Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
И двајцата сте во право. Некои работи не се за во јавност. Доведуваш во прашање реноме, авторитети, играчи.
Но од друга страна, можеби немало слух од раководството за неговите идеи (што често било случај во минатото) и затоа се одлучил на тој начин да допре до нив.

Сепак, Челзи освојува со Конте титула во ПЛ кога апсолутно ниеден човек на светот не го очекува тоа од нив. Предвидувањата беа од 4-6 место, после добрата серија влеговме во лоша, човекот од корен ја смени формацијата и тактиката и тоа ни донесе огромен успех.
После тоа, наместо да го поддржиш актуелниот шампион од тренер, да му купиш играчи за да биде конкурентен и силен на четири фронта, ти си велиш ,,ај не мора, штом освои со овие, ќе изгура и следнава".
Јас и не се согласувам баш дека скроз не бил поддржан. Сепак некои желби му беа исполнети, а лудост е некој да очекува се да е по негово, дури и Лампард не може, и сигурно е свесен за тоа. Не викам дека беше доволно поддржан во никој случај. Веќе реков дека имаше право да се жали, но постои правилен начин за да го направиш тоа.
Секако можеме без крај да вртиме на темава. Ќе го кажам ова, а го слушнав на некој подкаст пред некоја недела. Побарал да се продаде Коста и од клубот иако не им се свиѓала баш идејата, прифатиле. По некое време сметајќи дека не може да им верува на зборот ја праќа фамозната порака со која знае точно каква реакција ќе добие и во колку тесна и лоша сотуација ќе го стави клубот. Да бев јас во управата веројатно уште тогаш би го избркал.

Како и да е, никој никогаш нема да му ја одземе таа прва сезона. Мене, а верувам и на многумина ни е можеби и ПЛ титулата на која најмногу се радувавме затоа што не се очекуваше. За сите други уште пред сезона сме знаеле дека во најмала рака ќе бидеме во трката до крај. И он беше најзаслужен за тоа, а ја доби љубовта на фановите уште по првиот натпревар со прославата на победничкиот гол. Се добива впечаток дека не го добива заслужениот кредит само заради срањата што ги правеше во втората. Уште се напињам кога ќе ми текне дека пред да ја почне јавната војна, Челзи беше на втора позиција, со добар скор. За после да почне да плаче во секоја прилика што ја доби, да форсира состави и тактики со кои пробуваше да докаже поента, да го игра за мене уште еден од најсрамните натпревари против Сити каде што во ниеден момент не проба да направи нешто, туку целата тактика беше само да не прими повеќе од еден гол, и на крај да заврши петти.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260

Океј сега, ѓаволот ја однесе шегата. Дефинитивно сум против рестартирање на сезоната во ПЛ.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348

Океј сега, ѓаволот ја однесе шегата. Дефинитивно сум против рестартирање на сезоната во ПЛ.
Скај Спортс ваљда се повикуваат на статијата од клубот, каде што збори за кратките продолжувања за до крај на сезоната кои ги одобрија.



За Жиру во секој случај ваљда точни беа вестите дека клубот ќе или веќе ја искористил опцијата за една година плус, само што не е официјално.
А дури и за Вилиан, мислам дека Лампард од секогаш имаше желба да му се даде нов договор. Проблемот е што не може да постигнат договор со клубот. Без желба од Лампард ваљда не би му понудиле две години. Така да не мора ова ништо да значи.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Каква надреална сезона беше тоа бе.

АВБ требаше да не донесе таму каде што сме сега со Лампард ама..

Дури ете, не бевме во топ 5 таа сезона и Тотенхем пред нас беа :ROFLMAO:

Па Наполи камбекот со Ивановиќ во екстра тајм... :vozbud: :vozbud:

Ама стварно јака текма беше таа со Наполи, иако ептен добри беа они тие години

Па 1/4 финалето со Бенфика кога Џонтра на форумов форсираше дека ќе не скршат.
Па после тоа форсираше дека уште сто пати да се играат утакмиците 99 пати ќе не скршат.
Па таа сезона и во ЛЕ се сретнавме со Бенфика.
Нормално, ги тепавме.

Тоа со Барса е посебна прича, нема да замарам ептен, може цела книга за тоа.

И финалето :love::love::love:


Инаку ете, за таа сезона не памтиме дека Генк, кој таа сезона освои само три поени во групната фаза ни помогна ептен. Одигра 1-1 со Баер Леверкузен во последното коло и со тоа си обезбедивме прво место.

НО!!
Исто така е ептен битно за споменување дека ситуацијата пред последното коло беше ваква:
Леверкузен - 9 поени
Валенсија и Челзи - 8 поени

Па ако изгубевме од Валенсија или одигравме 2-2 тогаш ќе отпадневме од ЛШ :D

Исто така за споменување е дека пред утакмицата со Валенсија бевме во очајна форма:

1-1 со Генк
победа против Блекбурн 0-1
пораз против Леверкузен 2-1 со примен гол во 91ва минута
пораз против Ливерпул 1-2

Па тамам некако имавме среќа што пред мечот со Валенсија можевме да вратиме самодоверба со победи против Вулверхемптон (таа сезона заврши последен) и Њукасл



И додека сум кај статистика

Еве кои ни биле најдобри стрелци таа сезона:

Лампард со 16 гола е најдобар стрелец

Пробајте да погодите кој е второ место?

Токму така....младиот Стариџ со 13 гола

...ок ист број на голови има и:

Дрогба - 13 гола

Таа сезона двоцифрен број на голови имале и Рамирес (12), Мата (12) и Торес (11)

Најдобар напаѓач зад сите овие е ..

Тери, со 7 голови
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Чекајте, запрете ги сите активности. Полека.

Н'голо Канте...со коса.

20200519_194504.jpg

2020, каква година.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Willy Caballero’s contract has been extended for a further year, taking his deal up to the end of the 2020/21 season.


 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348


This is even more understandable when you consider one of Kante's brothers died of a heart attack in 2018 and his father died when he was only 11. Kante himself also suffered a health scare a couple of years ago.


Би мислел дека би му било премногу срам да каже дека не му е ок.
(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom