Дечки..
Тажна вест
Најдобриот играч што било кога Донев го поддржувал чисто за да ми оди контра и да биде забавно на форумов се пензионираше
Одлично одигра против Фулам еднаш.
Играч што дојде заедно со милион АМ играчи чисто колку да се рече дека имаме играчи.
И од сите играчи што дојдоа тогаш... повеќе од пола си отидоа и дојдовме до тоа да молиме за играчи на тие позиции.
А делува ко ок човек, штета што до тука дојде работата за него.
Кога сме на тема Германци што делуваат како добри луѓе иако за жал нивните кариери се малце очајни без разлика што дојдоа заедно со 50 други АМ/крилни играчи во Челзи и Донев ги хајпаше како некст биг тинг за да ми оди контра мора да се спомене и тој.
Човекот роден во Босанска Градишка. Човекот што имаше и моја, а не само Донева поддршка. Човекот што ќе остане на темава како меме. Зошто тој а не Папи Џилобоџи или Марко Амелија? Ваљда до очекувањата, ваљда пошто влегува во очи, ваљда пошто е магистриран од "Венко Филипче школата за луѓе со две имиња"
Секако, говорам за Марко Марин.
Иако е 2 години постар од Шурле (бреј, како старееме бе, како вчера да беше кога Шурле и Марин беа млади надежни играчи со голем потенцијал), сепак тој се уште игра фудбал.
Марко Марин исто како и Македонија, се крсти во Али.
Во моментов игра во Ал-А(х)ли во Саудијска Арабија.
Пред тоа играше во Црвена Звезда, Олимпијакос, Трабзонспор, Андерлех, Фиорентина и Севиља. Последниве четири екипи што ги споменав беа на позајмица додека тој се уште беше член на Челзи.
Верувале или не, Марко Марин има дадено еден гол во Премиер Лигата во шест настапи!
А исто така интересно е да се напомене, откако го пративме на позајмица во Севиља, Фиорентина и Андерлехт тој има постигнато 0 (нула) (zero) голови!!! Во Трабзонспор дал 2!
Ама доста за презимењакот на градоначалникот на општина Аеродром.
Да се вратиме на Андре Хорст Ширле.
Иако вака делува како еден од многуте играчи што грееле клупа за Челзи, сепак Шурле е едно 10 пати подобар од Марин од аспект на бројот на настапи за Челзи.
Во само две поминати сезони за Челзи, тој има 44 настапи во ПЛ и 11 погодоци во лигата.
Исто така има постигнато и два гола во Лига Купот како и еден погодок во континенталните натпреварувања.
Значи, вкупно во 62 настапи има дадено 14 погодоци.
За споредба:
Фалкао: 12 настапи - 1 гол
Хигуаин (исто така еден од милениците на Донев): 19 настапи - 5 гола
Пато: 2 настапи - 1 гол
Шурле во две сезони има дадено повеќе голови од сите овие пропаднати експерименти.
Дали ова говори дека Ширле еден од најпотценетите играчи што било кога играл за Челзи, а генијалците што лапаат надреални суми за да работат за Челзи заедно со Донев се уствари ептен добри пронаоѓачи на талент, и пензионирањето на Андре е голем удар за фудбалот?
Секако дека не. Ова говори колку ретардирана управа го води клубот и оттаму сите негативни резултати во последниве 10 години не треба да изненадуваат.
Како и да е, со среќа нека му е пензијата. Се надевам ќе пронајде среќа и дека овие темни мигови во неговиот живот ќе бидат набрзина заборавени, бидејќи сепак никој не заслужува да се чувствува така.
Сигурен сум дека можеше уште 6+ години да помине играјќи фудбал во Кина/САД и притоа да има солидни резултати и на теренот, а и во неговата банка.
Со среќа мајсторе, и чувај го победничкиот медал од 2014/15 сезоната!