Фан Клуб: Челзи

Член од
18 јули 2012
Мислења
1.034
Поени од реакции
638
Zasto e povikan Konor Kalager od Charlton , go ima vo plan Lampard ili pak sakat da go pozajmat vo premier league ?
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.034
Поени од реакции
638
Pa za championship najdobro e da go ostavia tamu kaj sto e , dali citav deka Norwich go bara ili pak greska sum
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Pa za championship najdobro e da go ostavia tamu kaj sto e , dali citav deka Norwich go bara ili pak greska sum
Да, ама последните вести се дека не оди во ПЛ.
Чарлтон се бори за опстанок во Чемпионшип, а Свонси за промоција, не е исто. Тренер им е некој што бил тренер на младинска репрезентација, па зима млади. Им го дадоа веќе Марк Гуехи кој најверојатно ќе остане и наредна сезона, а еве сега и Галагер. Ако успеат да влезат во ПЛ, следна сезона може да останат во Свонси и да играат стандардно.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
1579203674363.png


:jeeee:

Не знам за вас, ама со перформансите направи да верувам дека он ни е најголемиот талент од сите играчи што играат од академија моментално. Има се за да биде комплетен играч од светска класа.

 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340

Значи крај на март би почнал да тренира секојдневно со пев тим и очекувам бар еден месец да тренира само и да изигра некој натпревар со младите, па после тоа да добива шанса во прв тим, а тоа е веќе мај...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.262
Тамам во битката за топ 4 ќе се врати

Пулишиќ...

Ок, ајде, за ЛШ ќе дојде..

Ептен повреди годинава бе..

Канте..ептен? Никад не било вака..
Лампс ко Конте да не ги тренира исто?

Ќе мора некој трансфер изгледа...
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Тамам во битката за топ 4 ќе се врати

Пулишиќ...

Ок, ајде, за ЛШ ќе дојде..

Ептен повреди годинава бе..

Канте..ептен? Никад не било вака..
Лампс ко Конте да не ги тренира исто?

Ќе мора некој трансфер изгледа...
Не, изгледа не мора. Го препознавам наративот на јавноста и интернет гласилата на клубот.
Да чекаме до лето, подобро вистински трансфери отколку избрзани решенија.
И тоа е добро донекаде, само што ние не сме во таква позиција во моментов. Ризикот е преголем.
И само што клубот не е целосно искрен кон навивачите во тој поглед.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Не, изгледа не мора. Го препознавам наративот на јавноста и интернет гласилата на клубот.
Да чекаме до лето, подобро вистински трансфери отколку избрзани решенија.
И тоа е добро донекаде, само што ние не сме во таква позиција во моментов. Ризикот е преголем.
И само што клубот не е целосно искрен кон навивачите во тој поглед.
Како мислиш не е искрен? Лампард доста пати има кажано (може не со тие зборови) дека нема да зимаат некој колку да се земе, туку било каков трансфер треба да е некој што навистина сметаат дека е најдобра опција за тимот и ќе го засили. Пари секако има, тоа не е проблемот. Не може да сме сигурни, ама според тоа што се збори главни трансфер цели се Вернер, Санчо и Чилвел. Ниеден од овие не е достапен зимава, значи мора да одат на втори опции. Секако и вторите опции нема туку така да можат да се донесат.
И јас сметам дека е потребен бар еден трансфер, ама да е играч што навистина ќе дојде и одма ќе има импакт и ќе го подобри тимот. А таков играч кој е достапен лично не гледам. Аке не е тоа, нема да е голем апгрејд во одбраната, и очигледно така смета и Лампард и другите од клубот, иначе до сега ќе беше земен. Сепак на крај во таква ситуација според мене е подобро да не се земе никој и да им се верува на моменталните играчи до крај на сезона. Ризикот е голем, ама секако има ризик и кога купуваш играчи. Ако не можеш да го сведеш на миминум со тоа што ќе донесеш играч за кој си сигурен дека ќе те подобри, подобро да не заглавуваш пак со Дринквотери и Бакајоковци кои ќе ти зимаат над 100к неделна плата и ќе треба со години да ги шеташ по позајмици затоа што никој нема да сака да ги купи.

Сепак мислам дека ќе има бар еден трансфер на крај.
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.034
Поени од реакции
638
Да не играме сега меначер но ако идат на некој ЦБ најдоборо решение мислам дека може да бидат Сујунчу или па Хименез од Атлетико М .
Добро е ова политика на клубот да не се купува само туку така , еве имат опција за бејк ап за Аке но изгледа не е тоа што го бара Лампард .
На лето голман ,цб добар ,лев бек добар ,Санцо и некој добар во напад
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.034
Поени од реакции
638
Pamento za vo zimski period da ne se kupi samo radi reda .
Cabalero ide na kraj na sezona , mora golman , isto i cb mora , alonso i emerson ne se sigurni pa mora i lev bek , Sancho e prioritet na Chelsea , a vo napad ke ostanat samo so Abraham .
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Како мислиш не е искрен? Лампард доста пати има кажано (може не со тие зборови) дека нема да зимаат некој колку да се земе, туку било каков трансфер треба да е некој што навистина сметаат дека е најдобра опција за тимот и ќе го засили. Пари секако има, тоа не е проблемот. Не може да сме сигурни, ама според тоа што се збори главни трансфер цели се Вернер, Санчо и Чилвел. Ниеден од овие не е достапен зимава, значи мора да одат на втори опции. Секако и вторите опции нема туку така да можат да се донесат.
И јас сметам дека е потребен бар еден трансфер, ама да е играч што навистина ќе дојде и одма ќе има импакт и ќе го подобри тимот. А таков играч кој е достапен лично не гледам. Аке не е тоа, нема да е голем апгрејд во одбраната, и очигледно така смета и Лампард и другите од клубот, иначе до сега ќе беше земен. Сепак на крај во таква ситуација според мене е подобро да не се земе никој и да им се верува на моменталните играчи до крај на сезона. Ризикот е голем, ама секако има ризик и кога купуваш играчи. Ако не можеш да го сведеш на миминум со тоа што ќе донесеш играч за кој си сигурен дека ќе те подобри, подобро да не заглавуваш пак со Дринквотери и Бакајоковци кои ќе ти зимаат над 100к неделна плата и ќе треба со години да ги шеташ по позајмици затоа што никој нема да сака да ги купи.

Сепак мислам дека ќе има бар еден трансфер на крај.
Не е искрен клубот, затоа што продаваат магла. Не им се троши повторно/немаат средства. На тоа мислев.


Челзи да е сигурен дека ќе обезбеди топ 4, ваквата варијанта е оправдана. Бидејќи не е, некако треба да се изгура уште половина сезона, нели? Се бориме активно за ЛШ, 1/8 финалисти сме во истото натпреварување во моментов.
Ниту имаме доволно добар, ниту доволно длабок ростер за да, барем во теорија, успееме да ги реализираме зацртаниве цели. Тоа што Лампард, како и неговиот претходник може да ,,оверачивне", тоа е друг муабет и останува да се надеваме на него.

И за Санчо и за Вернер, а особено за Чилвел, постојат алтернативи. Не egg B алтернативи, туку баш онака соодветни.

Прво, кој ќе гарантира сека Санчо и овие топ трансфер целиве, на лето сигурно ќе ги ангажираме? Затоа што ваквиот пристап и шуплива приказна за јануарски преоден рок, ме наведува на следново: ,,истрпете зимава, ама на лето има 500 милиони да фркнеме, има да дрмаме".
Кој ни гарантира дека Санчо нема да замине во Ливерпул, Вернер во Реал, Чилвел (јаки муда играч, ќе го чекале до јуни), не знам каде.
Друго, игрите и резултатите на моменталниот Челзи се кохерентни со потенцијалниот ,,лудило мозга" трансфер летен период.
Петти Челзи во ПЛ и понезначаен успех во ЛШ, го детерминира и однесувањето на Челзи во полето на трошење пари и однесувањето на играчите кои се топ трансфер цели.
Математиката е јасна. Доколку Челзи не успее следна сезона да игра во ЛШ, евентуалното доаѓање на таквите како Вернер и Санчо се става под огромен знак прашалник.

Сум застанувал честопати на страна на управата, иако не сум некој фан во последнава деценија. Биле напаѓани неосновано, на нивна адреса пристигнувало сенешто.
Овојпат, јок. Ми изгледаат целосно неподготвени. Без посебна стратегија, онака, фазон стануваат сабајлечки, пишуваат рандом име на Јутуб, гледаат триминутна компилација и - аха, еве го, овој ќе го бараме сега.

Секако, сето ова се поништува во случај управата да почне да се однесува како управа на голем клуб зимава и донесе барем двајца и те како потребни фудбалери. Дотогаш...
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Во секој случај не можеме да знаеме, и дури и никој да не купат пак нема да знаеме дали е тоа затоа што немале план или тоа што било достапно сметале дека не е доволно добро.

Јасно ни е и нас, сигурно и на нив дека се потребни засилувања. Ама мора паметно да се работи овој пат затоа што клубот не може да си дозволи повторно промашени трансфери. И затоа мислам дека се ептен претпазливи за тоа кој ќе донесат. Мора да ја гледаат и големата слика и да не планираат само за до крај на сезонава туку и после тоа како би изгледал тимот.

Не е едноставна ситуација затоа што да, ако не фатат топ 4 нема да можат да ги донесат примарните цели, ама па и ако потрошат тон пари зимава на играчи за кои не се сигурни и флопнат, би биле во уште полоша ситуација...
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не знам дали играме лошо-лошо полувремево, или играме лошо поради тоа што од 45 минути, активна игра има само 17 минути. Два прекини за повреда, па оној копачката ја загуби...
Ама штом десниот бек ти е најкреативниот играч, тогаш изгледа ќе да е првото. Џејмс минимум четири одлични топки им намести, залудно.
Покрај него Вилиан и Канте се коректни, останатите за неживот.
Маунт го сакам многу, но дефинитивно сега претставува проблем во оваа формација. Нула контрибуција, во ниту една фаза од теренот.

Да ти се плукнам во Сент Џејмс Парк, вечен проблем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom