Вчера пак погоден составот од Ди Матео. Одмори битни играчи, Тери, Ешли, Рамирес и Дрогба и Лампард.
4 од 4 за Ди Матео. Стварно секоја чест. Многу бев разочаран кога отиде АВБ, и мислев дека нема ништо да се промени со Роби, но ете успеа да го врати тимскиот дух и да ги натера повторно да играат фудбал. После тоа со Наполи, сигурен бев за вчера дека победуваме.
За 18 минути веќе беше решена. После мислев дека ќе ја држат така до крај, нема да се замараат, ама ете дојдоа и 5те минути на Торес.
Браво и честито за Кејхил, за првиот гол во Челзи. После тоа што се случи со Муамба, рече дека многу му било тешко да се сконцентрира на натпреварот, но добро изигра.
Торес конечно погоди после толку време. И со Наполи колку што играше, се виде дека стварно се труди, а и се трудеше и претходно, освен последниот месец на Боас кога никој не играше. Цела сезона се труди и игра за тимот, има доста асистенции. Ете сега и два пати погоди. Стварно покажа вчера дека има во него уште од оној стариот Торес. Го освои корнерот за првиот гол, асистираше за вториот, ги даде третиот и четвртиот и асистираше за петтиот. Браво. Сега би требало да си врати малце самодоверба, но потребно е и да игра што повеќе, и се надевам дека ќе му тргне конечно со малце среќа.
Стариџ сите го критикуваат дека е многу себичен. Да, често место да подаде, оди соло и шутира на крај. Но уште е млад, и сака да се докаже. Може да се среди тоа. Има огромен талент, класичен напаѓач е, а игра крило цела сезона и сака да покаже дека е способен да дава голови. Убаво кажаа вчера, можеби не дека не сака да подаде, туку не ја прати доволно ситуацијата на теренот и позиционираноста на соиграчите. Како и да е, сепак ни е еден од најдобрите играчи сезонава, и лошо е што сите го напажаат сега. Млад е, сигурен сум дека ќе се среди.
Засега се е супер, има уште доста да се игра сезонава. Ќе видиме како ќе издржат до крај. Челзи има најтежок распоред, на три фронта игра. Пак ќе го ставам распоредот за наредните 6 утакмици.
Играат секој трети ден, и овој период ќе биде одлучувачки. Тука многу ќе зависи од ротацијата на играчите, има голем товар на Ди Матео. Нема шанси некој да издржи да ги изигра сите. Затоа е супер што одмориа многу клучни играчи вчера. Следуваат натпревари со Сити и Тотенхем во 3 дена, и мора да се извлечат поволни резултати. Нерешено и победа би било супер, доколку неможат да се победат и двете. Потоа двомечот со Бенфика и Астон Вила измеѓу. Мислам дека одиме во полуфинале ЛШ. Незгоден противник се Бенфика, но мислам дека уште во Португалија ќе извадиме поволен резултат, и на Стемфорд Бриџ само ќе се потврди победата. Сепак, несмее да се потцени Бенфика.
Во ФА полуфинале со Тотенхем/Болтон на Вембли. Според мене, Челзи - Ливерпул финале, и мислам дека имаме големи шанси за освојување на овој трофеј.
После претходнава недела, јас сум голем оптимист за спас на сезонава. Ќе биде многу тешко, но верувам дека Челзи може да успее.