Прво ми го спомнуваш Макелеле? Што бара тој во темава..
Играл некогаш во Челзи и толку. Што па толку тој па сега да бараш некој како него? Како јас сега да речам играше Роналдо во Интер, како него нема напаѓач.. Затоа не се снајдоа Адриано, Виери.. (читај не освоија титули)..
Искрено подобри за мене во тие години од Макелеле беа Виеира и Кин од Манчестер. Макелеле единствено беше добар во дефанзива, но беше доста низок. Виеира и Кин беа комплетни играчи од средниот ред за мене. Мое мислење се разбира..
А Оби Микел има иста физономија како нив.. Е сега дали ќе стане со тек на време тоа ќе видиме.. Но што е тој крив кога цела сезона игра само тој на тоа место? Нели немаше искуство? А колку и да имаат искуство Балак, Лампард, Деко и незнам кој, нити еден нема да изигра подобро во дефанзива од него..
И сеа плачиш по Есиен.. Па Есиен можеби е најдобар на тоа место во Челзи, али не е тој одлучувачки фактор за Дрогба да не даде гол! Или пак Анелка да игра шашаво..
Малуда во Лион играше крило, како што памтам..
А во Челзи незнам што игра.. Организатор, полушпиц? Мање битно..
И немој молимте да ми ги спомнуваш Валенсија (замената на Роналдо
) и Нани.. оти ми се повраќа..
Тие сами ќе се сплеткаат со топката, не па да има некој покрај нив..
Ќе видиш утре која е разликата во нападот без Руни..
А, да.. Ќе заборавев.. Мотивацијата кога имаш повреди/суспензии/мала самодоверба игра голема улога.. Еден добар дел од тоа оди на сметка на Анчелоти..
Али немам јас којзнае што работа да дебатирам зошто и како Челзи..
Муабетот ми беше.. Како што си почнав.. Утре Челзи е посилен.. Сакал ти да го видиш тоа или не.. Манчестер е повреден, уморен, утакмица во лош период.. поубаво од ова за Челзи не можеше..