Нека му е среќен на Петре голем да расне, многу титулу и успеси у Челзи. (морам да му честитам да не се наљути како Туре па да сака да си иде).
Жал ми е што не напушта Кол, еден од најдобрите, најконстантните и најлојалните играчи во Челзи, му посакувам се најдобро во понатамошната кариера и многу успеси.
30 милиони за бек се премногу пари. Шо е една од подобрите опции за Челзи секако, но сепак да се издвојат толку пари за тинејџер не е баш паметно решение. Од проста причина (случај Торес), автоматски за толкава сума на пари очекувањата се преголеми, а со тоа се прави притисок врз самиот играч.
Не е единствен добар бек во светот сигурно има и други варијанти кои ќе се поефтини, се шпекулираше за некој млад шпанец (немам појма како се вика, не сум го ни гледал), еве тој од Бенфика и Филипе од Ат. Мадрид не би била лоша опција.
Сеедно но за доведување на „лево сметало“ не треба да издвоиме повеќе од 18 мил.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)