Фан Клуб: Челзи

IssaAk

Novak Djokovic the GOAT
Член од
11 јули 2021
Мислења
267
Поени од реакции
424
Neka ni e čestit trofejov. Epten sakav da go osvoime.

Sovrshen start na novava sezona. :cool:
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.581
Поени од реакции
52.411

:toe:

Мило ми е за трофејов, иако не е некој битен. После три порази конечно го освоија под Роман. Сега останува уште СКП во декември за да се заврши колекцијата. Не смеат пак да го заебат тоа.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.528
Поени од реакции
1.772
Овој Лукаку ќе потпише ли конечно со Челзи?
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.581
Поени од реакции
52.411
1628787673157.png

Епа бидна. Среќен сум што успеаа да донесат напаѓач летово затоа што пред само една недела делуваше како да нема да направат ништо. Единствените три прифатливи опции ги пишав уште пред неколку месеци - Кејн, Халанд, Лукаку. Штом успеаа да донесат еден од нив, нема простор за никакво жалење и нема простор за никакви изговори, мора да се оди на титула.

Околу Лукаку, секогаш бил напаѓач кој ти гарантира голови. До пред две години не ме воодушевуваше баш, ама во Интер многу напредна, Конте направи класа напаѓач од него и како најдобар играч им ја донесе назад титулата после 10 години. Но уште од кога си отиде од Челзи имав два прашалници околу него. Првиот беше поврзан со тоа како ќе се справи со конкуренција и високи очекувања од него. Ама веќе не ми е прашалник тоа, доволно е докажан, а и доаѓа како рекордно засилување за клубот па нема да има конкуренција, а со очекувањата сметам дека може без проблем да се справи.
Вториот, и најбитен прашалник е околу тоа како игра во одлучувачките партии, крајна фаза ЛШ, финалиња и како игра против класа дефанзивци кои не може да ги издоминира чисто поради физичка супериорност. Ова не знам колку го подобри во Интер, како што знам утињаше шанси во решавачките натпревари во групите ЛШ, а и против Јуве нема сјаен рекорд. Се надевам ќе ме демантира со ова, а и еве му добра шанса со натпревари ипротив Арсенал, Ливерпул, Тотенхем Сити во првите кола.

Се на се очекувам добро да се покаже и да ни го реши проблемот со финиширање на милион креирани шанси на секој натпревар. Нека му е со среќа.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.126
Поени од реакции
11.516
Голема грешка е трансферот на Лукаку. Па уште за таа сума. Во Серија А се истакна пошто реално се игра поспор фудбал од Англија, а и дефанзивците се стандард 30+ во години.
Ако почне да промашува, има да го изедат медиумите и притисокот. Слично како во Јунајтед.Во италија барем поумерено е во тој поглед околу медиумите.
Прв допир има катастрофален.

Лично мислење, се надевам ќе бидам демантиран. Боље да му се дадеше шанса на Абрахам па ако не наредно лето да се бркаше друг шпиц.
Мене лична желба ми беше Кејн…

Али тоа е. Сезонава очекувам доста постабилни натпревари од Пулишиќ, Зијеш и Венер. Тие треба да ни бидат засилувањата сезонава, после минатата сезона каде што беа во никаква форма.
Зијеш добро почна, лошо што се повреди во Супер купов. Не ни проверив колку му е сериозна повредата.
 
Абе, ќе видиме, од кај знаеш? Баш е во прајмот. Не суди пред време. И не верувам дека во Италија поумерен е во тој поглед околу медиумите.

Абе каков Абрахам, нека иде на позајмица, Лукаку го бирам у секое време пред Абрахам. А и немавме напред некои многу опции. Си отиде и Жиру. Мораше да се земе некој, во моментов Лукаку е најидеален од тоа шо ги имаше на пазарот.

Ќе видиме, има време, јас мислам дека ќе експлодира Лукаку.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.528
Поени од реакции
1.772
Lukaku е баш на време дојден.

Напаѓачите се најдобри од 28мата година, тогаш се најзрели.

Плус Лукаку не е истиот од порано, во Италија отворено влегуваше во конфликти со Ибрахимович и Роналдо, јавно ги провоцираше и надвор од теренот, значи има муда да гризе кога треба. Затоа и ќе го биде во Челзи.

Еве што Алан Ширер изјави за неговото враќање во Челзи.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.990
Искрено не знам каде требаат повеќе засилувања. Главниот проблем, се надевам, е решен.

Одбраната беше солидна. Евентуално може да се донесе играч од средината. Не знаеме што ќе биде со Баркли. Па и со Чик.

Исто Абрахам треба да оди на позајмица во Рома. Ако Лукаку фати форма, нема да види многу минути на теренот.
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.126
Поени од реакции
11.516
Абе, ќе видиме, од кај знаеш? Баш е во прајмот. Не суди пред време. И не верувам дека во Италија поумерен е во тој поглед околу медиумите.

Абе каков Абрахам, нека иде на позајмица, Лукаку го бирам у секое време пред Абрахам. А и немавме напред некои многу опции. Си отиде и Жиру. Мораше да се земе некој, во моментов Лукаку е најидеален од тоа шо ги имаше на пазарот.

Ќе видиме, има време, јас мислам дека ќе експлодира Лукаку.
Не реков дека знам.
Напишав дека е мое мислење.
Субјективно.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.581
Поени од реакции
52.411
Канте се здобил со некоја ситна повреда и не е сигурен за утре. Тенки се на средина, се надевам Лофтус би можел да ја прилагоди играта и да игра повлечено, ако остане.

Ги објавија бројките за сезонава:
Ковачич 8
Лофтус 12
Бетинели 13
Чалоба 14
Анџорин 27
За Лукаку ќе се објавело накнадно. Регистриран е со 18, ама чекаат да видат дали Тами ќе го продадат па да му дадат 9. Другите остануваат исто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom