добро сеа, али откако влезе он запре иницијативата на Челзи, и запреа головите... сакам да кажам дека останатите од екипата не можеа да ги сватат неговите идеи, можеби е рано и е потребно барем уште 5-6 утакмици за да почнува да се уклопува... еве му шанса на Карло да го игра малиов против Порто на гости, мислам дека ваков противник би му одговарал...
велам дека е се поизвесно бидејќи како што кажа и Ферги, ќе се одвојат два тима како и секогаш кои ќе се борат за титулата... Ливер од поодамна се откажа, Арсенал загуби клучни фудбалери и денес киксна со тоа веќе е на -8.... Челзи сигурно е дека нема да остане без ништо купено во Јануари кога им одобрија од Уефа...
Иницијативата на Челзи запре 10-ина минути подоцна, кога место Малуда влезе Немања Матич. Како запре со Какута кога во тие 10 минути со Какута и Малуда (без Матич), имаше три корнери мислам, а и Какута го имаше едниот од двата опасни удари на гол.
Матич е многу рационално настроен + со оглед на додавањата на Алекс, Тери, Микел и Есиен на средината, не ми се верува некој да размислуваше за уште голови.
Ко шо реков, физички Какута е далеку од спремен за натпревар, па кој сака нека е противник. Тоа го кажа и Анчелоти, го видовме и денеска. Против Порто, исто прочитав дека Анчелоти не планира калкулирање, сака победа и прво место во групата. Можеби против Блекбурн следната недела, во Карлинг Куп.
Арсенал ми е „непозната“, „променлива“, стварно не знам што да коментирам. Манчестер Јунајтед си е Манчестер Јунајтед, ѓаоли. Па така, не можам да ги исклучам споменативе. Плус Арсенал има и натпревар помалку, и натпревар со Челзи наредно коло, дома. А и „купеното“ во Јануари не знам која предност е, дур да дојди играл, дур да се вклопи, прво на новата средина па и на екипата, ќе се вратат и Африканците. Ако нема многу повреди, ќе се помине без нови играчи успешно и тој период.