Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
hehehe dragonski saka smesen da bide zatoa toa pishuva za kosta ama dzabe e ne e interesen

Очигледно беше дека Коста ќе си отиде, не може играч што игра од Септември до Номеври да ни биде главен напаѓач. Убаво реков да се искористи добрата форма за да се продаде за повеќе пари, вака пак прават дебилен потег и ќе го продадат за малкупари. А реално на вака напумпана трансфер политика во светот можат како од шала 60 милиони да му извадат....ама јбг....башка премногу глупа работа....да објавиш јавно дека играчот не го планираш во тимот? Аматеризам. У старт цената му паѓа значително.
Ама тоа е, кога имаш играч што мисли дека е Меси и може да се заебава како и да сака "Еј сакам у Кина!..уствари не сакам у Кина у Шпанија сакам! Ама Челзи во душата! Ама у Кина е јако...али Челзи чоече еј!!!"

Иначе не е страшна повредава на Хазард дури и очекувам да ја почне сезонава за нас, само што ќе му треба време да влезе во форма. Очекувам тапа да ја почне сезоната али таму негде од Декември да му тргне. Што е супер шанса за некој нов играч да стане фациште на старт на сезона[DOUBLEPOST=1496890876][/DOUBLEPOST]
Таман е 20 милиони за дрво играч со ограничени фудбалски можности, нели. Јас би го продал и за помалку, само штета прави на клубот.

Сериозно, сериозно, при здрав разум, некој од вас сака Коста да замине од Челзи? Реткост се такви напаѓачи денес.
@dragonsky ваљда е единствениот :D
И Конте.
Тие сме единствени со нездрав разум во свет на интелигентни луѓе :(
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
hehehe dragonski saka smesen da bide zatoa toa pishuva za kosta ama dzabe e ne e interesen

Очигледно беше дека Коста ќе си отиде, не може играч што игра од Септември до Номеври да ни биде главен напаѓач. Убаво реков да се искористи добрата форма за да се продаде за повеќе пари, вака пак прават дебилен потег и ќе го продадат за малкупари. А реално на вака напумпана трансфер политика во светот можат како од шала 60 милиони да му извадат....ама јбг....башка премногу глупа работа....да објавиш јавно дека играчот не го планираш во тимот? Аматеризам. У старт цената му паѓа значително.
Ама тоа е, кога имаш играч што мисли дека е Меси и може да се заебава како и да сака "Еј сакам у Кина!..уствари не сакам у Кина у Шпанија сакам! Ама Челзи во душата! Ама у Кина е јако...али Челзи чоече еј!!!"

Иначе не е страшна повредава на Хазард дури и очекувам да ја почне сезонава за нас, само што ќе му треба време да влезе во форма. Очекувам тапа да ја почне сезоната али таму негде од Декември да му тргне. Што е супер шанса за некој нов играч да стане фациште на старт на сезона[DOUBLEPOST=1496890876][/DOUBLEPOST]


И Конте.
Тие сме единствени со нездрав разум во свет на интелигентни луѓе :(
Само што на Конте не му е заради фудбалските способности. Кој дебилен потег го направи Челзи сега? И мене ми е малце глупо преку порака да го известиш (ако било така). Ама Коста сам си излегол и кажал јавно за тоа. Иако, сигурно е дело на агентот, ако не стигнале понуди деновиве, му рекол иди кажи јавно, да привлечеме внимание.

Јас сум секако против продавање на Коста затоа што многу ќе изгубиме на теренот. Но, како што спомнав, уште од јануари почнав да си се спремам, свесен дека летово ако има шанса ќе го продадат затоа што сигурно ќе им скурчи играч што секој преоден рок бара да си оди. Добив надеж дека ќе остане поради изјавите после купот, и банот на Атлетико. А сега кога се знае ова, можеби и очекувано беше ова од Конте, знаејќи го каков е. Уште летото не биле во добри односи и Конте не му зборел се додека не му се извинил Коста откако видел дека нема да му успее било каков трансфер. Па после и тоа во јануари што се случи и очигледно кај Конте нема простување. Можам да го разберам од таа страна, ако некој играч константно ти прави проблеми, не вреди да го чуваш. Ама премногу ќе изгубиме на теренот за жал, и не гледам напаѓач кој би можел да го понуди истото што Коста го прави за време на натпревар. Се надевам дека нема да се покаже ко лоша одлука затоа што очајно ни е потребен напаѓач што ќе гарантира 20+ голови во сезона.

Сега и очигледно е дека Челзи е клубот со кој се има договорено Лукаку, ама никако не би се осудил да мислам дека е завршена работата. Со Лукаку секако е лесно да се договориш, ама со Евертон ќе биде премногу тешко. Ќе ни извадат над 80 милиони, а секако ќе мора и он да притисне повеќе за да го пуштат. На страна тоа што уште не сум убеден дека ќе успее во голем клуб, иако премногу би сакал да ме демантира, го следам уште од кога почна да игра за Андерлехт и се појавија споредбите со Дрогба, па и видеото од посетата на СБ кога бил на екскурзија во средно.
 
