Крај...
Еве сеа се присетив т.е најдов податок дека последен пат сме изгубиле 3-0 против Војводина и тоа дома во 2007. Еве денеска пак.
Катастрофа што да се каже друго. Да ја дадевме првата шанса ќе ги тепавме сигурно, вака они ги искористија дебилните грешки на одбраната и на Бајко и второ полувреме само рутински го обработија.
Нема да коментирам за утакмицава, пошто мислам дека сите видовме, само ќе изнесам еден заклучок. Бајко е зрел за клупа. Против Бордо го наговести тоа а денеска и го потврди. Не знам што му се дешава, ама после таа кобна утакмица со Бордо како да има некој проблем, ја нема веќе онаа сигурност кај него од кога почна да брани стандардно пред година и пол. Против Нови Пазар првиот гол е негова кривица, остана закован на линија, наместо да излезе на центаршут, против Бордо скриви пенал, прошло коло исто е директен кривец за голот на Јавор, а денеска како капак има кривица кај првиот и вториот гол, а третиот гол му иде директно на негова душа. Очигледно беше дека топката после шутот на Адамовиќ ќе излезе надвор ама Бајко се фрли и му ја одби тачно на нога на Новковиќ. Ја мислам дека сето ова е доволно да попие клуба, не за друго, бар малце да се соземе и присобере пошто ми делува нестабилно, а за голман е многу битно да се биде стабилен. Нека добие шанса Кировски, затоа што од она што го гледав мислам дека у иднина може да се рачуна на него озбилно.
Eдит: Ќе заборавев за малце и уште еден заклучок, а тоа е дека кога не игра Јовановиќ, одбраната ни е доста несигурна.