Фан Клуб: Челзи

Статус
Затворена за нови мислења.

Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
Го нема Роналдо факт е, но кажи кога тој правел дар-мар кога Манчестер играл со големи екипи како Челзи, Арсенал, Ливерпул....
истото е и со други поединци не само со Роналдо....
Му даде гол на Челзи во финалето на ЛШ, му даде решавачку и страшен гол на Порто кога мораа да победат, му даде ми се чини дека беа 2 гола против Арсенал, исто така еден страшен од слободен, му даде на Интер..
И да не набројувам во текот на сезоната коа ги постигна оние 40 + голови..
И не е истото со другите како со Роналдо.
Сега го сфати ова со тоа што го носиш на рамената, или само за стрижење ти служи?
 
В

Вори

Гостин
Добро не се притресувај сеа и ти.Ако дискутираш,бе навреди,би те замолил.
Налет тоа!
Лани го имаа Роналдо,годинава го имаат Руни.Исти кур друга димензија.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Овој се спрема да изгуби или одигра нерешено :toe:

Абе кажи ОДЛУЧУВАЧКИ Е МЕЧОВ ЗА ТИТУЛАТА, тропај у соблекувална мавај со копачки со шишиња со шо најдеш стеги ги малку тие балерини бе, не бил одлучувачки, будала.
Само нека не победиме, да им се дигне моралот, па после нека изјавува дека не е одлучувачки, будала италијанска

П.С. Момци дај бе не го дрвете за Роналдо, не им играл ослабени биле.
Роналдо не им игра 8 месеци сеа ли ви текна за него. РУНИ не игра, тоа е нашиот засега единствен адут, заеби Роналдо
 
F

fantomX

Гостин
овие 2ца барем имаат некоја брзина во нив па би му дале поддршка на Деко по десната страна, плус би можеле да трчаат назад во случај на полуконтри и контри на Јунајтед. Жирков и Малуда ќе ја раздвижат левата страна, ама Деко неможе сам десно
Попрво Дрогба би го клал центархалф отколку да чекам помош од Стуриџ или Калу во одбрана. Кутрите напред не можат да пробијат од шо се ветрушки, не па назад да се вратат.

Кој ви е дефанзивен фудбалер за врска бе експерти? Балак?
Утре ако не победите ништо од вас.. Одамна не се веело плавото знаме во Манчестер.. А утре.. Манчестер без Роналдо, без Руни, после пораз од Баерн и реванш за 4 дена.. Очај.. Ако утре не биде 2 -ка незнам кога..
Само со самодовербава слабо ми стои тимов ваш.. Можеби омразата ќе надвладее и ќе се истурите.. :smir:
А кој бе другарче? Чудото од нов Макелеле на Мурињо, Сколари и Аврам - Џон Оби Микел? Како можеа сите тројца тренери да испаднат такви дебили, па добро бе што гледаат во Оби Микел за дефанзивец за врска? Ајде и ти, што гледаш? Веројатно ништо, баш и не си го видел, ама еве против Интер два пати - Џон Оби Микел успешен дефанзивен за врска?! Проклетиот Џон Оби Микел?!?!
Па нормално Балак ќе сакаме да игра на тоа место бре, кој друг моментално?

Кој Есиен кој Иванович ги сонуваш?
Нели гледаш дека освен Руни кај нив никој друг не дава голови редовно..
Тек тук по некој гол другите..
Само друга е мотивацијата на Мурињо, друга е на Анчелоти.. Да беше Мурињо ја ставав 2-ка без око да ми трепне..
Сега ми оди некако на срамежлива 2-ка..:pipi:
Како бе кој Есиен? КАКО БЕ КОЈ ЕСИЕН!?!?!
Ајде Иванович, ама пошто и Босингва го нема, кој? Паоло Фереира? Со Интер не играше, знам ајде, не си го видел, ама сериозен си бе?
Ето бе колку редовно дава голој за Интер? И кој „шибна“ за Интер на Стемфорд Бриџ кажи, гол кој не го видов и нема да го видам, пошто знам кога Челзи е дебилен и тогаш не трошам време, и пред се нерви.
Шо бе мотивација, прво кој по крило да пробие? Малуда? МАЛУДА?! Или дриблериштето Дрогба? Надеж беше Џо Кол, кој последниве два натпревари почна да личи на себе, ама пак се повредил. Сега?

