По ремито со Рад на гостински терен, Црвена Звезда третиот круг на србскиот шампионат го дочекува со дури 11бода минус во однос на водечкиот Партизан.
На прашањето дали размислува за оставка, македонскит тренер Чедомир Јаневски за "Спортски Журнал" одговори:
-
Зошто би го направил тоа?!
На констатацијата дека со неговиот тим бележи лоши резултати, шефот на стручкиот штаб додаде:
-
Точно е дека не победивме на сите натпревари, но сите зборуваат дека играме побрзо и подобро од есента. Повекето играчи кој играа против Борач, играа и против Рад, па не може да се каже дека се лоши, дека не се за Звезда. Не сум депримиран, бидејки сум сигурен дека овој тим има потенцијал и дека во продолжението на првенството ке игра уште подобро.
За "Прес" македоснкиот стручњак говореше и за атмосферата во тимот:
-
Многу негативни работи има окулу Зрвена Звезда. Пробувам да ја изолирам екипата од тоа, но разните пишувања и случувања окулу клубот веројатно има влијание врз играта на екипата. Притисокот од јавноста е огромен, но за мене тоа не е никаква новост. Во Бриж и Олимпијакос, клубови во кој работев, ситуацијата е слична, иако таму професионализмот е на највисокот ниво.- изјави Македонецот.
Извор:
www.sportdenes.com