Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.343
Ау каков распоред. Јас не памтам да сме имале потежок. Посебно стартот, ќе мора од почеток да се почне јако, инаку ништо не правиме. Еве го вака цел.



Декември ќе биде најзбиен, па добро е што бар тогаш имаме малце полесен распоред и ќе може да се вадат бодови. После против Арсенал на први јануари ќе биде интересно. Крај на февруари и почеток на март против Јунајтед и Сити едно по друго, и тоа двете на гости!
Секогаш ми е тапа кога последното коло е на гости, ама последниот домашен натпревар е против Ливерпул, па ептен јако би било ако некако успееме да ја одбраниме титулата :D
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Treba pojachanja pod hitno....
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.101
Поени од реакции
16.304
Conte to walk out on Chelsea?
Sky Sport Italia claim Antonio Conte is increasingly irritated at Chelsea directors for not buying players he requested and he could walk away.

Е ваков си е Конте така на моменти :D
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Не му се троши пари на управата пошо сметаат дека имаме одличен прв тим само треба да се зајакне клупата. Навидум истиот проблем и пред 2 години. Ќе се тегниме со некој играч како стоунс и на крај нема да го купиме и ќе земиме некој џилобоџи
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
ЈБГ, неколку дена немаше големи трансфери, мора кликови да се направат од некаде.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.307
Бетртарнд Траоре ќе оди на перманентен трансфер во Лион.


 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.343
Од Јуве потврдиле дека ни одбиле понуда од 60 милиони евра за Алекс Сандро. Изгледа он сака да дојде и можно било да поднесе и барање за трансфер. Ај да видиме.
 

Andy-95

The Slim Shady
Член од
29 јули 2014
Мислења
285
Поени од реакции
108
веќе се потпишани Лукаку, Бакајоко и Кабаљеро(Кабажеро) :cautious:. Само се чека на 1ви јули со најк договоро за да ги претстават со нови дресој! ;)
П.С. Мора да се задржи Абрахам за вгодина, сношти го гледав на Еуро У21 растура дечкото. Потсеќа на ДиДи многу!!!
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.343
Се распишав јас ептен за трансферите за летово :D

Куртоа/Едуардо
Азпиликуета/Зума - Луиз/Кристенсен - Кејхил/Аке
Мозес/Аина - Канте/Чалоба - Матич/Фабрегас - Алонсо/Кенеди
Педро/Вилиан - Коста/Мичи - Хазард/Лофтус
Ова ни е моменталниот тим. Тие што ги означив со плаво очекувам да одат на позајмица (Лофтус немав кај да го ставам, па да му прави друштво на Хазард :D). Зума не делуваше сигурно во системот на Конте, а секако и се врати од долга повреда, па можеби најдобро е да отиде една сезона негде кај што ќе игра константно затоа што во овој момент од кариерата, ако не е стандарден, ќе си остане само на талент. Аина, Кенеди и Лофтус не се доволно спремни и треба да им се најдат добри позајмици. Кристенсен ни доаѓа како засилување и се надевам дека ќе се покаже ко што треба и ќе има светла иднина. Коста е несигурен и не очекувам да остане после се што се случи. Исто очекувам и еден од Матич и Фабрегас да си оди. Се надевам дека нема да е Фабрегас. Мора да остане затоа што нема лесно да најдеме таков играч, а од друга страна па за Матич мислам дека лесно може да се најде замена.

Со тие промени, остануваме со овој тим:

Куртоа/Едуардо
Азпиликуета - Луиз/Кристенсен - Кејхил/Аке
Мозес - Канте/Чалоба - Фабрегас - Алонсо
Педро/Вилиан - Мичи - Хазард
Гледајќи го вака тимот, одма е очигледно дека ни се потребни 4-5 засилувања за да ги покриеме сите позиции и да можеме да се бориме за трофеј на повеќе фронтови. И тоа не треба сите засилувања да се само за пополнување бројки, него навистина да донесат поголем квалитет во тимот.
Голман, централен дефанзивец или десен бек, лев бек, везњак и напаѓач се главните засилувања кои мора да се донесат.