Ајде наброј 5 утакмици во кој тие направиле шашма..
Друже.. Разбуди се не спиј..
Му го нема Роналдо, оној кој правеше шашма таму..
Му го нема Руни, оној кој ги држи цела сезона..
И веќе не се тие Гигс, Сколс.. Годините ги газат..
Проблем е што Челзи нема самодоверба во моментов.. И може да прими некој блесав гол.. Некоја глупава грешка..
Али време е една убава партија како со Арсенал во гости..
Еве Фереира не си го видел можи, ама Жирков го виде против Интер. Колку е тешко да поминиш покрај такви чутуци во одбрана? Колку? Ти треба само брзина, дури и да дриблаш толку не е битно. Само брзина. На двата дуели сезонава го имаа Руни, па не победија. Еден пораз и едно нерешено (ама исто ко пораз) за нив. Ама Есиен ја држеше средината на Челзи, не ебаниот Џон Оби Микел, и уште поебаниот Лампард сезонава!
Мурињо другарче ги имаше екстра-талентираните Робен и Џо Кол по крила, и Макелеле пред Карваљо и Тери + (Фереира и Галас бочно) во најубај години, а зад Лампард во најубај години. Што имаме сега? Фереира со 32 години после цела сезона повреден, Жирков камен во дефанзива странично во одбрана; Џон Оби Микел дрво кое не ни можи да се делка како замена за Макелеле (?!?!?), Лампард со додуша неполни 32 години кои очигледно му сметаат; и едни феноменални крила во Анелка и Малуда. Секако, го заборавам Деко како единствен талентиран играч од светска класа на кого му е преку глава европскиов фудбал и одвај чека да се врати во Бразил.

Или сепак, Анчелоти е крив шо не знај како да ги мотивира.... :tapp:

Ах бе дебел, не да е одлучувачки мечов, одлучува појќе него реваншот со Интер. Барем од гледна точка на Челзи.
 
В

Вори

Гостин
И после сакаш да бидат мотивирани играчите,а овој волов види што изјавува?
Абе ај..
И не бил Анчелоти крив,yea right!
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
А можеби е договорено ова да го изјави на прес, а да си кажале друго во соблекувалните, од кај знаете?
 
ArsVivendi

самовработена невработена
Член од
15 април 2007
Мислења
603
Поени од реакции
31
И што ќе му смени тоа. Ќе ги излаже будаливе како нас, а нив ќе им бамка како тоа доколку не го добијат натпреварот нема титула. И нас ќе не залаже? Го заболе таквото ние дали мислеме дали е неважен натпревар за исходот кој он го очекува. Или па САФ ќе го помати, дека нас не ни е важен натпреварот, па може да извади тим од младинци, да не му чуе таквото, и САФ да се залажи па да не не тепа убедливо, и он по некој младинец тук таму да вметне?

Статијава ама воопшто не ми чини, доколку вистински го рекол тоа, или е будала или е токмак. Друго нема.

Додуша и оваа утакмица не е најодлучувачката, но е голем плус. Со победа, надежта не умира дека ќе освоиме ПЛ и имаме поголеми шанси. :)
 
RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
а бе.............

кој како си ги толкува работите........:smir:
 
F

fantomX

Гостин
Не е повреден шпекулации се.
Арно да го видиме утре во едно пристојно светло, колку-толко ќе ја придвижи тромавата средина. :toe:

http://www.goal.com/en/news/9/england/2010/04/02/1860815/manchester-united-boss-sir-alex-ferguson-praises-carlo

И така сум најпесимистички настроен кон еден натпреар уште од ланското гостување на Анфилд со Сколари, па и сега тоа шо носково црвен смета дека дебелиов „направил добра работа сезонава“ уште појќе ме депримира. :toe:
 
Ibracadabra

Волшебник
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.299
Поени од реакции
65
А кој бе другарче? Чудото од нов Макелеле на Мурињо, Сколари и Аврам - Џон Оби Микел? Како можеа сите тројца тренери да испаднат такви дебили, па добро бе што гледаат во Оби Микел за дефанзивец за врска? Ајде и ти, што гледаш? Веројатно ништо, баш и не си го видел, ама еве против Интер два пати - Џон Оби Микел успешен дефанзивен за врска?! Проклетиот Џон Оби Микел?!?!
Па нормално Балак ќе сакаме да игра на тоа место бре, кој друг моментално?

