Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
Што принтај пари, лани го земаа? :ROFLMAO:
Да, го земаа со 100% надеж дека ако е добар ќе игра во Челзи и дефинитивно не го земаа со една единствена цел перење правење пари. Дефинитивно ова беше фудбалски трансфер и дефинитивно Челзи е фудбалска екипа, а не економска.

Ама ете, што да правиш, овие од Стразбур, кој и да им е газдата ептен ептен ептен загризаа да го земат на позајмица, нашиве беа као "Неее, овој е талент, го земаме од фудбалски причини, како така тинејџер од Бразил сакате да земете на позајмица бе, ова е огромен талент што го планираме за во иднина", ама ете, кој и да им е газда на Стразбур ептен загризал и после долги и тешки преговори го дадовме на позајмица лани.

Па во Стразбур растури, одигра 24 натпревари без да постигне гол и после тоа одлично покажување, еве, дошла понудата од Саудијска Арабија, земја позната по морал и етика и земја каде што нема никакви проблеми со матни зделки и јбг, сега тоа е, мораме да го продадеме, инаку стварно беше купен без план да се продаде, и дефинитивно за пар години нема да биде Челзи казнет или под лупа на ФИФА/ФА и дефинитивно нема да проба некој да притисне за да се сменат законите исто како што тоа беше пред некоја година кога го купивме Мудрик и сите останати.

За 13м фунти купен, за 19.3м фунти продаден во Арабија после една сеозна каде растури.

Како фан на Челзи Економскиот Клуб сум презадоволен и бурно ќе ги гледам на стрим преносите од дедлајн деновите во Турција и Арабија.

Па после тоа тамам зимската пауза почнува до 1 јануари кога пак ќе го играме следниот натпревар на трансфер берзата.
Иако тоа не треба да не спречи да договориме играч што би дошол во 2026 или слично така да...
Нема простор за опуштање, често има нешто за следење со Челзи, интересна сезона е, се надевам ќе бидеме топ 4 во профит за сезонава и ќе фатиме пласман во Лигата на Профитерите за следната, па таму ќе видиме, со среќа малце можеби до четврт или полу финале да влеземе
 
Член од
26 август 2008
Мислења
736
Поени од реакции
535
Какви циркузи прават американциве ќе треба пак да се враќа Лампард ако ни лупнат трансфер бан лол
Очигледно купуваат ефтино продаваат скапо (па и сами на себе хехе).
Ништо, тоа е, ќе има 25 играчи за прв тим, се друго ќе е матни зделки и правење (перење) пари.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Да, го земаа со 100% надеж дека ако е добар ќе игра во Челзи и дефинитивно не го земаа со една единствена цел перење правење пари. Дефинитивно ова беше фудбалски трансфер и дефинитивно Челзи е фудбалска екипа, а не економска.
Да, исто како што 100% од младите играчи кои се купуваа за време на претходниот режим беа планирани 100% за првиот тим, а не за да се праќаат по позајмици и да се заработи. Ама не памтам вакви плачења тогаш :toe:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
^не памтиш пошто си влезен во години кога меморијата станува полоша, ја се жалев за трансфер политиката и тогаш, затоа и решив да не се замарам со трансфери ептен, уште од времето на Роман :D Ама сега е бетер

Инаку еве официјалнот тимот за првата фаза во Конференциска. Палмер, Весли Фофана и Лавиа ги нема.
Палмер и Фофана ајде ок. Ама Лавиа??? Баш од него би очекувал да игра во КЛ пред ПЛ?? Да не има пак овој некоја повреда што пар месеци ќе го оддалечи или Мареска стварно мисли дека е бољи од барем еден од Каиседо/Ензо?

Одличен тест да видиме до каде е тимов без Палмер, а ваљда и без некои други играчи.
Ако Мареска го рачуна Нкунку како играч за КЛ, а не за ПЛ, да видиме што може сам против сите.
Ако се одмараат играчи како Ензо/Каиседо/Џексон и слично како и што очекувам...
Не е ова тим што лагано на спиење ќе ги добие сите мечеви, ќе треба да се заслужат победите и поените.
Санчо и Феликс би требало да се покажат добро тука. Што да не и КДХ.
Одлична шанса ќе биде и натпреварувањево за полека Џејмс да се врати во форма можеби после повредата (иако шо, само 6 утакмици се играат до декември не дека се премногу)

1725559584179.png
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Палмер и Фофана ајде ок. Ама Лавиа??? Баш од него би очекувал да игра во КЛ пред ПЛ?? Да не има пак овој некоја повреда што пар месеци ќе го оддалечи или Мареска стварно мисли дека е бољи од барем еден од Каиседо/Ензо?
Цела година беше повреден и после еден натпревар пак се повреди. Веќе ќе се враќа на тренинзи, ништо сериозно ама нема сигурно да го ризикуваат со два натпревари неделно. А и ако игра како на пријателските и како против Сити, ништо чудно да е прв избор во ПЛ.

После првата фаза пак ќе се мења листата и тогаш ништо чудно тројцата да влезат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.346
Цела година беше повреден и после еден натпревар пак се повреди. Веќе ќе се враќа на тренинзи, ништо сериозно ама нема сигурно да го ризикуваат со два натпревари неделно. А и ако игра како на пријателските и како против Сити, ништо чудно да е прв избор во ПЛ.

После првата фаза пак ќе се мења листата и тогаш ништо чудно тројцата да влезат.
Да, да, знам за тоа дека за нокаут натпреварите се мења, за првата фаза ми беше коментарот
Се надевам нема да се зезнат, мора Палмер во нокаут фаза да е повикан, макар и да треба да игра само 30 минути на една утакмица пред финалето :D

Ова за Лавиа.. па да де, баш дека не сакаат да го ризикуваат

Ќе одмори во ПЛ па ќе игра во КЛ, па пак ќе одмори пар недели во ПЛ, па пак ќе игра во КЛ, па ќе одмори во ПЛ, па ќе игра Карабао, па.. :D
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.679
Ако некоја одлука досега ја оправдувам тоа е што Кол Палмер го изоставиле од тимот за КЛ. Фала курцу нешто добро и од нив.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318
Sto mislete okolu ova sto go pustaat niz vesnici koj bi izlegol kako pobednik?
Okolu utakmicata razocaruvanje vo sekoj pogled mora podobro osobeno koga si 1 na 1 so golmanot 90+
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.661
Sto mislete okolu ova sto go pustaat niz vesnici koj bi izlegol kako pobednik?
Ништо од приказна. Знаеме дека Боели беше тргнат уште после првото лето и нормално дека нема да е среќен со тоа кога он беше тој кој го организираше купувањето. Така да не е ова нешто ново што сега почнува да се случува, ама нормално е новинари да креваат паники за време на интернационални паузи како и после победи на Челзи.
Ако решат да се разделуваат, пологично е Боели да продаде. Ама не верувам да е случи нешто наскоро.
 
Член од
14 август 2022
Мислења
1.364
Поени од реакции
1.679
Ништо од приказна. Знаеме дека Боели беше тргнат уште после првото лето и нормално дека нема да е среќен со тоа кога он беше тој кој го организираше купувањето. Така да не е ова нешто ново што сега почнува да се случува, ама нормално е новинари да креваат паники за време на интернационални паузи како и после победи на Челзи.
Ако решат да се разделуваат, пологично е Боели да продаде. Ама не верувам да е случи нешто наскоро.
Боели е во потрага по нови инвеститори(веќе ги нашол) да го откупи делот на Кларк Капитал.


Вие иначе за кого сте ? Боели или Егбали?:icon_mrgr:
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.273
Поени од реакции
5.365
Реално верувам дека за никој од овие ама овој Егбали ми изгледа како поголемо ѓубре.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom