Натпревар за добар, 3 и први 3 поени за ТТ. Добро е што е проактивен и од натпревар во натпревар, и во рамки на самиот натпревар. Лампард пола сезона рушеше ѕид со глава со 4-3-3 со 2 крилни играчи, а во секој момент имаше по двајца повредени од Пулишич, Одои и Зијеш.
Менди - клин шит +1, не е Петр Чех ама за Кепа е Мануел Ноер.
Азпиликуета - очигледно му годи одморот што не играше многу досега оваа сезона, бил и сѐ уште останува најборбен играч на тимот после Канте (предизвик за Маунт и Џејмс).
Тиаго Силва - и натаму Г-дин Одбрана, субспецијалист примариус доктор за дефанзива за сите дефанзивци во тимот освен за Азпли (за него само доктор).
Рудигер - стабилен натпревар што за него е напредок.
Алонсо - веројатно играше само поради подпросечно лошото издание на Чилвел против Волвс, го споменав и претходно како единствен играч кој имаше причина и кредит за поплака од третманот на Лампард, страшно напаѓачко чувство и одлична левица.
Како и секогаш досега во кариерата, многу неконстантен ама кога му гори под газот е одличен, се надевам дека ќе продолжи така до крајот на сезоната за да му се најде клуб за трансфер. Ако не, нека седи за резерва ако сака, од Емерсон е подобар во секој поглед.
Жоржињо и Ковачич - крајно фрустрирачки сејф пас играчи со повремени моментални блесоци. Се надевам дека барем едниот ќе замине в лето за соодветна замена. Денеска добри, ама секоја топ 10 средина во ПЛ ќе го изедеше тоа нивното добро од денеска.
Калум Хадсон-Одои - најдобриот играч моментално во овој состав, единствено вистинско крило во овој тим. Има уште недоусовршености како центаршутот или многу мислење на моменти, ама тоа се вежба. Само да нема повреди.
Маунт - ненормално високо темпо на работливост и движење како и досега, и натаму очаен шут стандард како од Лига 1 накај Лига 2. Се надевам ќе развие мозок и дисциплина за игра нешто поназад да замени некој од Жоржињо и Ковачич кога веќе не е за шутирање.
Абрахам - очајно, добро е само што покажува некаква желба. Нашиот Дани Велбек.
Вернер - лошо прво и нешто подобро просечно второ полувреме. Пола сезона помина, мора веќе да се навикнува на физичките дуели во ПЛ, многу лесно е оттунуван. Сепак и натаму мислам дека вложува максимално напор во настапите, ќе стигнат и головите.
---
Пулишич - подобро од претходните настапи, се надевам дека ја враќа формата и ќе остане здрав барем месец два.
Џејмс - тенк, само да не го форсираат за да се опорави целосно. Долгорочно треба да работи на концентрацијата и позиционирање во одбрана, знае да се заборави каде е и зошто е.
Хаверц - без коментар.
Dyche to Brady after that last Hudson-Odoi overlap: “Robbie!!! Tune in!!!l” Brady: “I know where he f**king is, I just can’t stop him. What do you want me to do?”
#CFC
https://twitter.com/liam_twomey/status/1355870006530240512?s=20