Фан Клуб: Челзи

Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
E ova me nervira.Covek sto pocnal vcera da gleda fudbal komentira bez veze.Nikoj ne pobara minutaza od nego be..site znaeme ne bese spremen a i samiot znaese..tuku dovolno ke bese i kako figura da ostane vo klubot i na klupa i so rezervite ne e bitno...seuste nema nisto oficijalno no osekam deka ova ke bide velepredavstvo.
Од каде заклучи дека вчера сум почнал да гледам фудбал? Кое добро ќе го види тимот од него во иднина? Не е тој тоа што во НБА ги нарекуваат мавтачи со пешкир, па да биде само мотиватор во тимот, тој е една од најголемите легенди што играле во тимот и нормално ќе треба да се даде голема плата за него. Не е можеби истата ситуација ама еве ти уште еден пример од НБА. Лани управата на Бостон реши да се откаже од своите ѕвезди и миленици на фановите Пирс и Гарнет зошто стварно влегоа во 35+ со години. Не знам колку следиш, ама сезонава беше најочајна за двајцата откако се дојдени во лигата. Бостон направи одличен потег, отвори салари кап за нови играчи и се очекува следниве години со уште некој пик да направат солиден тим. Ќе речеш го имаме ние Абрамович, може да дава пари колку сака, ама очигледно управата смета дека ќе бидат тотално залудно потрошени пари останувањето на Лампард во Челзи.

За трансферите летово јас би сакал да се земат некои no name играчи, од кои нема да имаме големи очекувања и кои ќе играат без притисок. Без трансфер бомби, афери и медиумски срања. Мислам дека треба да му веруваат на Мурињо во изборот на новите играчи.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Првиов појма неам кој е, а за вториов не знам што те чуди. :)
@Иван CFC забораив да те цитирам.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Аооои почнал за НБА да кажува :еpicfail:
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
Абе види, како фан јас во 10 од 10 ситуации да бирам би одбрал Лампард да остане, тука само пробувам да го „оправдам“ потегот што го направи управата.
 
Член од
27 август 2009
Мислења
1.540
Поени од реакции
1.671
Не сакав ништо да пишам додека не видам официјално.
Мојот омилен играч ќе го напушти клубов.:place: Мислев дека уште една сезона сигурно останува и не обрнував премногу внимание на шпекулациите.
Легенда!
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Абе, да не е умрел Френк? Како го жалите како да ојде од овој свет ебаве... Луѓе, Лампс има 35 години, не може да придонесе на тимот веќе многу - многу. Лампс веќе е легенда на Челзи. Да бидам искрен, мене ми беше сеедно дали ќе му понудеа нов договор или не. Треба да гледаме целисходно. Со играта не може да даде особен придонес, а ќе треба да зема така поголемичка плата. Гледам Торес сакате да се мавне од Челзи. Е и ја сакам. Ама нема. Дури Челзи да се согласат да го шитнат за 1 милион евра, нема клуб на светот што би му понудил иста плата како таа што ја зима во Челзи, а шо дека е плавуша, сигурно не е будала да оде негде за помалце пари, повеќе му одговара да си дреме на клупа до крај на договор, а тоа е јуни 2016 ако не сум грешка, така да ќе си го трпеме.
Со среќа Лампс, кај и да одеш. Ама еден ден, ќе си се вратеш кај нас :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Ламп:(:place::place::place:

Знаев дека ова ќе се деси! Мислам шо очекувате, кога еден од најактивните членови у фан клубот ни, величи еден лелеав модератор во никот - Драг он СКАЈ!


Лампард дава гола гол. Покажува кон небото...:place: Плаче он, плачеш ти. Се расправаш со оние кои ти викаат „будало недна то е исто ко молерот да плаче после окречената соба", „будала една он калапи милиони, ти шо", „а шо демек накај мајка му покажува" и остали незналци...:( Многу се радував ко си го купив првиот дрес од Лампард. Веќе е излижан. Сега е Лмпрд. Но сеуште ми е најдрагиот.

Сеа ко го глеам вој циркузантот Роналдо како шутира слободни удари и целата театралност која ја форсира, се повеќе ми недостига елеганцијата со која Ламп шутираше слободни. И тоа ко некоаш ќе ја стегнеше без најава од 20 метара. :(

Шо ти е Челзи без Лампард (и Тери) бе еј!? Има нови клинци ко Азардчето и Атпиликуета и Оскар не дека не, но ниеден од нив нема да е Лампард. И не само во фудбалот. Општо во спортот, ретко се среќава таков џентлмен и коркетен спортист ко него. Има порка, ама па за тоа Рио Фердинанд е крив. Или Тери му праел ебачки филмови:ROFLMAO:

Ех бе Лампард, ех!:(:place:
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Таман ќе помислиш дека управата полека го фаќа вистинскиот пат - одма те демантираат :facepalm:

Лампард... шта речи..
ЛЕГЕНДА !!! Играч кој тешко се заборава, а уште потешко се заменува. Со среќа во понатамошната кариера и го чекаме да си се врати во огништето за некоја година.
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Доста бе ќе ме расплачете :( :place::place::place:[DOUBLEPOST=1401782764][/DOUBLEPOST]Е готово бе, изгледав еден клип и солзи сами течат прости ми :place::place::place::place::place:
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.910
Поени од реакции
7.481
За Јунајтед сум,ама Лампс беше играчиште,човек пред се,едноставно беше чест да се гледа во битка против моите:)
Штета што никогаш немав шанса да навивам за него и да се радувам на голови(можеби ете само англичаните кога ги гледав),беше класа дефинитивно,поштен и коректен и премногу ги почитувам таквите бидејки денес многу малку се тие.Памтам кога почина мајка му даде гол и погледна нагоре и на маицата пишуваше нешто,цел беше во солзи,искрено ми дојде да заплачам.
Тоа е сега со среќа понатака па да го видиме назад во битка со Гигс еден ден,овој пат на тренерските позиции.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.761
Поени од реакции
52.731
Ајде, ајде, нема потреба премногу да се потресуваме. Во процесот на заздравување откако кажаа дека Дрогба ќе си оди, сфатив дека во брзо време ќе си одат и другите староседелци во Челзи. Годините им пројдоа веќе, уживавме во нивните игри и треба да сме среќни поради тоа.

Лампард е легенда и можеби на повеќето омилен играч ни беше, сигурно добар дел од фановите почнале баш поради него да го поддржуваат клубот. Лани кога ни стана прв стрелец сите се осеќавме како некој трофеј да сме освоиле. Многу други фудбалери кажале дека е пример за играч и на теренот и надвор од него, и ќе остане секогаш запаметен во Челзи, а сигурен сум и дека еден ден ќе ни се врати. Кој не би сакал еден ден да ги види Тери и Лампард на клупата на Челзи како тренери.

Пцуења по управата, Мурињо и други такви глупости воопшто не се потребни и би било најдобро да си ги задржите за себе. Стварно мислите дека без никакви разговори му пуштиле смс на Лампард и му рекле барај си нов клуб летово? Сигурно збореле сите и одлучиле што е најдобро за клубот и за играчот. Сите сакавме да остане, ама што ќе променеше тоа? Да, добро, пример за младите надвор од теренот. Ама ако не сега, ќе си отидеше наредна сезона и пак истите муабети ќе се тераа.

Никој не може да остане вечно. Сите би биле најсреќни легендите како Лампард да останат до крајот на кариерата во клубот, ама ете не може тоа секогаш да биде така. И не, не мора да е поради клубот. Самиот Лампард може си одлучил дека најдобро би било сега да го напушти Челзи, и да си игра негде по лабаво додека го држат нозете. Можеби самиот одлучил дека не може веќе да му помогне на клубот да освојува трофеи и решил да се откаже. Ќе има сигурно интервјуа, ќе дознаеме што и како, ама наместо да плачеме и пцуеме, мислам дека е подобро со гордост и среќа да се сеќаваме на се што направи Лампард за Челзи, и ние имавме среќа да го фатиме баш тој период.

Како и да е, време е да се гледа кон иднината. Во позадина почнете да се спремате и за збогување со Тери. Но сега ни се потребни нови играчи како Тери, Лампард, Кол, Дрогба. Играчи кои ќе ги испратиме за 10-15 години сеќавајќи се на сите успеси кои ги постигнале со клубот.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom