Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
Малуда и Фереира не знам што чекаат уште...
Фереира кога остана до сега во Челз не би било лошо тука и да се пензонира. Или како Ѕола и тој 1 година пред пензионирање да се врати каде што започна.
Малуда добро што нема да си иде за џабе барем некој денар да земеме од него :)
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.045
Поени од реакции
1.991
Еј ни отиде Дрогба не ми се верува :(
Добро е што се ослободивме од Калу и Босингва, еве се шпекулира дека и Малуда ќе си оди со нив, абе убаини :D
Сега уште и од деструктивците да проретима малце нема да биде лошо.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Па добро бе, значи не ми јасно како може да се понашаат толку идиотски другиве клубови.... Коа Челзи треба да купува се лупаат астрономски цени - а коа треба да купат од кај нас се ценкарат за ситнеш.
Реално, Малуда вреди 10(+)М со оглед на тоа што има уште година од договорот, а они ми се циганат тука. Ајде, да се работи за некој просечни клубови и така и така ама Јуве и ПСЖ бе :eek:
Инаку од другите информации што вредат да се спомнат - настрана од трансфер шпекулациите
1.УЕФА пресуди за стартот на Тери - 3 натпревари казна. Еден веќе помина, го пропушта Суперкупот и првото коло од наредната сезона
2.Челзи ќе му исплати 12М оштета на АВБ поради предвремен раскин на договорот. :facepalm: Со здравје да си ги троши парите...

БДВ У цела еуфорија заборавивме да му заблагодариме и на Андре кој има делумна заслуга за освоениот трофеј во ЛШ. Ја помината група и го попи отказот - да не беше второво најверојатно ќе отпадневме уште во 1/8 финале :icon_lol:

521344_365749310159349_192419223_n.jpg

522955_10150914563727259_86037497258_9703626_1610930692_n.jpg
:cool:
 
H

HoT IcE

Гостин
The career of Chelsea target Hulk is more incredible than how he was named.
Интересна кариера има Хулк, вреди да се прочита, плус сон на Хулк му било да се пресели и игра во Челзи. Според ова што прочитав, Хулк не е нафурано детиште туку играчиште кое знае што значи да се игра со срце и лојалност спрема клуб. Сега уште повеќе го сакам во Челзи.

Лукаку: Парите дадени за мојот трансфер очигледно дека се безпотребно дадени.
Според мене, Ромелу е потполно во право. Следнава сезона мора да добие доверба и доволно минути за да почне да се наметнува како прв пик во Челзи, ајде да речеме дека Дрогба беше тука и претставуваше пречка за Ромелу да дојде до израз, сега кога Диди го нема, Лукаку мора и треба да добие минутажа, верувам во неговите квалитети и верувам дека еден ден ќе стане голем играч. Плус истотака на Лукаку, Челзи му е омилен клуб уште од детсво и верувам дека со срце ќе игра, како и самиот тој што изјави еднаш, и сега бара минутажа или позајмица во друг клуб каде што ќе игра.

Сега за сега добар настап имаме на трансфер пазар. Марин е веќе договорен и официјално претставен како нов член на клубот, додека трансферите на Хулк и Хазард фали уште потврдна на официјалниот сајт на Челзи, се е завршено.
Со овие тројца добивме многу повеќе експлозивнот, брзина и техника во напад, имаме доволен број играчи за ротација низ целиот тек на сезоната, посебно по крила. Најверојатно е дека Челзи ќе го купи ВДВ и еден од Модриќ/Дембеле. Иако јас ниту еден од Модриќ/Дембеле не би купил, затоа што доаѓањето на Хулк и Хазард, Рамирес ќе може да се повлече назад во средина и да не игра веќе крило, иако се покажа како одличен на таа позиција.
Што е до мене, одлично ќе биде доколку вака се завршат работите, ќе имаме скоро нов тим кој има потенцијал да биде еден од најаките колективи во Европа во следните 5-6 години.

Клубот веќе го напуштија Калу, Босингва, Дрогба, Митрович и Тејлор, на истиот пат се и Есиен и Малуда. Според мене на листата треба да се додаде и Хиларио и Фереира, и да биде топ.
Од нашите млади играчи шанса во првиот тим би требало да добијат Мекехран, Какута и Кане и Лукаку. Де Брујн, Пиазон, Хачинсон сите на позајмица.

Првиот тим на Челзи би требало да изгледа вака после ова лето.
Чех
Ивановиќ, Тери, Луиз, Кол
Рамирес, Микел
Хулк, Хазард, Мата
Торес

Значи ќе имаме badass тим, со Лампард, Ромеу, Мекехран, па можеби и Есиен, ќе имаме доволно играчи кои ќе покријат евентуално отсуство на еден од Рамирес, Микел. За одбраната немаме гајле, ја имаме најдобрата одбрана во светот, плус со Бертран, Кехил и ВДВ(?) кои нон-стоп ќе ротираат.
Чех е Чех, Лукаку треба да добива повеќе шанса во ротација со Торес, додека Мата, Хазард, Хулк ќе можат да бидат ротирани од Какута, Стариџ.

И тоа би било тоа. Поздрав.
chelsea.jpg
 
Член од
3 декември 2011
Мислења
112
Поени од реакции
145
Знам дека сме сконцентрирани на трансфериве па и тоа е најбитно во моментов нели , ама не можев да не го споделам ова со вас .
Малово уште боледува , уште не може да се помири со судбината :eek::P:D

http://www.goal.com/en/news/12/spain/2012/05/29/3135107/unfair-champions-league-elimination-still-angers-messi

Дрогба си замина , многу шпекулации за неговата иднина од Шпанија до Кина ...

Најмногу ми привлече внимание онаа за Реал Мадрид , мислам дека тој би бил најглупавиот потег кој би можел да го повлече .
Зошто ? !
Реал Мадрид хммм ... Дрогба со своите 34 тешко дека ќе може да загрози нечие место . Да човекот е звер , играчиште , легенда да не се повторувам секоја му чест НО Реал го зема како џокер кој ќе грее клупа а ќе влегува кога ќе згусне . Дрогба не смее тоа да си го дозволи !
И да е во патерици ненормално ми е Дрогба да чека шанса ? ! Пред тие деца за него што се , без оглед во каква форма играат. И кога оваа сезона не беше стартер чудно беше . Неприродно Дрогба на клупа ? ! Играч од таков калибар . Неговото време најдобрите денови нажалост се ЗАД него . Докажа дека е играч за големи натпревари , но по таа заслуга не вреди да ја добие позицијата која му се спрема во МАДРИД .
Се прости од Челзи најдобро што можеше и цел свет беше сведок на тоа .
Најдобро време е да се прости од Европскиот Фудбал и да си буши во другиве клубови кои нудат богаство за нашава легенда.
Настрана фактот што нејќам да го видам во друг дрес европски освен оној синиот :).

И нормално еден ден се надевам дека ќе се врати во Челзи кај што му е местото :cool:
 
H

HoT IcE

Гостин
Помило ќе ми биде да игра во Реал Мадрид, барем ќе можам да го пратам во Сабота/Недела на Алфа, отколку во Кина.
Како и да е, Дрогба свесно си замина од Челзи, освои се што можеше да освои и за неговата кариера во Челзи замина во најдобар можен момент, плус Челзи има млади играчи и екипа за склопување.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Уште Фелаини да го земеме и ништо друго не ни треба...бомба тим ќе имаме....
 

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Не ни треба играч како Фелаини. Јас Микел не би го менувал за ниту еден...(сега и Рамирес ќе се повлечи, а и Ромеу го има на таа позиција, Есиен не е тоа што беше знаеме сите, но ете ако остани уште една опција за таа позиција има...)
И мислам дека доста веќе со овие белгијци, доста се Куртоа, Де Брун, Хазард и Лукаку...
Нема потреба ни од Дембеле. Јас незнам значи Јунајтед кој играч го сака ајде и овие трчи по тој..:D
Друго, денес ја гледав пријателската и според мене Хазард спрема Дембеле на овој натпревар беше многу послаб, ниту повлекуваше ниту трчаше без топка за да се отвори ни ништо... имаше неколку контакти ама не беше на задоволително ниво.
Лукаку таа минутажа што ја доби направи 100% ефект во прекршоци. Голема е желбата но треба а и има време за да се докажува....
Ешли беше :cuc::cuc:
Тери беше добар но се пожалил на повреда, а и Кејхил се повреди и можно е да му е пукната вилицата, па така настапот на ЕП му е несигурен.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
сакам играчи како модриќ да дојдат, некако не ми се прави кеифот да форсираме преку крила, очекувам да има барем уште едно засилување од крајот на јули, а и мисалм дека РДМ треба да му се пружи можност за една сезона, босингва си заминал а и калу колку што разбрав, овој холандѓанецов ако дојди ќе иди добро, овој хаард и хулк плативме многу ама имам некоја надеж дека ќе изиграат на потребното ниво и ќе оправдаат парите, треба да се инвестира да се пополнат сите дупки и да се има потребната резерва, следната година треба да го нападниме тронот на англија
KTBFFH
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Не знам дали е пуштен у темава, ме мрзи да листам, ама David Luiz бе :pos:

556070_10150927103429614_124855544613_9495861_1124232661_n.jpg
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
895
Поени од реакции
1.060
Ван дер Вил заинтересиран за трансвер во Челси

Многу играчи заминаа од Ајакс, па големи се шансите да го лапнеме и него за прилично добра сума.

Не би се сложил со коментарите на поголемиот дел членови од тука дека Ивановиќ треба да остане и да игра десен бек. Тоа не е негова природна позиција и не е доволно брз (како на пример Ван дер Вил) за да може константно да се вклучува во нападот. Но кога ке размислам каква игра ќе форсира Челси следната сезона (со Хазард и Хулк се надевам :rolleyes:) мислам дека и не се толку потребни продорни бекови, а од друга страна ќе ни треба цврста одбрана ако земеме в предвид дека ќе имаме играчи главно со нападачки предиспозиции. Но според мене нападот е најдобра одбрана! Добар пример за тоа е Барселона.

Следната година би сакал да изгледаме вака:
Чех
Ван дер Вил - Луиз - Тери - Кол
Модриќ - Микел
Хулк - Мата - Хазард
Торес

И друга варијанта:
Чех
Ван дер Вил - Луиз - Тери - Кол
Микел
Модриќ - Мата - Хазард
Хулк (со што ке има улога како Лавеци, на пример) - Торес

И да, играч како Модриќ фали, фали и тоа МНОГУ!
Поздрав.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Хрватов пред ЛАМПАРД НЕ !!
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.350
На википедија може и да пее за нас ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom