Мислам дека Одои и Азар даваат повеќе течност во нападот, отколку Вилијан и/или Педро. Вилијан има очајна сезона, заедно со Алонсо. Не знам како ќе се одвива трансфер политиката со трансфер банот, но мислам дека Игуаин не треба да добие нов договор, а Жиру треба, само ако продолжи со добриве партии. Даде 2 гола за националниот тим, за Челси последниот натпревар, плус одлично игра во ЛЕ. Од Игуаин не видовме ништо, Мората стајл, секој удар му е од прва, нема брзина, па ни желба за играње, затоа и не е првотимец. Од друга страна тимот ги има Мората, Мичи и посебно Абрахам. Првиве 2ца мораат да се продадат. Не знам кој би го купил Мората при здрав разум, а Мичи не добива вистинска шанса и само шета од клуб на клуб и со тоа никако да фати некаква форма.
Гледам наводно 150 мил. за Кутињо! Подобро да не купат никого, отколку да фрлат 150 мил. за Кутињо. Но после Кепа, парите ја изгубија својата вредност....очигледно.
Во одбраната т.е за една позиција ќе се тепаат Ампаду, Зума и Кристенсен! Верувам дека Кристенсен ќе сака да си оди, а ништо чудно не е и Евертон да го купи Зума, па после клубот ќе мора да даде 50 мил. за стопер.
И не ми се допаѓа тоа што Борусија се почесто го остава Пулисич на клупа. Тоа ќе се одрази на неговата форма. Штета.
Мислам дека со оваа одбрана со која Челси излезе против Брајтон, Челси играше поорганизирано назад, Алонсо се надевам дека ќе биде на клупа во понеделеник, а нема да биде лошо и Давид и Рудигер малку да ги ротира, посебно овој првиов. Мораат да победуваат посебно дома, ако сакаат да бидат 3ти или 4ти. Спурси имаат 5 натпревари дома, а Арсенал полесен распоред од Челси, плус натпревар помалку, што е дополнителен притисок. Клучен ќе биде натпреварот со Јунајтед за 4-5 кола, со оглед на тоа дека тие имаат обврски во ЛШ, имаат многу повредени играчи и се во потесната конкуренција за 4тото место кое води во ЛШ (мислам дека Јунајтед имаат и најмалку шанси за таа позиција, но бодовно не заостануваат многу). И за нив натпреварот со Челси е клучен.