Мене ми се допаѓа тоа што Коста е договорен со Атлетико пред СП, без разлика дали Коста ќе игра на СП или не, добро е за клуб кога договара трансфери пред СП, затоа што после и цените рипаат многу. Како и да е, сеуште не е официјално, ама кај и да е за некој месец ќе биде, убеден сум дека доаѓа Коста.
Ја стварно не знам што да мислам, искрено мислев дека Кавани е подобро решение од Коста, ама пак како изигра против нас го нејќам и него. Балотели не е зрел за Челзи, Левандовски во Баерн, и кој останува? Никој. Можеби и е најдобро решение моментално со оглед на неговите години. Се надевам само дека нема да значи крај за Лукаку.