Сточ замина оти во фебруари одбил нов договор, а важечки имал до в лето.
Белети замина оти требаше да замини. Џо Кол, не знам од кои причини точно, но многу се споменуваат.
Балак, не знам зошто замина, и не требаше да оди мислам. Можеше на помал финансиски договор да остани.
Деко имал болен син во Бразил.
Бенајун нема да игра на крило, многу ретко можеби. Бенајун ќе биди нашата „десетка“ за дијамант, ко ќе се игра такво чудо.
За 5 милиони во денешно време не можиш да купиш многу подобро од Бенајун, не зборуаваме за млади таленти пошто Челзи смета на такви од сопствените редови, туку за докажани, искусни играчи.
Силва - 30. Озил - 30 заради Мондијалов, иако умал уште година дена договор со Вердер. Швајнштајгер - официјално 100, реално не е на продажба. Хамшик - 30, ако воопшто е за давање. Туре - 35.
Бенајун ..................... - 5.
Челзи нема пари, помирете со со тоа, идолите „наши“ ко Дрогба, Лампард, Кол, Тери.....ги „изедоа“ со нивните договори за „суперстари“ (иако нели, ко ќе треба да се игра, тие се само луѓе). Веројатно клубот ја има главната кривица за тоа, ама сепак не можам и нив да ги „амнестирам“. А Абрамович, за наша жал, не дава. За наша жал велам, иако и ја не би давал појќе да сум на негово место.
Анчелоти настрана, човекот е само тренер, колку побрзо сфатиме сите, толку подобро. Тој не се прашува дали да се донесе Силва или да се донесе Бенајун , туку прашањето за него од управата на клубот е дали го сака Бенајун во тимот или не.