Како бе кој Есиен? КАКО БЕ КОЈ ЕСИЕН!?!?!
Ајде Иванович, ама пошто и Босингва го нема, кој? Паоло Фереира? Со Интер не играше, знам ајде, не си го видел, ама сериозен си бе?
Ето бе колку редовно дава голој за Интер? И кој „шибна“ за Интер на Стемфорд Бриџ кажи, гол кој не го видов и нема да го видам, пошто знам кога Челзи е дебилен и тогаш не трошам време, и пред се нерви.
Шо бе мотивација, прво кој по крило да пробие? Малуда? МАЛУДА?! Или дриблериштето Дрогба? Надеж беше Џо Кол, кој последниве два натпревари почна да личи на себе, ама пак се повредил. Сега?

Еве Фереира не си го видел можи, ама Жирков го виде против Интер. Колку е тешко да поминиш покрај такви чутуци во одбрана? Колку? Ти треба само брзина, дури и да дриблаш толку не е битно. Само брзина. На двата дуели сезонава го имаа Руни, па не победија. Еден пораз и едно нерешено (ама исто ко пораз) за нив. Ама Есиен ја држеше средината на Челзи, не ебаниот Џон Оби Микел, и уште поебаниот Лампард сезонава!
Мурињо другарче ги имаше екстра-талентираните Робен и Џо Кол по крила, и Макелеле пред Карваљо и Тери + (Фереира и Галас бочно) во најубај години, а зад Лампард во најубај години. Што имаме сега? Фереира со 32 години после цела сезона повреден, Жирков камен во дефанзива странично во одбрана; Џон Оби Микел дрво кое не ни можи да се делка како замена за Макелеле (?!?!?), Лампард со додуша неполни 32 години кои очигледно му сметаат; и едни феноменални крила во Анелка и Малуда. Секако, го заборавам Деко како единствен талентиран играч од светска класа на кого му е преку глава европскиов фудбал и одвај чека да се врати во Бразил.
Си се скапал пишување дур сеа видов..
Немам намера да ја дебатирам цела сезона на Челзи, оти ќе излажам дека сум го гледал низ сите директни преноси..
Само накратко ќе ти го кажам моето гледиште..

Прво ми го спомнуваш Макелеле? Што бара тој во темава..
Играл некогаш во Челзи и толку. Што па толку тој па сега да бараш некој како него? Како јас сега да речам играше Роналдо во Интер, како него нема напаѓач.. Затоа не се снајдоа Адриано, Виери.. (читај не освоија титули)..
Искрено подобри за мене во тие години од Макелеле беа Виеира и Кин од Манчестер. Макелеле единствено беше добар во дефанзива, но беше доста низок. Виеира и Кин беа комплетни играчи од средниот ред за мене. Мое мислење се разбира..
А Оби Микел има иста физономија како нив.. Е сега дали ќе стане со тек на време тоа ќе видиме.. Но што е тој крив кога цела сезона игра само тој на тоа место? Нели немаше искуство? А колку и да имаат искуство Балак, Лампард, Деко и незнам кој, нити еден нема да изигра подобро во дефанзива од него..

И сеа плачиш по Есиен.. Па Есиен можеби е најдобар на тоа место во Челзи, али не е тој одлучувачки фактор за Дрогба да не даде гол! Или пак Анелка да игра шашаво..
Малуда во Лион играше крило, како што памтам..
А во Челзи незнам што игра.. Организатор, полушпиц? Мање битно..

И немој молимте да ми ги спомнуваш Валенсија (замената на Роналдо:tapp:) и Нани.. оти ми се повраќа..
Тие сами ќе се сплеткаат со топката, не па да има некој покрај нив..

Ќе видиш утре која е разликата во нападот без Руни..

А, да.. Ќе заборавев.. Мотивацијата кога имаш повреди/суспензии/мала самодоверба игра голема улога.. Еден добар дел од тоа оди на сметка на Анчелоти..

Али немам јас којзнае што работа да дебатирам зошто и како Челзи..
Муабетот ми беше.. Како што си почнав.. Утре Челзи е посилен.. Сакал ти да го видиш тоа или не.. Манчестер е повреден, уморен, утакмица во лош период.. поубаво од ова за Челзи не можеше.. :pipi:
 
Макелеле беше страшно правоврмен. СТРАШНО! И во одземање топки чисто и во правење фаули. А тоа е чувство, не се стекнува. Виеира и Кин беа едни скапани гомна, говеда, со невиден жар. А Оби Микел одвај оди, не па за жар да зборуваме. Искуство? Баш за годините 23 шо ги има треба да лета по терен со оглед на позицијата. Анчелоти на почетокот проба да го игра и некаков си плејмејкер, разигрувач, пошто тој всушност дојде ко офанзивец од Лин, уште еднаш честитки за Мурињо, Аврам и Сколари што направија од него. Ништо. Нема ни квалитетен пас, ко Деко моментално, во Челзи. И тука е патетиката на овој состав на Челзи, не мотивацијата шо ја кажуваш, шо нема кој подобро да изигра дефанзива на средина од Оби Микел. :kesa:
Есиен е одлучувачки фактор за тоа како ќе се одвива акцијата на Челзи. Башка со Анчелоти шо напредна, одлично оди со топка (многу подобро од Дрогба на пример), спротивно од тоа што претходно неговата улога беше незабележлива за око на обичен гледач. Ако не можи никој да пробие, Есиен од 30 метри дава гол! Дрогба, па го виде бе против поквалитетни дефанзивци во дуелите со Интер. Не знај топка да води или да задржи под притисок кутриот црнчо!
Малуда? Во Челзи изигра се сезонава, и најдобар е на средина. Можеби бековите на Лориен и Ница лом ги правел на младост, не знам, ама го гледам дека е просечен техничар, и затоа Челзи е импотентен на крила. И не зборувам за Астон Вила и слични, видовме против Интер како врвна екипа.

Жирков го НЕМА во дефанзива, како ќе се сплетка Валенсија, за кој се сомневам дека стриктно е донесен да го замени Роналдо. Фереира? Дај бе чоек, да побараме 2-3 снимки со него од Челзи сезонава, сам се препина ебаго.
Разлика во напад без Руни? Јас гледам разлика во одбрана без Ешли Кол, Иванович, Босингва, и со Алекс кој не е баш добар ко Карваљо во најдобри моменти, како и Есиен пред нив. И воопшто не ми се допаѓа што гледам.

Мотивацијата, па да, иако колку сакаш биди мотивиран, без талент ништо не прајш. Реал ваков или таков, ко ќе збира, збира талентирани играчи. Зошто по ѓаволите ниеден од Челзи ама баш ни блиску не се најде до радарот на Реал? Можеби од Абрамович се плаши Реал? Не бе, не, многу едноставно. Талентот во Челзи е невидено ретка работа.

Манчестер е можеби уморен, иако имаа три дена за одмор, а Челзи имаше цели седум, доволни за да се излади. Повреден не гледам како е. За моментот, искрено се исто ми е, секако Челзи до крај на сезонава игра со Фереира и Оби Микел, а не со Есиен, Иванович или Босингва - во кој и да е момент, јас не можам да бидам оптимист. :toe:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Упс! Ми излегоа некои неодложни обврски и нема да можам да ја гледам утакмицата (можда само 1во полувреме)

Последните 2 не ги гледав (со Вила само крајните 20тина мин) правевме дар-мар. Ајде аирлија нека е :)
 
AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Упс! Ми излегоа некои неодложни обврски и нема да можам да ја гледам утакмицата (можда само 1во полувреме)

Последните 2 не ги гледав (со Вила само крајните 20тина мин) правевме дар-мар. Ајде аирлија нека е :)
Значи последните 2 не си ги гледал ( со Портсмут 0-5 и Астон Вила 7-1 ) така да утре ич не гледај ...:pos::vozbud:

Шала :smir:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Значи последните 2 не си ги гледал ( со Портсмут 0-5 и Астон Вила 7-1 ) така да утре ич не гледај ...:pos::vozbud:

Шала :smir:
Ако треба и нема да гледам :)

Шала настрана, мора да се гледа макар 1 полувреме, вакво нешто не се пропушта :)

Поздрав СИНИ
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom