ, а и против Јуве нема сјаен рекорд. Се надевам ќе ме демантира со ова, а и еве му добра шанса со натпревари ипротив Арсенал, Ливерпул, Тотенхем Сити во првите кола.
Се на се очекувам добро да се покаже и да ни го реши проблемот со финиширање на милион креирани шанси на секој натпревар. Нека му е со среќа.