Жиру не е решија ништо, нити некад ќе реши.
Абрахам потсетуе и ја пиша зашто.
Како што си паметан да коментираш за хехехе муабет, место да коментираш како жена без да цитираш, пиши аргументирано зашто мислиш дека Абрахам не потсетуе на Дрогбу или зашто е неквалитетан.
Ама знам дека ти е интересно да сереш по деца што играв првпут у ПЛ и изгубива у дерби од Јунајтед 4-0, поубаво е да хејтамо. Ако не се лжу, ти беше меѓу главни да се намава Хазард а да се остави Мурињо кд пукна брука на 15то место али исто и памту дека никад на овј форум не си имаја аргументирано мислење, такој да
Ти се воодушевувам на храброста. Ретки се оние кои цитираат/тагираат во денешно време. Ќе се зборува долго за овој храбар акт, верувам.
Жиру пријатељу, реши европско финале. Шансите да не си го изгледал истото се големи, па не би сакал да ти спојлам. Година пред тоа, му донесе на ФА Куп на Конте.
Во првичниот пост базично образложив што му недостасува на Абрахам. И дека дечкото не го оправдува воопшто хајпот. Потенцијал има, ама потенцијал е толку експлоатиран збор во спортот, што полека почнува да губи секакво значење.
Од друга страна пак, ти во два наврати го споредуваш со Дрогба ,,на негови години".
И еве гледам, 5 страни елаборација на таа тема, очи ми испаднаа читајќи. Во твоево излагање има добар материјал и за докторска дисертација.
Ај што е смешна споредбата со Дрогба, смешна е и поради тоа што доаѓа од тебе. Зошто? Затоа што Дрогба на таа возраст играл за Ле Ман и Гингамп. Јас верувам дека 10 годишниот ти, ги имаш следено овие две екипи одблизу и дека развојниот пат на Дрогба го знаеш како ,,Оче наш".
Можеме тука да почнеме, а и да ја окончаме бесмислената компарација.
Инаку, серењето не е мој фазон. Прелистај ги своите мислења, еве само од изминатава сезона и ќе го најдеш тоа што го бараш.
Тами е подложен на критика како и сите други. И ќе ја добие, кога има простор. Сега има и те како. А видиш, вчера и Мејсон Маунт настапи на Олд Трафорд и не играше баш сјајно, но критиката за него некако е изоставена. Којзнае зошто.
Уште нешто. Бидејќи си дудук и се обидуваш од петни жили нешто да извлечеш и лично дискредитираш, откако истресе од ракав низа глупости.
Во тоа време застанав зад Мурињо. И ги ,,бркав" сите тие кои во тој момент не сакаа да играа за клубот, бојкотираа натпревари и го притискаа индиректно Роман да го избрка Мурињо. Тоа и се случи. Медиумите излегоа со приказни дека и Хазард е еден од нив. Подоцна испадна дека не е и дека хајката против тогашниот тренер ја воделе и сега нам добропознати лица. Вилиан, Луиз, Оскар итн.
Во контекст на последниот исмајлизиран дел од твојов пост. Мило ми е што ми даде до знаење дека нема ,,зла крв" од твоја страна и дека само си дискутираме. Ми олесна.
Ти си ликот со најнеконзистентните ставови поврзани со Челзи и фудбал. Не само во фанклубов, туку воопшто на форумов. Не пишував изминатите две години, но знаев да фрлам поглед повремено на темава.
15 пати го избрка Сари. 15 пати го поддржа Сари. Па уште 15 пати го избрка.
Да не зборувам за ростерот, играчите, или сезоните наназад.
Па не би било многу паметно од твоја страна да начнуваш такви работи. Шизофрено е, знаеш.