Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
1.923
Скот Паркер, Сидвел, Синклер, Ди Санто.

Јас го паметам Кварезма, доби еден и единствен настап против Тотенхем и Челзи мислам дека на тој натпревар доби и црвен.
Огромен талент ама изгледа не му тргна со клубовите.

Ми текна и на Ширле, играч кој немаше некоја пробивност за крило ама знаеше да се снајде во шеснасетник да даде гол асистенција.
Сосема спротивен од Вилиан сега.
Ме потсеќа по малку Пулишиќ на него, како се снаоѓаат во шеснасетник.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Шурле до болеста беше многу добар играч.

Иначе, имам уште еден ас во ракавот. Тадааам:

gettyimages-661651336-612x612.jpg
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.474
Искина на едно Еуро, не ми текнува дали беше 2008 или 2012-та. Ептен шпицаста фаца, за да го заборавиш.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.550
Поени од реакции
62.474
Едит, на Светско било, 2006-та.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Едит, на Светско било, 2006-та.
Да бе, плус беше дел од легендарниот покољ меч помеѓу Холандија и Португалија во Нирнберг.

Јас некако бев истрипуван дека Сколари го довлечка Маниче во Челзи, а тој да ти бил порано кај нас, баш сабајлево се потсетив.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351


Поголемиот дел од видеото е за Челзи и иако не е ништо непознато, убаво е да го слушнеш Лампард за неговите желби и мотивацијата за работата, за тоа дека и он како фан знае што очекуваме ние како фанови и дека нема намера да си дозволи да заврши само добра работа, туку мора да се стигне разликата и да се искачи на врвот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Изгледа Мертенс за беспари доаѓа на лето.
Гледам и дека Лампард го заследил на Инстаграм (непобитен доказ, нели).

Немам апсолутно ништо против, дури малку ми е криво што не помислиле на него неколку години претходно.
Прифаќам шпиц трио: Абрахам, Мертенс, Жиру, но само доколку купат уште едно многу квалитетно крило. Тогаш би го сортирале нападот.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

На денешен ден пред три години. Имам чувство дека човеков добива премалку кредит за она што го направи во Челзи во тие две сезони.
Премиер Лига на импресивен начин, следната сезона ФА Куп со Јунајтед во финале.
На моменти игравме убедливо најдобар фудбал во светот.

Вчера баш имаше интервју за Скај, упати пофални зборови за поранешните играчи (Канте, Тери), навивачите на Челзи и Лампард.

Кога ќе размислам подобро, не ми текнува во моментов на ниту еден поранешен тренер кон кого клубов се нема ,,огрешено".
Од Мурињо првиот пат, до Сари лани.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.324
This tweet is unavailable вика
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.324
^ок нвм, ете го дава сега

Иначе..еве од времето кога визионерот Ивановиќ се бореше во првите редови против Корона!

1589360668926.png
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Вчера напишав пост и сега сфаќам дека не сум го испратил...



На денешен ден пред три години. Имам чувство дека човеков добива премалку кредит за она што го направи во Челзи во тие две сезони.
Премиер Лига на импресивен начин, следната сезона ФА Куп со Јунајтед во финале.
На моменти игравме убедливо најдобар фудбал во светот.

Вчера баш имаше интервју за Скај, упати пофални зборови за поранешните играчи (Канте, Тери), навивачите на Челзи и Лампард.

Кога ќе размислам подобро, не ми текнува во моментов на ниту еден поранешен тренер кон кого клубов се нема ,,огрешено".
Од Мурињо првиот пат, до Сари лани.
За мене сам си е крив.
Не дека не му се дава кредит, мислам дека сите сме благодарни за таа прва сезона. Јас после само неколку месеци го засакав повеќе од Мурињо (нешто што мислев дека е невозможно). После првата сезона мислев дека конечно најдоа тренер за подолг период. Ама после самиот он почна да оди јавно против клубот, да се однесува без никаков респект и на крајот си го заслужи отказот.
Клубот е над сите, и доколку јавно покажеш дисреспект (дури и да си во право) кон било кого, со што му наштетуваш на клубот и се ставаш на прво место, завршена е приказната.
Мојот вистински хејт кон Вилиан почна со сликата од прославата. Иако и јас во тој момент го хејтав Конте и само чекав да го избркаат, неприфатливо е.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.324
Само во фан клуб Челзи може да биде хејтан човек што барал подобри услови за работа :D
Типичен македонски синдром е ова.

"Што? Го отпуштиле пошто барал да не работи у недела и да не му касни платата три месеци? Ако бе, сам си е крив, наемсто да ќути таму.."

така и ова, барал најосновни услови за работа во мулти милионска екипа и барал комуникација со шефовите....не му дале....ама сам си е крив :/

Ама ајде, да беше само он ќе сфатев, ама редовно се дешава со сите нови тренери така да....
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.559
Поени од реакции
52.351
Само во фан клуб Челзи може да биде хејтан човек што барал подобри услови за работа :D
Типичен македонски синдром е ова.

"Што? Го отпуштиле пошто барал да не работи у недела и да не му касни платата три месеци? Ако бе, сам си е крив, наемсто да ќути таму.."

така и ова, барал најосновни услови за работа во мулти милионска екипа и барал комуникација со шефовите....не му дале....ама сам си е крив :/

Ама ајде, да беше само он ќе сфатев, ама редовно се дешава со сите нови тренери така да....
Има право да бара. Има и начин на кој треба да го правиш тоа. Неговиот начин не беше во ред.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И двајцата сте во право. Некои работи не се за во јавност. Доведуваш во прашање реноме, авторитети, играчи.
Но од друга страна, можеби немало слух од раководството за неговите идеи (што често било случај во минатото) и затоа се одлучил на тој начин да допре до нив.

Сепак, Челзи освојува со Конте титула во ПЛ кога апсолутно ниеден човек на светот не го очекува тоа од нив. Предвидувањата беа од 4-6 место, после добрата серија влеговме во лоша, човекот од корен ја смени формацијата и тактиката и тоа ни донесе огромен успех.
После тоа, наместо да го поддржиш актуелниот шампион од тренер, да му купиш играчи за да биде конкурентен и силен на четири фронта, ти си велиш ,,ај не мора, штом освои со овие, ќе изгура и следнава".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom