Фан Клуб: Челзи

Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
Да :(. Како летово што си замина, и трансфер периодот пред тоа, и трансфер периодот пред тоа. Ваква изјава дава веќе 2 години така да ...
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Секако јасно е дека големи се шансите кога тогаш да отиде во Реал. Ама доброто е што е искрен уште од старт и што е многу добар човек. Во истото интервју кажува и дека е спремен да седне да збори за нов договор со Челзи, дека го сака и почитува клубот, дека секако е среќен и тука и дека во никој случај не би сакал да направи нешто слично на тоа Куртоа што го направи.
Јас мислам дека ќе потпише нов договор дури и доколку се договорат со клубот да си оди, ама би им овозможил да извадат што повеќе пари.

Секако небитно во моментов, да си уживаме во сезонава што ја игра :X3:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Не можам да се согласам за Баркли. Одигра одличен натревар и во ЛЕ, мислам дека и таму имаше асистенција. Според мене во оваа форма е подобар од Ковачич кој пак за напомена, што може и да се увиди па и самиот тоа го потенцираше, дека ова темпо на игра е поинакво од Ла Лига и ќе му треба време да адаптација. Капа на се’, не е ни играч на Челси. Ако Реал реши да не го продаде, тогаш Фекир е алтернативата која може и да не се донесе, а од оние што ги има во составот се Цеск (кој може да си оди), Дринквотер (кој дефинитивно ќе си оди) и Чик, кој сеуште не е за во првиот тим и може да оди на позајмица во Палас. Може заборавив уште некој, но од она што е под договор на подолг период, дефинитивно Баркли е најдобар (сега за сега). Цеск паѓа после 60 мин., Лофтус се нема докажано во некое светло што ќе му загарантира минути пред Ковачич и Баркли, а Дринквотер имаше чест во ЛЕ да биде на клупа. Мислам дека Баркли покажува повеќе иницијатива за гол од Ковачич, има добар сенс и веќе е приспособен на англискиот фудбал, 15 мил. и така не се многу на денешниот пазар, па ако се најде играч од 15 мил. од негов калибар одма нека го земат. За Фекир би дале повеќе од 50 мил., со оглед на тоа дека и Ливерпул и Јунајтед, а поготово првите, се заинтересирани за него. Ако веќе судиме најлош трансфер во поновата историја, не знам зошто не ги спомна 35те мил. за Дринквотер, а сега преку сила они би зеле 20-25 мил. за него. Но тој беше донесен за резерва и како таква треба да се гледа. Јас мислам дека Мората е најлошиот трансфер во поновава историја. 60-70 мил., колку и да беше платен, не покажа ни малку иницијатива и желба да игра фудбал.

Немам идеја кој би можел да дојде во јануари. На клубов му треба играч кој ќе дава голови. Останатото е солидно. Евентуално ако сака Сари да си ја засили клупата, но и тоа евентуално. Тешко Жиру и Мората се вклопуваат во овој систем, еве мал напредок кој може ќе вроди со плод во текот на сезоната, што искрено го гледам со доза на скепса. Ако не, само на таа позиција треба зацврстување, останатото е топ.
----------------

Цената на Азар е во раст. Мислам дека нема да го дадат под 250 мил. а притоа за тие пари да не земат играч од калиброт за Неимар или Мбапе. Целиот процес ќе оди килаво зошто без замена не би дале клучен играч на сред сезона кој е во животна форма. Не треба да прифатат ни играч/и плус пари. Едноставно нема играч од Реал кој би можел да го пополни местото на Азар во Челси. Имаат одлични играчи, тоа не е спорно, но после Меси, мислам дека Азар оваа сезона е најдобар играч во Европа. Ако донесат играч кој ќе постигнува повеќе голови, тимов ќе биде топ, а отворена можност ќе имаат и во купов, ЛЕ и во ФА купот, макар и со титула во ЛЕ сите би биле среќни. :)[DOUBLEPOST=1539034702][/DOUBLEPOST]
Секако јасно е дека големи се шансите кога тогаш да отиде во Реал. Ама доброто е што е искрен уште од старт и што е многу добар човек. Во истото интервју кажува и дека е спремен да седне да збори за нов договор со Челзи, дека го сака и почитува клубот, дека секако е среќен и тука и дека во никој случај не би сакал да направи нешто слично на тоа Куртоа што го направи.
Јас мислам дека ќе потпише нов договор дури и доколку се договорат со клубот да си оди, ама би им овозможил да извадат што повеќе пари.

Секако небитно во моментов, да си уживаме во сезонава што ја игра :X3:
Мислам дека е редно и да стане заменик капитен, покрај парите. Кејхил е веќе завршена приказна во Челси искрено. Мурињо го сака, но не верувам дека ќе ги прават спојка. Килавата одбрана нека си ја крпи со други играчи, вака му се дава потенцијална шанса за мали пари да ги искрпи проблемите, а Кејхил и не е така лош играч. Има фалинки, но овие неколку натпревари ги изигра речиси и без грешка. Рудигер е подобар од него, а Давид нема ни теоретска шанса да го изгуби местото во тимот, така единствена опција му е да си оди и да не си ја арчи кариерата на клупа. Барем он може да извади уште некоја солидна сезона во некој друг клуб.

Мора постепено да се “реновира“ клупата. Дел од играчите веќе имаат и по 30тина год., а таквите играчи добиваат по 1 год. договор или со тешко срце до 2 год. Мора да се носат помлади играчи, а веќе клубот има и неколку такви со квалитети за во првиот тим. Затоа не гледам потреба со Кејхил и Дринквотер (и Цеск но не пред носење замена на оваа позиција) кои прво можат сеуште да се продадат, првиве се англичани и сеуште можат некаде да играат и да ги покажат своите способности. Парите би ги ставил на Фекир и/или Головин.
 
Последно уредено:
H

HoT _iCe

Гостин
Лампс е број 1, бија е и ќе остане пошто пратејќе фудбал понови генерацие, играч како њега никад више нема да се роди.
Шут од далеко, визија, контрола, техника, елеганција, интелигенција како целу екипу, неверују дека некад ќе има покомплетан играч од Френкита. Уметност од играча, елеганција у движење, сас мозак и позиционирање никад у живот не му е требало шпринт да удари, еднсотавно човек гу чита игру на сасвим друго ниво за разлику од сви играчи што сам гледаја и гледам моментално, не е мозак, Ајнштајн за фудбал.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340

Каков играч беше Мата во двете години во Челзи...прав магионичар.
Се напуни асистенции и голови ко од шала, а втората сезона и со Хазард ептен добро се вклопија заедно. За никој друг играч не ми било така криво кога си отишол, како за него. Да останеше, многу поразличен Челзи ќе гледавме во годините што следеа.
 
Член од
26 август 2008
Мислења
703
Поени од реакции
503

Каков играч беше Мата во двете години во Челзи...прав магионичар.
Се напуни асистенции и голови ко од шала, а втората сезона и со Хазард ептен добро се вклопија заедно. За никој друг играч не ми било така криво кога си отишол, како за него. Да останеше, многу поразличен Челзи ќе гледавме во годините што следеа.
Замисли Лукаку место Мората, Де Брујне место Вилијан, Мата место Баркли.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Не беше ептен сјајно ни прво полувреме, ама беа во контрола на натпреварот. Ама не може онака да паднат како во второ. Успешно го изолираа Жоржињо и немаше течна игра. Доброто е што не се откажаа до крај, па успеаа да останат непоразени.

Мора да се донесат десно крило и напаѓач, се надевам бар една позиција ќе се реши во јануари.
Одбивање 60 милиони за Вилиан е најлошата одлука што ја имаат донесено.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.933
Поени од реакции
1.914
Не одигравме лошо исто како и со Ливерпул, резултатот го изгубивме од „моменти“.
Првиот гол падна по карамбол, удира во 2 играчи се одбива до Марсијал, плус имавме и играч кој беше повреден.
Вториот класична контра.

Незнам за вас ама мене ми е мака више да го гледам Мората во тимов. Еј се молам цел натпревар точен пас да даде до најблизок играч, само толку. Па на вакво ниво со најдобри услови и тренери за да играч фудбал ако не си способен за тоа братче ти не си за фудбал, оди таму поштар или шанкер.
При секој контакт со противнички фудбалер нашиов паѓа.
Едноставно бевме со играч помалку...

Вилиан изгледа не му беше денот...

Добро ги затворија Хазард и Жоржињо и беше тешко да воспоставиме игра, плус кога ќе дојдеше топка до Мората се губи.
Требаше Педро и Жеру порано да ги стави се виде огромна разлика кога влегоа само беше доцна, очекувано беше Мурињо да ја умртви играта.


Инаку за протестот на Мурињо, разбирам дека има голема доза на омраза против управата на Челзи ама и самиот тој порано имаше вакви радувања, немаше право така да реагира.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.120
Најлесен начин за Азар да остане


Sent from my LG-H830 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom