Ако се прашувавте зошто е доведен Тимо Вернер. Нека му се множат и да му расте курето.
Веројатно најдобриот поединец на тимов од стартот на сезоната, заслужи гол уште во прво коло со Брајтон. Игра и крило, се враќа назад да покрие, клиза покрај аут линија. Што може човек повеќе да посака.
Жиру во овој тим и со овој противник е вишок. Плус, некако дезориентирано делува, игра напамет. Ковачиќ исто така фрустрира. Игра како да нема никој на терен освен него. Не внимава на грб, доцни со дефанзивни реакции, не ја префрла топката навремено.
Плус доби и жолт, Лампард треба да го смени.
За Менди во друга прилика. Само...голман со повеќе од 200 сантиметри, на удар од непосредна близина по земја, се спушта и брани со нога.
Се топам.