Како мислиш не е искрен? Лампард доста пати има кажано (може не со тие зборови) дека нема да зимаат некој колку да се земе, туку било каков трансфер треба да е некој што навистина сметаат дека е најдобра опција за тимот и ќе го засили. Пари секако има, тоа не е проблемот. Не може да сме сигурни, ама според тоа што се збори главни трансфер цели се Вернер, Санчо и Чилвел. Ниеден од овие не е достапен зимава, значи мора да одат на втори опции. Секако и вторите опции нема туку така да можат да се донесат.
И јас сметам дека е потребен бар еден трансфер, ама да е играч што навистина ќе дојде и одма ќе има импакт и ќе го подобри тимот. А таков играч кој е достапен лично не гледам. Аке не е тоа, нема да е голем апгрејд во одбраната, и очигледно така смета и Лампард и другите од клубот, иначе до сега ќе беше земен. Сепак на крај во таква ситуација според мене е подобро да не се земе никој и да им се верува на моменталните играчи до крај на сезона. Ризикот е голем, ама секако има ризик и кога купуваш играчи. Ако не можеш да го сведеш на миминум со тоа што ќе донесеш играч за кој си сигурен дека ќе те подобри, подобро да не заглавуваш пак со Дринквотери и Бакајоковци кои ќе ти зимаат над 100к неделна плата и ќе треба со години да ги шеташ по позајмици затоа што никој нема да сака да ги купи.
Сепак мислам дека ќе има бар еден трансфер на крај.
Не е искрен клубот, затоа што продаваат магла. Не им се троши повторно/немаат средства. На тоа мислев.
Челзи да е сигурен дека ќе обезбеди топ 4, ваквата варијанта е оправдана. Бидејќи не е, некако треба да се изгура уште половина сезона, нели? Се бориме активно за ЛШ, 1/8 финалисти сме во истото натпреварување во моментов.
Ниту имаме доволно добар, ниту доволно длабок ростер за да, барем во теорија, успееме да ги реализираме зацртаниве цели. Тоа што Лампард, како и неговиот претходник може да ,,оверачивне", тоа е друг муабет и останува да се надеваме на него.
И за Санчо и за Вернер, а особено за Чилвел, постојат алтернативи. Не egg B алтернативи, туку баш онака соодветни.
Прво, кој ќе гарантира сека Санчо и овие топ трансфер целиве, на лето сигурно ќе ги ангажираме? Затоа што ваквиот пристап и шуплива приказна за јануарски преоден рок, ме наведува на следново: ,,истрпете зимава, ама на лето има 500 милиони да фркнеме, има да дрмаме".
Кој ни гарантира дека Санчо нема да замине во Ливерпул, Вернер во Реал, Чилвел (јаки муда играч, ќе го чекале до јуни), не знам каде.
Друго, игрите и резултатите на моменталниот Челзи се кохерентни со потенцијалниот ,,лудило мозга" трансфер летен период.
Петти Челзи во ПЛ и понезначаен успех во ЛШ, го детерминира и однесувањето на Челзи во полето на трошење пари и однесувањето на играчите кои се топ трансфер цели.
Математиката е јасна. Доколку Челзи не успее следна сезона да игра во ЛШ, евентуалното доаѓање на таквите како Вернер и Санчо се става под огромен знак прашалник.
Сум застанувал честопати на страна на управата, иако не сум некој фан во последнава деценија. Биле напаѓани неосновано, на нивна адреса пристигнувало сенешто.
Овојпат, јок. Ми изгледаат целосно неподготвени. Без посебна стратегија, онака, фазон стануваат сабајлечки, пишуваат рандом име на Јутуб, гледаат триминутна компилација и - аха, еве го, овој ќе го бараме сега.
Секако, сето ова се поништува во случај управата да почне да се однесува како управа на голем клуб зимава и донесе барем двајца и те како потребни фудбалери. Дотогаш...