Фан Клуб: Челзи

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.552
Поени од реакции
2.130
Азар прв стрелец, Жиру прв асистент. Нели обратно требеше да биде

Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 

closertb

Пластичен
Член од
23 октомври 2011
Мислења
893
Поени од реакции
1.049
Maurizio, Maurizio, Mauriziooo

Sent from my ONEPLUS A6000 using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.343
Добар натпревар. Уште се гледа дека не се целосно навикнати на системот. Сари цело време збори дека мора многу побрзо да размислуваат и подиректно да играат. Се приметува тоа затоа што многу често и покрај поседот, многу споро се движат со топката и на противникот му е доста полесно да брани, па не успеваат да креираат многу вистински шанси за гол. Ама во периодите кога играат побрзо, стварно играат ептен убав фудбал.
Кога ќе се среди ова, единствен проблем ќе ни остане тоа дека фалат голови во тимот, фалат играчи кои ќе гарантираат голови. Ама може тоа да се среди со некои од моменталните играчи и бар едно офанзивно засилување во јануари.

Што би издвоил од натпреваров...

За Хазард нема што многу да се збори. Знаевме ние дека има доволно квалитет за да го прави ова, ама сега конечно тоа го гледа и цел свет.
Eden Hazard is the first player to have had a direct hand in ten goals in Europe's top five leagues this season (7 goals, 3 assists), doing so every 58 minutes on average.

За Кепа пишав пред некој ден дека со секој натпревар се повеќе ми се свиѓа. Еве и денес неколку одлични одбрани. Супер се вклопи во тимот и е баш погоден за овој стил. А уште е ептен млад и само ќе продолжи да се подобрува. Ич не треба да се жалат парите, мило ми е што се решија на тој потег.

Мората два гола во два натпревари кои се надевам дека ептен ќе му помогнат, иако во најлошо време доаѓа сега паузата за репрезентации. Уште верувам во неговиот квалитет, движењата без топка му се супер, ете денес два пати се најде во ситуации еден на еден со голманот. Ама очигледно најбитно кај него е самодовербата која изминатиов период му беше во минус. Ако го среди тоа сега, плус со малце повеќе среќа пред гол, би можеле пак да го видиме Мората кој импресионираше на почетокот на минатата сезона.

Баркли. После тешка повреда и потешкотии доста долг период, конечно се враќа и ептен ми е мило. Летово со личен тренер работел и се спремал уште пред да почне сезоната. Кога знаеле играчите дека дефинитивно ќе доаѓа Сари, почнал да гледа натпревари од Наполи за да знае што бара Сари и како полесно да се прилагоди на неговиот систем. Супер си игра од старт сезонава, ама денес конечно и на хартија му се исплати тоа со гол и асистенција. Секако, не смее да се заборави дека веќе е прогласен од еден член овде ( @dragonsky ) за најлошиот трансфер во историјата на Челзи. 15 милиони.

Тоа е тоа, остануваме непоразени во сите натпреварувања. Продолжува одличниот старт на Сари, После паузата доаѓа Јунајтед на СБ. Мора да се искористи хаосот во кој е тој клуб, не смеат да заебат против нив.


Еве
Sarri on the third goal: "Something like this. We moved the ball very quick. I think one touch, sometimes two. We arrived at the goal so easy. It’s my football. Sure (favourite goal) because I can see my way of football." 31 passes leading to the goal.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
Многу значи Хазард во тимот.
По мене Хазард се има подобрено само статистички. Поради системот на Сари влегува во повеќе гол шанси.
А дриблинзите , продорите и движењата му се константни само што сега се видливи поради статистиката.

Многу промени Сари за краток период, искрено не верував дека е можно ова. Секоја утакмица правиме по 600 пасови а генерално сме со исти играчи од лани. Фали уште напаѓач кој ќе гарантира 20+ голови, бидеќи тоа е тоа што е потребно за тим од Англиска лига да е во борба за трофеј и да го освои.
Рудигер искина и денес секоја чест, каков пајсер беше кога стигна да не го фалам многу да го снајде ситуација Кристенсен, али вака
дефинитивно е меѓу подобрите во премиер лига. Е сега колку ќе трае ќе видиме.

Штета што ќе има пауза, вака ќе можевме да ја искористиме кризата во Јунајтед.
Ма да мислам дека нема шанси моментално да се носи играта на Јунајтед со Челзи но да не ги потценуваме.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Ко би реко дека ќе дочекам Челзи да игра перверзно добро како днска. Еј, едно су титуле што сам ги славија, друго е кд смо гу избацувале Барселону кд е била алфа и омега и ултра тешка екипа за дербиња ама овој Челзи што га игра под Сарита е нешто ново, сензација, буди ми интерес за фудбал и вољу да прату утакмице како да сам мало дете кд дремеше пред ТВ и читаше све од новине до редит у врску сас Челзи.
И немојте да ми споредуете сас Барсу и глупости, овој што сака Сари да га направи и какву игру сака е нешто што се дешава само на џојстик или тастатуру у виртуелан свет, знаемо дека Барса сакаше да кружи и да гу држи топку, Челзи на Сарита сака брзи што викав енглези one two punch додавања без размислвуања и брзо движење, тотално нешто ново.

Не знам што да кажу, пишуе ми се много ама ме мрзи, за разлику од порано, моментално уживам у фудбал кд ми игра мој Челзи, фала ти Сари, фала ти екипо.
Иначе Баркли е две класе над Ковачиќа и надам се дека днска се зациментира у прв тим, тој што си од Реала и име, не значи дека си квалитетан, Баркли е јебена машина колко агресивно, паметно и дрско игра, нема стра, нема респект и сака да ризикуе, гине за топку, сакам те.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.553
Поени од реакции
52.343
Тери официјално и стави крај на кариерата. Никогаш нема да има пак човек како него. Никогаш нема да има лидер и капитен како него. Вистинска легенда каква што нема веќе да се роди. Треба да сме ептен среќни и горди што можевме да ја следиме неговата кариера како фанови на Челзи.

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:



upload_2018-10-7_22-14-7.png

Најверојатно ќе оди во Вила со Анри. Па се надевам еден ден ќе го видиме и на чело на Челзи повторно :X3:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.906
Поени од реакции
84.307
Ааа топ.

Не ја гледав во живо па после се снаоѓав по интернетов за гледање.

Топ ни е првиов тим бе, ептен е преглупо што има волкава разлика од првиот до вториот тим кај нас..

Рутинирана паметна победа, не беше ептен под знак прашање победава наша, си одигравме како што треба да играт сериозни екипи во вакви мечеви.

Плус forza neresheno се деси во дербиво така да одличен старт на сезоната. После оваа пауза за репрезентации може да се рече дека треба ептен голем пад да ни се случи за да не завршиме во топ 4.

Хазард е најдобар играч во светот во овој момент.

Ептен ми е мило што Мората сврза 2 гола за четири дена (y)

Секако, не смее да се заборави дека веќе е прогласен од еден член овде ( @dragonsky ) за најлошиот трансфер во историјата на Челзи. 15 милиони.
Да. Признавам.

Играч кој вреди 15 милиони и беше купен во 2017 и покрај тоа што беше повреден и чиј што договор истекуваше ова лето и можеше да се купи без да се дадат 15 милиони кои што можеа да се дадат на друго место кое што ќе ни овозможеше топ 4 пласман минатата сезона сепак одиграл еден (со бројки 1) добар натпревар во 2018 во сезоната каде што прв пат игра редовно, прв пат не е повреден и во сезоната во која што би дошол бесплатно ако не го купевме за 15 милиони лани и покрај тоа што единствени конкуренти би ни биле екипи од вториот дел на табелата.

Стварно маестрален трансфер, купуваш играч што ќе ти помогне против Саутемптон во 2018, наместо да дадеш пари за играч што ќе ти помогне да завршиш (и воедно ќе игра повеќе од 10 минути цела сезона) во топ 4.

Навистина паметен трансфер.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.950
Поени од реакции
1.923
Ја неможу да ги спореду Барклита и Ковачича кој е поквалитетан моментално.
Баркли е борац, физички е много појак има добар шут ама Ковачич па знае да задржи топку по елегантане у движења.
Различан профил на играчи ама мислу дека и двоицата су потребни за тим.

Зоки па и не се слажам дека немамо довољно квалитетан втор тим, сга можда не е како на Сити ама битно е дека сакав да играв.
Да кажемо дека прв тим ни е тј ичера, значи имасмо ги Фабрегаса, Педру, Мората, Емерсон, Баркли, Кристенсен за замену.
Не е такој лошо како што е било претходни сезоне. Само да си се убацуе по 2 квалитетни играча сваку сезону и топ ќе смо.
Сари знае прво што сака и како треба да му игра тим. За 2 месеца успеја да га промени стил сс скоро исти играчи од лани, а и не потроши много на трансфери, освен за Кепу што беше повише грешка на раковотство што дозволи Куртоа да ги изигра у послеѓан момент. Жоржињо е земен скоро за џабе ако споредимо други трансфери у пл.[DOUBLEPOST=1538984398][/DOUBLEPOST]Фудбалот изгуби голем играч, се надевам дека ќе успее како тренер па ќе го видиме на клупата на Челзи со Лампард и Зола.
Добар лидер и мотиватор пред се, дамка му се аферата со мис. Бриџ ама јбг никој не е совршен.
Фала му за све, направија га е Челзи подобар клуб и ќе биди горд што ќе можу да раскажују на мои деца и унуци дека у мое време е бија едн Џон Тери, Лампард, Дрогба. Поим за лојалност и лидерство.
Надам се дека Хазард ќе појде по њини чекори.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom