Јас утре сум пак на роденден кај другарка, ќе биде весело, ќе си носам кошула, а под кошулата дрес од Челзи
Денес специјално бев до кафаната да прашам дали има ТВ и дали ќе даваат пренос, и се се поклопи, уште победа во Минхен, и се е топ, ќе се правим ѓон.
Иначе, јас еве малце ќе се поиграм Менаџер, и ќе поставам една моја формација и стил на игра за утре.
Би играл 4-1-2-1-2 формација.
Со Босингва лево, централно Луиз и Кехил, лево Кол.
Во средина пред одбраната би останал на дежурство одличниот Микел, игра одлична дефанзива и ќе биде одлично back-up решение за одбрана.
Пред него да бидат Лампард и Есиен, и двајцата се одлични играчи со големо искуство, кои можат да повлечат контра и со добар и прецизен пас да креираат опасна акција, плус од голема помош би биле на Мата кој би играл веднаш зад Дрогба и Торес.
Торес и Дрогба во тандем сезонава немаат играно, но јас би им укажал доверба и би ги пуштил во финалево, и така одбраната на Баерн без Бадштубер и Алаба ќе биде значително ослабена, па овие двајца ќе бидат многу опасни по голот, посебно со Мата како плејмејкер кој има одлични пасеви.
Значи одлична дијамант формација со која лесно може да се изврши добар пресинг на средина на теренот, нешто слично како што правеше Дортмунд, притоа имајќи доволно играчи кои можат некако да повлечат контра.
Имајќи на ум дека Рамирес неможе да игра крило, Калу и Стариџ сомнителни решенија за крила, ова формација би легла ко кец на десетка за мене, секако доколку има потреба може да влезе еден од овие двајца и пак да се врати во 4-2-3-1.
Ќе видиме со што ќе излезе Роби, но ова беше еден мој поглед за тоа како би требало да изгледаме.
Иначе, се прочуло дека Луиз стигнал во Минхен со Гомез во џебот, и притоа полицијата веднаш интервенирала.
И за крај, ламата која ја прогнозираше победата на Челзи.