Прочитав сега и јас, значи тука е крајот..
Дидиер Дрогба е име кое што секогаш ќе остане во срцата на сите фанови на Челзи, Тито е играч за големи достигнување и големи утакмици, го докажа тоа со 8те сезони поминати во Челзи, покажа што е да се игра за клуб со љубов со срце. Најдобар напаѓач што некогаш играл фудбал, веќе никогаш нема да видиме шпиц од негов калибар.
Сега ми е тешко, но можам да замислам како ќе биде следната сезона без него, уште кога ќе помислам дека Торес ќе го наследи, ми се иде да идам у Лондон и јас да го молам и да му платам нов договор со Челзи, иако не е работа во парите.
Но објективно гледано, времето на Дрогба да замине е идеално, ќе замине како голем човек, иако веќе е легенда на Челзи, се надевам дека Челзи ќе организира опроштален меч во негово име, затоа што тој го заслужи тоа.
Дрогба сезонава беше феноменален во најбитните утакмици, така можеше да биде и следната сезона, но Тито сака да игра константно, а неверувам дека на 34 години овој човек ќе може да го прави тоа секоја недела во ПЛ.
GRANDE DIDIER !