Ајдеееее!!! ДВОЈНА ТИТУЛАААА!!!! Честитки!!! Бравос!
мал осврт на натпреварот:
1 полувреме, Челзи создаде многу шанси ама немаше среќа, ја испокршија рамката од голот на Портсмут и не сакаше да влезе топката. Доволно е да се види реакцијата на Дрогба кога ги удира пречката и стативата и да се сфати што се случувало во првото полувреме...Очигледно, тогаш, Дрогба сфати дека секој шут во рамките на голот мора да заврши или во статива или во пречка, па реши да го искористи тоа и на тој начин да постигне гол, се чекаше само следната шанса...
2 полувреме: прво, секоја чест за Аврам Грант и за цела екипа на Портсмут, што од екипа која не ги помина своите 25 метри, се преобразија во екипа која е цело време на противничката половина и создава шанси за гол...првите 10-тина минути од 2 полувреме, Челзи изгледаше доста изгубено...за среќа, успеаја да се одбранат и да не примат гол...Пеналот беше чист како солза, но Боатенг ја изгуби концентрацијата уште кога се испокара со Балак, па не е чудно што упати никаков шут од белата точка. Сепак, секоја чест за Петр Чех, што не летна на една страна, туку ги задржа нозете на средина па успеа да го одбрани ударот. Тука беше веројатно пресвртницата, кога Челзи се свестија дека треба да тргнат и да дадат гол...уште во следниот напад, слободен удар, и Дрогба го направи тоа што го напишав погоре, реши да ја искористи стативата во своја корист и преку неа да постигне гол...Одличен шут. До крајот, рутина, уште неколку шанси, ама нереализирани...пеналот не требаше да го шутира Лампард, туку Дрогба, ама ајде, нема врска...
Се на се, одличен натпревар за Челзи, создадени многу шанси, иако ниедна не се искористи, ама важно целта е остварена. Титулата е освоена, сезоната е успешно завршена.
Сега следува да се оствари некој добар трансфер, да се надополнат празнините кои постојат во екипата, па догодина уште појако, прво на одбрана на супер купот, па одбрана на овие 2 титули, и секако освојување на единствениот пехар кој недостига - Лигата на шампионите.