За голманската позиција изгледа дека ќе го земат Кабаљеро, откако беше ослободен од Сити. Солидна опција е според мене. Без пари го зимаат, нека му дадат една сезона. Има веќе ПЛ искуство, па не гледам никаква негатива во овој трансфер, има многу побитни позиции за засилување, не мора и за резервен голман да се даваат пари сега.

Централен дефанзивец и десен бек ги пишав заедно затоа што сметам дека може и со еден да пројдеме и да сме добро покриени, иако нормално дека идеално би било на секоја позиција да имаме по два добри играчи. Како што пишав претходно, имам ептен голема доверба во Кристенсен и Аке, и се надевам дека ќе има и Конте, па ќе им даде доволно шанса за да се покажат и да имаат добра минутажа следна сезона. Со носење на уште еден централен, ептен би им се лимитирале шансите. Од друга страна, па и да се земе, тогаш не мора да се носи десен бек, па Азпи ќе игра и десен бек по потреба, наместо Мозес. Засега имаше доста шпекулации, повеќето за централен и тоа имиња како Ван Дијк, Бонучи, Кулибали, Манолас. За десен бек само за Алвес што се збореше, ама сега ги снема некако тие шпекулации и се збори дека Сити сакале да го земат. Ваљда поверојатно е да земат централен, па да се префрли Азпи десно, во секој случај сметам дека добро ќе ја покрие одбраната Конте.

За лев бек се збори само за еден играч, а тоа е Алекс Сандро. Ептен се надевам дека ќе го донесат затоа што е еден од најдобрите леви бекови според мене моментално. И очигледно дека се ептен сериозни за него штом понудиле огромна сума на пари. За сега се збори дека бил заинтересиран и он за трансферот, а верувам дека Јуве би го пуштиле доколку стигне подобра понуда и има малце притисок од играчот. Далеку од лесно изводливо е ова, ама ако стварно го сакаат, се надевам дека ќе пробаат да го донесат по секоја цена, затоа што ќе биде одличен трансфер. Ако не успеат, мора да се оди на некоја алтернатива затоа што не може да останеме само со Алонсо цела сезона.

За Бакајоко се збори веќе со месеци за засилување за средината и засега изгледа дека ќе се случи. Неутрален сум за неговиот трансфер. Има потенцијал, ама моментално не сум сигурен колку е спремен за да ни го засили тимот инстантно. Како и да е, се надевам дека разгледуваат и други опции. Ако Верати стварно сака да си оди од ПСЖ, мора барем да проверат дали има некакви шанси да се донесе. Исто и за Наинголан може пак да се разгледа, доколку одлучи да си оди од Рома. Во секој случај, мислам дека е ептен битно ова засилување од средината и се надевам дека ќе донесат играч по желба на Конте.

Во нападот засега се покажува кон Лукаку. И сакам да се оствари ова, а и не сакам. Ама напаѓачите за кои се збори летово се Лукаку, Мората, Белоти, Лаказет. Од овие, дефинитивно Лукаку би го избрал во било кое време. Докажан е веќе во ПЛ, и би се вратил во тимот кој го сака уште од дете и сигурно ќе има голема мотивација да се покаже. Ќе треба многу да се подобри и напорно да работи, ама се надевам дека би можел да се покаже како правилен избор. Би ми било ептен мило ако успее во Челзи. Но, ништо не е завршено и со него и ќе биде ептен тешко да се договорат со Евертон за трансферот, па не мора да значи дека сигурно ќе завршиме со него.

Нормално дека не мора да значи дека само на овие позиции ќе се засилуваме. Никогаш не се знае што ќе се случи, може да стигне некоја ненормална понуда за играч па да одлучад да го дадат, може некој сам ќе побара да си оди. Како и да е, нека успеат да ги донесат овие 4-5 играчи и јас би бил задоволен. За две недели веќе би требало да почнат ептен поинтензивно да работат и да финализираат договори, па ќе видиме што ќе се случи.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Kajgana Shop

На врв Bottom