Настрана глупите муабети за незаслужена ЛШ освоена од Челзи и компарација ПЛ - Ла Лига, реално гледано Челзи денес беше понижен и посрамен до даска, доби невидена шлаканица и им се објасни како се игра фудбал, ваков пораз Челзи нема доживеано многу одамна, барем не јас колку што памтам и го пратам Челзи, од 2004г. па се навака. Овој меч на Атлетико и Фалкао беше за школски учебници, и секоја чест за нив, капа доле, заслужено си победија, им посакувам и титула во Светскиот Куп. Честитики и до членот
Atleti MKD за победа на неговиот Атлетико.
Нема што да се коментира, сиот сеир и срамотилукот го заслужува Челзи, но јас сега сум уште повеќе убеден дека Челзи ќе ја освои ПЛ доколку се консилидира во одбрана, затоа што ова беше понижувачки пораз кој доста работи ќе ги научи, ќе ги спушти малце на земја и ќе им биде ѕвезда водилка низ ПЛ и како треба да не се игра, јас верувам и ќе продолжам да верувам дека Челзи може да освои ПЛ, па зошто да не и да ја одбрани ЛШ, има кадарен тим, има добар тренер само е потребно време да се средат после поразов и работите полека да си дојдат на место, ако се вистински професионалци после овој пораз очекувам многу посилен Челзи.
Истиот коментар го имам што го пишав и на другана тема за Супер Купот, нема што да се коментира, многу лошо, и тактички и играчки, единствено да го пофалам Микел, беше ѕверка.