Ова денес беше многу слаба партија на Челзи, многу слаба, но пак игравме добра одбрана, дури и бев зачуден како не примивме 5 комада со Босингва по страна, со Есиен во средина, и недоволно воиграниот Ориол. Но ова не значи дека сум задоволен од играта, се разочарав, мислев дека ќе идеме на победа, но тоа е тоа. Пристојно одиграно од вториот тим на Челзи во одбрана.
Сакам да потенцирам за Бертран, секоја чест за момчево, секоја прилика ја користи максимално, и денес изигра ептен добар натпревар, ниту Перси, ниту Волкот не ги видовме по таа лева страна да прават продори или слично, се надевам дека нема сериозна повреда.
Сега ќе се осврнам на Торес, Босингва, Малуда и Стариџ(?). Значи сеуште ми е енигма како вакви фаци ко Босингва и Малуда играат во Челзи, тотална фудбалска импотентност во секој поглед, заради еден гол ќе примивме поради летаргичноста и неумешноста со топка во густи ситуации, а Малуда би требало да направи трансфер во маркетиншки сектор на Челзи за реклами на фризури, гелови и долен веш, оти за фудбал појма нема.
Сега од Стариџ сум потполно разочаран, каква само себичност, каква само дрскост од него, какво е ова бунење оти не играл шпиц, море ќе му ебам детето мало, ако нејќе да игра како крило немора, но вакво себичење за тим на Челзи може многу да ги чини, ако се оправи добро, но ако продолжи вака под итно на трансфер листа, после повредата не е ни 5% од стариот Стариџ.
Торес нема потреба да се коментира, во лето офидерзен во Малага, Атлетико, или кој и да е, што подалеку од Челзи само.