Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.358
Добар е дресов бе (y)
Автоматски споено мислење:

Пишав пред некое време, Интер ни го опнаа 2 пати и сега мислат дека треба да играме како што тие ќе свират.

Моментално, како што изгледа, Челзи си завзема став и тоа ги живцира Интер и интерашите.

Дечки ок е, не одравте, доста е веќе. Смирете се и платете си ако го сакате назад.

Прочитав дека со Јуве разговарале за Лукаку+25 за Влахович и овие од Интер биле FURIOUS. Ок, јас би да се деси ова, па многу ќе се радувам.

Ни на Интер ќе му е по ќеиф, ни на Лукаку, па и на Јуве што земаат бебе кое што ќе плаче по директен ривал.
Ако се деси ова ќе е Win-Win-Win за Челзи, и додај плус дека ќе имаме 9ка во Влахович.

BTW излезе новиот дрес.

До сега имам земано ама преку другари во странство а не сум купувал до директно сам.

Гледам на chelseamegastore дека новиот дрес ќе може да се купи дури од средина на Август.
Некој има земано претходно да ми кажете како и од каде да порачам?
Челзи имал мнооооогу лоши трансфери.

Ама како излезе трансферов со Лукаку од секаков аспект... мислам дека е #1 најлош трансфер и ќе остане долго долго време така.
Ме мрзи да мислам на сите трансфери во историја, ама и надвор од Челзи има шанса да биде најлош трансфер во историја ова...
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.333
За пофалба е дресов.

Ќе треба еден да се земе со Енцо машинчето :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Нема средњак/средњаци, нема голман, нема шпиц.
Важно ги здробивме овие 16-годишници од фавелите и академиите по Англија.

Челниците на Бенфика кажаа дека не го даваат Енцо под 120 милиони. Тоа и се случи. Брајтон вели дека не го даваат Каиседо под 100 милиони, што чекаме? Поздрав, пријатно. Нека пронајдат купец за тие пари, слободно. И нека одмараат со незадоволен играч.

Патем, можеш да преговараш со Каиседо и можеш да преговараш со други играчи и клубови паралелно. Дозволено е, не знам дали се свесни. Некаде прочитав дека ќе се фокусирале на една мета, не како лани на повеќе истовремено. Па лани не беше проблем што беа активни на повеќе фронтови, проблем беше што испаѓаа кловнови на истите. Зошто имаме 123 директори и луѓе назначени за трансфери, за да се ебаваме со Каиседо половина лето?

За неполн месец започнува сезоната, нам ни требаат во најкус можен рок нови засилувања, поради огромната потреба за адаптација, ама некако на ова поле оди пребавно.
 
C

confusion

Гостин
Премногу време се губи со Каиседо, ова воопшто не ми се допаѓа.
Брајтон не дупи.
Лукаку не дупи.
Зиех не дупи.

А ни фалат двајца во средина плус напаѓач. Средина на Јули сме, еве ќе тргнат во Америка на припреми без битни алки во тим. Ако чекаат крај на јули/август, веќе е касно за сезонава што иде и пак ќе се нервираме. Се да им се изнаебам на тие Брајтон, па уште успеале гледам и Колвил да го убедат за кај нив.
А кога сум веќе кај Колвил, копиле едно мало, очекувал гарантирани минути во прв тим, “морал да игра“. Абе колку ги мразам енглезиве, ниедна сезона нема изиграно сениорски фудбал од почеток до крај на високо ниво, он услови ќе кажува. Што се мене тиче, слободно нека го пакуваат и него во замена за Каиседо, вакви лиглиња како него и Маунт не сакам, само ќе руши хемија, ако не летово, следното, ќе играш ако заслужиш, гарантирани минути, во Брајтон.
 
Член од
9 декември 2010
Мислења
592
Поени од реакции
318

Treba Amazon da kupi prava da se snima serija za ovie klovnovi od:
Doveduvanjeto na Gilk koj bil zadolzen za trazenje na nov sponzor plus negoviot otkaz
Angaziranje na CAA agencijata sega od skoro da pomogne vo potragata
Odbivanjeto na 40m funti od Stake poradi reacijata na fanovite
Sekako Klovnov vo prv plan
 
C

confusion

Гостин
Какво гомно од човек е Лукаку, неверјатно. Али од друга страна па мерак ми е за Интер, се смееја, топ им беше кога после полусезона, играчот за кој земаа 100м сакаше да игра само за нив и правеше проблеми во новиот клуб па го враќаа на позајмица. За сега истото да им го прави и на нив, пак шепкајте му на увце како ние секогаш ќе те чекаме и секогаш има место за тебе ако се договориме со Челзи, а од друга страна нас ќе не ебат со глупи понуди од 20м евра. Сисајте сега.
Затоа со вакви канцерогени створења како Лукаку, треба сечење од старт, не сакаш да играш? Ок, скапи у резерви, нема ни да тренираш со првиот тим.
Кај и да оди, боли ме кур, само нека се изгуби од Челзи и да не читам веќе за него.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
476
Поени од реакции
411
Идеално сценарио: Го продаваме Лукаку во Јувентус за помала сума од таа понудена на Интер. Тука интерашите плачат, се издигаат од земја, човекот што збореше дека постои само еден клуб за него отиде во ривалот. Наредно за време на дерби Јуве - Интер навивачите на Интер му фрлаат банани и му прават мајмунски звуци цело време, Лукаку после се жали за расизам, плаче по социјалните мрежи #ПоддршкаЗаЛукаку.

Море каков пациент е овој Лукаку, тешко ѓубре. Циганите од Средорек се господа за Лукаку.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Помалку од четири седмици до почеток на сезона. Утре тргаме САД на турнеја.

Голман, нема. Шпиц, нема. Средњак, нема.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.407
Поени од реакции
85.358
Помалку од четири седмици до почеток на сезона. Утре тргаме САД на турнеја.

Голман, нема. Шпиц, нема. Средњак, нема.
Кепа ќе биде голман, тука не се ни бара опција.

За другово Thoughts and Prayers :D
 
C

confusion

Гостин
Добро е што и Брајтон се во Америка на турнеја така да ако успеат да го договорат, само ќе смени камп.
Воопшто не сум позитивен дека ќе дојде, премногу се одолговлекува трансферов, Брајтон не дупат јако и тоа е. Ливепрул ќе ни го собере и Лавиа и таман за почеток на новата сезона, ќе останеме со курот во раце.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Кепа ќе биде голман, тука не се ни бара опција.

За другово Thoughts and Prayers :D
Нека, еве, така одлучиле. Знаат повеќе од нас. Што правиме со втор голман? Бетинели не е тој, Слонина во моментов исто така.

Највеќе ме јаде нервоза за средниот ред. Во некакво сценарио, можеби и со Џексон/Броја/Нкунку по потреба, за еднаш неделно, можеме да истераме. Но, без двајца средњаци (а и уште една опција крилна), подобро да не ја стартуваме сезонава.

Продажбава им е 10/10. Ги имаме Нкунку, Колвил, Густо и Џексон, што е коректно. Каиседо или еден дефанзивно ориентиран средњак пред патувањево моравме да доведеме. Останатото во од. Со што ќе располага Покетино на турнејава? Пивот Енцо-Галагер?
Автоматски споено мислење:

Добро е што и Брајтон се во Америка на турнеја така да ако успеат да го договорат, само ќе смени камп.
Воопшто не сум позитивен дека ќе дојде, премногу се одолговлекува трансферов, Брајтон не дупат јако и тоа е. Ливепрул ќе ни го собере и Лавиа и таман за почеток на новата сезона, ќе останеме со курот во раце.

Брајтон од самиот старт си стои на првичниот став. Ние бидуваме измагарчени. Никако не вроди со плод овој начин. Плативме за Кукуреља колку што бараа, за Енцо, скоро и за Фофана. Обиди се, недела, две, три еве и продолжи понатаму ако не ја бива. Ќе паничат после со Закарија тип на трансфери и ќе биде дрва и камења по Покетино.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
476
Поени од реакции
411
Минимум двајца играчи треба од средниот ред. Не бива со Енцо и евентуално Каиседо цела сезона, ако се повреди некој кој ќе игра? Галагер? Џејмс може да покрие на ДМ ама штета е да не се игра на десен бек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom