Фан Клуб: Челзи

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Чекајте малце, како ова Челзи игра отворено дома против Барнли????

Па јас ги гледав Барнли против Астон Вила и Ливерпул. И двете екипи им се отоврија на Барнли....и изгубија!

Зошто тука не играме дефанзивно? Зошто пробуваме да дадеме гол???????

НЕЛИ ГЛЕДА ТУХЕЛ ШТО ИМ СЕ СЛУЧИЛО НА ДРУГИ ЕКИПИ ШТО СЕ ОТВОРИЛЕ НА БАРНЛИ?!?!
ШТО Е ОВА ГРАДЕЊЕ НА ПОБЕДНИЧКИ МЕНТАЛИТЕТ И ОФАНЗИВЕН ФУДБАЛ?!?!?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Администрацијата да размисли за самобанирање, да се банирам самиот за да не те читам резултати.ком ликови.

Кое лево бе, кое лево игра Вернер? Денес игра она што го играше со Лајпциг. Не игра лево крило и не се брка со Мет Лотон. И да беше Маунт трезен во три наврати ќе имаше три асистенции. На тема Маунт, ах да ја поправи завршницата само. Ќе биде комплетен пакет.

Алонсо е еден од подобрите полувремево, директно изваден од автобус.

Ми се допаѓа тоа што на туѓа половина се пуштаат веднаш да ја вратат топката и поседот. Тоа е некој нов елемент што може од овие три полувремиња да се нотира.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Како единствен човек изгледа на форумов што е фан на Алонсо...

јеј
Автоматски споено мислење:

Од сите тренери до сега, можеби Тухел баш ќе испадне човекот што ќе направи добар играч од Одои..кој знае, ќе видиме, секако и он се уште експериментира
 
Последно уредено:

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Солидно. Од двава натпревари дефинитивно најголема позитива е Одои, кој секако и претходно даваше знаци дека се враќа. Сега веќе може да се каже дека е пак оној стариот од пред повредата.

Против Тотенхем ќе видиме дали има вистински напредок.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ова можеше и многу поубедливо. Второво полувреме ногата на гас, бајги солидно.

Силва, Хадсон и Маунт газеа. Лампард го научи малку Одои на тактичка дисциплина и играње во два правци, сега Тухел ќе го доотклучи, па да се надеваме дека ќе го добиеме од него она што сите го очекуваме. Многу зрело и добро игра во последниве месец дена, особено на последниве два меча.

Штета за Вернер и за тоа што ќе мора да трпи разни Омари од промискуитетни фудбалски страни и медиуми. Добро се движеше и со тоа им оставаше простор на Маунт, Пулишиќ и Алонсо да ординираат послободно во шеснаесетникот на Поуп.

Голот од Алонсо, врв. Каде што треба, мора да се пофали.
Гледаш ли Чоло каков играч пропушташ?
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Следно коло играме на гости со Тотенхем.

Поучен од моајта грешка минатиот пат кога реков дека Лампард лошо се постави во првиот меч со Тотенхем и дека тоа ќе го чини скапо... Сега сепак си ја сфатив грешката и видов дека тогаш сум бил грешка.

Затоа, за со Тотенхем НА ГОСТИ дефинитивно сметам дека треба да се игра претпазливо, и би играл со овој тим, да пробаме нешто да извадиме, пошто сепак....ВИДОВМЕ ШТО ИМ СЕ ДЕСИ НА ЕКИПИ ШТО СЕ ОТВОРИЈА ПРОТИВ ТОТЕНХЕМ

Менди
Азпи-Кристенсен-Рудигер-Силва-Зума-Чилвел
Џејмс-Канте-Чилвел-Алонсо
 
H

HoT _iCe

Гостин
Лампард fanbois In shambles. :D

Имало разлика, а? Како беше онј слоган од ВМРО?
Е има.
Резултат не кажуе ама овој беше една од најдоминантни утакмице што сам гледаја, знам дека е Барнли ама Барнли уназад сас године ни се покажуе како незгодан противник против кој само се добацуемо, овој днска беше апсолутан секс.
Изгледа овј Тухел стварно разбираја фудбал, schocker.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Натпревар за добар, 3 и први 3 поени за ТТ. Добро е што е проактивен и од натпревар во натпревар, и во рамки на самиот натпревар. Лампард пола сезона рушеше ѕид со глава со 4-3-3 со 2 крилни играчи, а во секој момент имаше по двајца повредени од Пулишич, Одои и Зијеш.

Менди - клин шит +1, не е Петр Чех ама за Кепа е Мануел Ноер.

Азпиликуета - очигледно му годи одморот што не играше многу досега оваа сезона, бил и сѐ уште останува најборбен играч на тимот после Канте (предизвик за Маунт и Џејмс).

Тиаго Силва - и натаму Г-дин Одбрана, субспецијалист примариус доктор за дефанзива за сите дефанзивци во тимот освен за Азпли (за него само доктор).

Рудигер - стабилен натпревар што за него е напредок.

Алонсо - веројатно играше само поради подпросечно лошото издание на Чилвел против Волвс, го споменав и претходно како единствен играч кој имаше причина и кредит за поплака од третманот на Лампард, страшно напаѓачко чувство и одлична левица.
Како и секогаш досега во кариерата, многу неконстантен ама кога му гори под газот е одличен, се надевам дека ќе продолжи така до крајот на сезоната за да му се најде клуб за трансфер. Ако не, нека седи за резерва ако сака, од Емерсон е подобар во секој поглед.

Жоржињо и Ковачич - крајно фрустрирачки сејф пас играчи со повремени моментални блесоци. Се надевам дека барем едниот ќе замине в лето за соодветна замена. Денеска добри, ама секоја топ 10 средина во ПЛ ќе го изедеше тоа нивното добро од денеска.

Калум Хадсон-Одои - најдобриот играч моментално во овој состав, единствено вистинско крило во овој тим. Има уште недоусовршености како центаршутот или многу мислење на моменти, ама тоа се вежба. Само да нема повреди.

Маунт - ненормално високо темпо на работливост и движење како и досега, и натаму очаен шут стандард како од Лига 1 накај Лига 2. Се надевам ќе развие мозок и дисциплина за игра нешто поназад да замени некој од Жоржињо и Ковачич кога веќе не е за шутирање.

Абрахам - очајно, добро е само што покажува некаква желба. Нашиот Дани Велбек.

Вернер - лошо прво и нешто подобро просечно второ полувреме. Пола сезона помина, мора веќе да се навикнува на физичките дуели во ПЛ, многу лесно е оттунуван. Сепак и натаму мислам дека вложува максимално напор во настапите, ќе стигнат и головите.

---

Пулишич - подобро од претходните настапи, се надевам дека ја враќа формата и ќе остане здрав барем месец два.

Џејмс - тенк, само да не го форсираат за да се опорави целосно. Долгорочно треба да работи на концентрацијата и позиционирање во одбрана, знае да се заборави каде е и зошто е.

Хаверц - без коментар.

Dyche to Brady after that last Hudson-Odoi overlap: “Robbie!!! Tune in!!!l” Brady: “I know where he f**king is, I just can’t stop him. What do you want me to do?” #CFC
https://twitter.com/liam_twomey/status/1355870006530240512?s=20
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.080
Поени од реакции
2.026
Дека играме подобро играме, не спорам ништо. Ама тоа е таа шок терапија што ја има Челзи со смена на менаџер каде што одредени играчи преку ноќ играат подобро и се во форма.
Таков моментално е Ковачич, каде што после 2 тренинга со Тухел он почна да игра, како демек со Лампард копал нива не не тренирал фудбал.
Вакви ситуации сме имале еден куп поготово со Хидинг. Така да мене не ми е ништо ново, се радувам нормално на секоја победа или шанса ама не сум претерано загрејан, како што ете бев со Ди Матео например или Мурињо.

Точно дека не му беше примарна позиција на Вернер лево крило, ама ниту централен напаѓач. Туку полушпиц со целосна слобода на терен.
Многу пати беше на лева страна да комбинира со Алонзо или десно беше и во средина. Фри рол што би рекле англичаните.
Ама не беше таргет мен во никој сличај или цетрален напаѓач таа улога ја имаше Тами.
За тоа што играл во Лајпцик и која формација незнам, сум го гледал можеби 2-3 пати во живо Лајпцик останато ми е од Јутуб клипови каде што точно се слажам беше во оваа улога денес, меѓутоа Лампард не игра таква формација и сега според тебе РТДМ требаше Лампард
да менува формација и да му бара права улога и поставеност каква што ќе му одговара на Вернер?
Значи Челзи да се прилагоди на него а не он на Челзи. Добро.

Алонзо може и да даде 10 гола за Челзи и колку сака нека го бацува аблемот, самиот потег после натпревар од терен во автобус си кажува се притоа на тој натпревар Челзи прими гол поради негова неспособност. Толку имам да кажам на таа тема.

Уште нешто игравме со Вулверхемптон и Барнли екипи кои се во длабока криза и пад во форма притоа ги издоминиравме не викам дека не.
Но дали овие екипи беа на рамниште со Вба, Шефилд и Кристал Палас од таа лажна низа на 14 натпревари без пораз од почеток на сезона?
Дупли стандарди можеби?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Барнли го победи Ливерпул на ,,Енфилд" пред една седмица и му направи пресврт на Вила пред три дена. Побогу, угаси се дај. Дупли стандарди. :pos:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Chelsea under Thomas Tuchel:
Shots attempted: 33
Shots faced: 5


А исто и тоа што последната утакмица беше со најмногу пасови од екипа сезонава

Одма се гледа разлика од сериозен тренер и човек со Чемпионшип зад себе

Тоа е, пак, од почеток ќе градиме успеси сепак и ќе се надеваме дека во ЛШ ќе ни тргне нешто..или ФА евентуално
Автоматски споено мислење:

Дека играме подобро играме, не спорам ништо. Ама тоа е таа шок терапија што ја има Челзи со смена на менаџер каде што одредени играчи преку ноќ играат подобро и се во форма.
Таков моментално е Ковачич, каде што после 2 тренинга со Тухел он почна да игра, како демек со Лампард копал нива не не тренирал фудбал.
Вакви ситуации сме имале еден куп поготово со Хидинг. Така да мене не ми е ништо ново, се радувам нормално на секоја победа или шанса ама не сум претерано загрејан, како што ете бев со Ди Матео например или Мурињо.
Добро, тоа фала богу, не верувам некој стварно да помислува било што одма.

Ќе видиме таму накај крај на Март-Април како ќе играме, тогаш се очекува падот, до тогаш ќе не држи некој си honeymoon период и ќе пробаат играчите да го импресионираат тренерот (значи, логика, ако менуваме тренери на секои 3 месеци...нема никогаш да изгубиме!!!! :D )
 

Kajgana Shop

На врв Bottom