Што принтај пари, лани го земаа?
Да, го земаа со 100% надеж дека ако е добар ќе игра во Челзи и дефинитивно не го земаа со една единствена цел
перење правење пари. Дефинитивно ова беше фудбалски трансфер и дефинитивно Челзи е фудбалска екипа, а не економска.
Ама ете, што да правиш, овие од Стразбур, кој и да им е газдата ептен ептен ептен загризаа да го земат на позајмица, нашиве беа као "Неее, овој е талент, го земаме од фудбалски причини, како така тинејџер од Бразил сакате да земете на позајмица бе, ова е огромен талент што го планираме за во иднина", ама ете, кој и да им е газда на Стразбур ептен загризал и после долги и тешки преговори го дадовме на позајмица лани.
Па во Стразбур растури, одигра 24 натпревари без да постигне гол и после тоа одлично покажување, еве, дошла понудата од Саудијска Арабија, земја позната по морал и етика и земја каде што нема никакви проблеми со матни зделки и јбг, сега тоа е, мораме да го продадеме, инаку стварно беше купен без план да се продаде, и дефинитивно за пар години нема да биде Челзи казнет или под лупа на ФИФА/ФА и дефинитивно нема да проба некој да притисне за да се сменат законите исто како што тоа беше пред некоја година кога го купивме Мудрик и сите останати.
За 13м фунти купен, за 19.3м фунти продаден во Арабија после една сеозна каде растури.
Како фан на Челзи Економскиот Клуб сум презадоволен и бурно ќе ги гледам на стрим преносите од дедлајн деновите во Турција и Арабија.
Па после тоа тамам зимската пауза почнува до 1 јануари кога пак ќе го играме следниот натпревар на трансфер берзата.
Иако тоа не треба да не спречи да договориме играч што би дошол во 2026 или слично така да...
Нема простор за опуштање, често има нешто за следење со Челзи, интересна сезона е, се надевам ќе бидеме топ 4 во профит за сезонава и ќе фатиме пласман во Лигата на Профитерите за следната, па таму ќе видиме, со среќа малце можеби до четврт или полу финале да влеземе