Член од
3 јануари 2015
Мислења
245
Поени од реакции
509
Нееееееееее, само Лукаку неееееее :place::place::place:
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Сум за Лукаку и тоа како ... играч кој е навикнат на ПЛ и е константен,плус за голови да не правиме муабет,страшен е.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
@dragonsky

Веќе ти одговорил Донев. Ниџе везе Контевото и ова твоето.

Јас искрено не ја купувам приказната дека преку смс порака го откачиле, сепак Челзи е во прашање, а не Маџари Солидарност. Досега никогаш не практикувале таков сељачки стил, не верувам дека сега направиле исклучок.

Од друга страна пак, гомнарски е отворањево уста на Коста, имаше милион излети и хирови, клубот и фановите го толерираа и поддржуваа, а сега, од никаде, се одлучува на потег кој директно оди на штета на Челзи.

Како и да е, ако е Лукаку неговата замена, ќе бидам задоволен. Од понуденото, по мене Лукаку е можеби и најдобрата опција. Да пазарат уште едно десно крило (се појавија шпекулации за Марез, што лично ме радуваат) и прашањето за нападот, многу брзо може да биде затворено.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Тоа што Коста кажал добив порака од Конте, не значи дека буквално смс порака му пратил овој, ама нормално дека сите така ќе си сфатат и така ќе ја пренесуваат веста. Воопшто не е битен тој дел :D
 
W

wicked_1

Гостин
Сите се свесни за квалитетите на Коста, дури и Конте самиот.... така да повеќе од очигледно е дека тука има судир на авторитети меѓу двајцата, а не од некаков фудбалски неквалитет на Коста... дебилно е да се дискутира ова.

Милион шпекулации има, така да не ја правете јунајтедската да "потпишувате" играчи кога нема ништо посериозно излезено. Коста тешко дека ќе биде сменет, ама Конте како тренер со тоа што го покажа годинава лесно се става пред било кој играч и неговите одлуки нема зошто да се спорат.

Мислам дека играч како што му треба на Челзи со off the ball инстинкт, позиционирање и финиш е Белоти, иако и Лукаку треба да е океј опција.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Изгледа го договориле Бакајоко. Цена 35 милиони, што е сосема ок во денешниов пазар. Во секој случај, не верувам да презентираат играч пред да почне договорот со Најк.
 

JimmyFloydBottleBank

Rimtutituki
Член од
29 ноември 2010
Мислења
6.801
Поени од реакции
8.600
Мичу у Монако, Коста исто ќе си иде. Би сакал Мбапе и Лукаку да се замените.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.317
Се сложувам со тимчево
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Само Малуда место Робен, дека повеќе направи за тимот.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Мислам дека летово мораат да покажат дали повторно сакаат да сме клуб кој може секоја сезона да конкурира за ПЛ и ЛШ, или ќе си бидеме клуб кој ќе може да постигне некаков успех, но нема да биде на самиот врв.
Не треба да се донесат играчи кои само ќе го пополнат тимот, треба да се донесат играчишта кои значително ќе го подобрат. Баш прееска си помислив дека после трансферот на Торес, ептен претпазливо пазарат и немаат дадено повеќе од триесетина милиони, па налетав на ова:
The only current Premier League club with a longer-standing most expensive purchase is Newcastle, who spent £16m on Michael Owen in 2005. Chelsea have spent between £30m and £34m eight times; Torres is their only signing to have cost more.
Не дека не пробаа, за Стоунс и Кулибали беа спремни да дадат повеќе, бар од тоа што го знаеме, но неуспешно. Затоа мора многу поагресивни да се и ако имаат играч кој сметаат дека треба да го земат, нека платат колку и да е потребно, и нека го земат.
Нешто вакво на пример доколку направат, стварно би покажале големи амбиции за враќање на самиот врв на Европа. Е сега, и самиот сум си контрадикторен во своите размислувања затоа што од една страна сметам дека дефанзивно можеби и добро сме покриени со Азпи, Луиз, Кејхил, плус Кристенсен и Аке (Зума мислам дека ќе оди на позајмица), ама па од друга страна ако има шанси да се донесе Бонучи...не можеш да кажеш не, а тоа ќе значи дека барем еден од моменталните ќе си оди.

Но, ако сакаме да бидеме константно на врвот во ПЛ и ЛШ, мора да се носат играчи од светска класа. Клуб што сака да е на самиот врв, мора да има повеќе играчи кои би можеле да играат во било кој клуб во Европа. Моментално ни се само Куртоа и Хазард. И Азпи според мене, ама некако сеуште е потценет општо.

Ќе се засилуваат сите клубови летово и се надевам дека Челзи ќе покаже големи амбиции, иначе ништо не правиме.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.504
Поени од реакции
6.135
Ако ги пазарите овие играчи секоја чест. Да е до мене би ги земал во Јунајтед и би го завршил трансфер периодот уште денес.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom