Aко нешто сум мразел во спорт, тоа било, народски кажано ,,курчевитост''. Е поради таа курчевитост Челзи загуби завчера од Кристал Палас.
Излегоа на терен небаре веќе се крунисани шампиони. Не можам да разберам едно нешто. На Стемфорд Бриџ постигнуваш гол во првите моменти од мечот, подоцна примаш два гола од Кристал Палас за една минута. Добро, се случува. Ама Челзи буквално имаше цел натпревар пред себе, 90 минути. Можеше и те како да се врати резултатски во игра. Не го направи тоа.
Играта беше многу лоша, на моменти ме потсеќаше на онаа ланската со Мурињо. Со топката не знаеја како и што, форсираа едни те исти ниски центаршутеви кои воопшто не беа опасни по голот на противникот. Во шеснаесетник движењето на напаѓачите, пред се мислам на Коста беше очајно. Колку само топки беа одбиени од Хенеси или одбраната, колку само отпадоци можеа да се реализираат, доколку некој беше фокусиран и ја следеше играта. На секој, рака на срце, четврти или петти успешен центаршут на Алонсо (патем, мислам дека и неговата офанзива игра малку, велам малку, ја преценивме овде), апсолутно никој немаше ниту на прва, ниту на втора статива. Недозволиво.
Средниот ред - пригушен. Матиќ (исклучително лоша форма, левел Радник Сурдулица), Фабрегас и Канте не смеат да играат во прва постава заедно. Одбраната многу лоша. Давид Луиз во саботата конечно изигра лош меч, по враќањето во клубов. Не ми се верува дека ќе го кажам ова, но Кејхил ни беше најдобриот дефанзивец дента. Азпиликуета непрепознатлив, Алонсо изгубен и надвор од позиција. Не ми се верува дека Заха успеа да шутне и постигна гол, а пред него беа четворица играчи на Челзи. Ниту еден од нив не реагираше.
Ваквото издание во одбрана се должи на втората причина поради која загубивме. Промената на формацијата. Да не се лажеме, со овој состав, можеме да бидеме успешни само со 3-4-3 формацијата, односно со петтина дефанзивци во линија. Во формација која ќе биде различна од оваа, Челзи може да биде поразен буквално од секој тим во лигата. Впрочем, тоа се покажа на почетокот на сезоната, Свонси, Ливерпул, Арсенал. Одбраната ни е добра и ништо повеќе од тоа. Одбраната изгледаше гранитна сезонава, само и само поради Конте и неговата тактика. Кога сме кај Конте, му забележувам баш за ова. Знаеме дека Мозес е повреден и дека е можеби круцијалниот играч кој придонесува за успешноста на формацијата и воопшто играта на Челзи (иако експертите на форумов се смееја на ваквите тврдења, додека пак имиња како Невил и Карагер уште во октомври го воочија тоа), но верувам дека Конте имаше алтернатива. Азпиликуета на десен бек, а Зума на неговата позиција како десен централен, или пак Педро/Вилиан како крилен бек. Таков луксуз можевме да си дозволиме против Палас на домашен терен. Арно ама...
Ситуацијата во која мора да се притисне црвено копче не е се уште дојдена. Но исто така, далеку е од наивно сето ова. Седум бодови предност и меч против Сити, гостување кај Јунајтед и Евертон, можат лесно да ја стопат предноста.
Во овој дел од сезоната, кога се бориш за титула, натпревари против вакви противници мораш, едноставно мораш да го добиваш. Па мака и со осум фудбалери излегол на терен. Ајде, со најлошата екипа во лигата, Барнли, имавме излет, дозволивме да не ги понесеме сите бодови од тоа гостување, вторпат не треба да има простор за грешки. Притисокот се префрла кај нас сега. Мечот со Сити во среда ќе беше уште еден во низата обични. Сега тој добива поинакво значење. Сити е must win, или барем, барем да не дозволат уште еден пораз. Бидејќи не сакам да помислам како ќе се одвиваат работите после тоа.
И да, сакав да се изнасмеам само на некои работи кои ги имавте, не зборувам само за нашиот фанклуб, испишано низ темиве.
Куртоа подобар од Де Геа.
Педро и Вилиан подобри од Санчез.
Челзи има исто толку добар состав на хартија како Сити и Јунајтед, ако не и подобар.