Фан Клуб: Челзи

Член од
8 декември 2011
Мислења
152
Поени од реакции
9
луиз треба да се седне на клупа неколку натпревари за да му дојде памет,премногу киксови прави
 
F

fantomX

Гостин
Лампард е тој шо е, ама со сета почит, денеска Торес постигна гол за Челзи.

И тоа страшен гол.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.358
Случајно и ние по стапките на Јунајтед и Арсенал да не ќе го враќаме?
Ама овој е многу млад во споредба со Анри и Сколс.
Само Ѕола ! Можда затоа и беше денеска на Стемфорд.Во понеделник ќе објават Ѕола се враќа :D
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016



Кој удар на Торес...штета..баш сакавда даде гол.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.358
Со победничкиот погодок во 13-тата минута против Сандерленд, игрчаот на Челси, Лампард, го запиша своето име во историјата на Премиер Лигата.
За искусниот играч од средината на теренот, тоа беше 100 погодок во различни натпревари во Премиер Лигата во дресот на еден ист тим.
Лампард е трет фудбалер кој успеал во тоа.
Повеќе погодоци од него имаат постигнато само Анри за Арсенал (123) и Ширере за Њукасл (115).
Легендата на Челси, Ѕола, смета дека Торес мора да работи на пронаоѓање на позицијата, како би почнал редовно да дава погодоци.
Ѕола го следел вчерашниот натпревар помеѓу Челси и Сандерленд, и врз тоа, тој прокоментира за Торес.
„Задоволен сум од овој настап на Торес. Играше доста добро.“ - рече Ѕола.
„Понекогаш помислувам дека самиот си ги отежнува работите со тоа што го снемува од опасната зона на противникот.“
„Тој многу пробува да пронајде празен простор на левата или десната страна, но мора да биде повеќе во средината за да постигнува погодоци. Мислам дека тоа е најголемиот проблем кај него.“
„Едноставно, го нема во опасната зона, а во него има голем потенцијал.“ - заврши Ѕола.
Андре Вилаш-Боаш смета дека Торес се приближува до својата стара форма од најдобрите денови.
Торес нема постигнато премиерлигашки погодок уште од септември. На вчерашниот натпревар „го препреми“ погодокот на Лампард, откако неговиот одличен удар заврши во пречката.
„Неговиот настап беше многу добар.“ - рече Боаш.
„Пополека влегува во серија на добри натпревари и пронаоѓа инспирација и мотивација, а целата екипа и навивачите му даваат поддршка.“
„Убаво е да види дека му се зголемува самодовербата. На натпреварот не постигна погодок, но беше многу блиску до тоа.“
Играчот и легендата на Челси, Лампард, е убеден дека неговата екипа ја нема загубено трката за титулата.
Челси се зацврсти на 4-тата позиција на табелата со победата над Сандерленд со 1-0.
Сепак, водечкиот Сити и понатаму им „бега“ на Челси со 8 бодови и натпревар помалку.
„Никогаш не сум престанал да се надевам дека можеме да бидеме први!“ - рече Лампард.
„Има уште многу натпревари до крајот а ние заостануваме неколку бода и сме свесени за тоа. Но, ние мораме да влеземе во секој натпревар со мисла за победа.“
Лампард е задоволен од неговата игра против Сандерленд и од својот постигнат погодок, кој што беше негов 11 за оваа сезона.
„Убаво е тоа што мојот погодок ни донесе пбоеда.“
„Фернандо немаше среќа со својот удар и ја погоди пречката, но секако сме задоволни од победата.“
 
H

HoT IcE

Гостин
Дечки, колку убав поклон добив од Челзи за мојот јубилеен 18 роденден, Кехил и победа, што уште да посакам :)

Од играта не сум многу задоволен, но знаејќи со какви играчи располага Челзи, и што е потребно би рекол дека играта беше задоволителна, посебно секоја чест за Торес.
Торес комплетно ме разувери дека не го бива, ѕверот против Сандерленд сам играше, ги реши сам, играше и шпиц, и плејмејкер, и крило, секаде го имаше, и како што рече фантом, тој го постигна голот, не Лампард.

И со оглед на тоа какви резултати искочија викендов, можам да кажам дека ова беше најдобриот викенд досега после кој знае колку време :icon_lol:

--- надополнето: 16 јануари 2012 во 00:26 ---
Иднината на Челзи! 409157_268837496517198_166850193382596_723922_1196679392_n.jpg
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Зборот на Фантом не му беше дека Торес го постигнал голот (условно кажано)
Туку дека постигна гол во смисол постигна ЦЕЛ (goal на англиски се преведува и како цел во одредени случаеви) Со извонредната игра и дриблинзи, очигледниот напредок, залагање и така натаму.

Ако грешам фантоме, дај ми жолт :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Многу фалеше Есиен на тимов, неговиот камбек е многу добредојден моментално.
За тоа колку корисен и вреден играч е Есиен нема потреба да трошам зборови и да пишувам, многу ми е мило што успеа да се врати.
Со оглед на тоа колку време не играл, и каква повреда имаше, имаше солиден перформанс за тие минути против Сандерленд.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.358
Оф топик:Знае некој кога и каде ќе даваат снимка од ватерполото?Нејќам да одам во темата за ватерполо пошто нејќам да знам колку е резултатот кога ќе гледам.Nema veze facebook-ov spoiler mi napravi :D.

Он топик:Убаво што дојде Кејхил ама подобро ќе беше да останеше Алекс.
Вообичаено трансферите направени во Јануари не се многу успешни ама Челзи тоа го демантира овие сезони со Рамирес.
Се надевам дека ќе се обидеме да земеме и некој попознат играч како Кавани,Хамшик или Хазард,
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.752
Поени од реакции
52.714
Оф топик:Знае некој кога и каде ќе даваат снимка од ватерполото?Нејќам да одам во темата за ватерполо пошто нејќам да знам колку е резултатот кога ќе гледам.

Он топик:Убаво што дојде Кејхил ама подобро ќе беше да останеше Алекс.
Вообичаено трансферите направени во Јануари не се многу успешни ама Челзи тоа го демантира овие сезони со Рамирес.
Се надевам дека ќе се обидеме да земеме и некој попознат играч како Кавани,Хамшик или Хазард,
Рамирес дојде на лето. Прво се мачеа еден месец со Бенфика за да го договорат трансферот, па после уште еден месец за да му извадат работна дозвола. :D


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom