Фан Клуб: Црвена Звезда

Член од
6 септември 2009
Мислења
2.655
Поени од реакции
1.272
Гледам никој не пишува, па ај како по обичај да искоментирам за денешнава утакмица. Ве снема некако, разбудете се :D

Тесна победа на секогаш незгодното гостување. Првите пола саат ја контролиравме играта и изгледавме доста добро на терен. Ги немаше беспотребните „бунар“ топки. Али тоа траеше само пола саат, после тоа пак иста приказна како на претходните утакмици. Им ја препуштивме играта и се браневме, али среќа овие појма немаат па не успеаја да го загрозат Бајко, а да беше некоја посериозна екипа тешко ќе пројдевме. Кога ќе дојдеше топката кај некој од нашите играчи, пробуваа нешто, али на крај се се завршуваше со долги топки, кои углавном беа непрецизни.
Што се однесува до поединци, би ги издвоил Милијаш кој конечно одигра една колку-толку солидна утакмица и стандардно беше опасен од прекин, осеќам дека сезонава ќе се изнадаваме голови после неговите прекини. Нормално, стрелецот на голот Мудрински како и Миливојевиќ, кој освен неколку ситни грешки одигра солидно, Микиќ, Мрва и Макса. Од друга страна, највише разочара Лазовиќ, кој не само денеска, него и претходните три утакмици у лига делува незаинтересирано и бледо. Не знам што му се дешава, дали не му одговара ова што го играме или е веќе отиден со мислите од Звезда, стварно не знам, ама знам дека ако продолжи вака ќе попие клупа.

Нови три бода со нова бледа партија од наша страна. Имавме доста среќа до сега, но таа не трае вечно и ако продолжиме со ваква играа и таа среќа ќе ни го сврти грбот. Мора да се мењава нешто у играта, што поскоро тоа подобро:)
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Лелеле читам можно било и во Ниш во среда без публика, а јас имам купено карта и се, ќе му ебем матер на волот Толе, ако заеба работа
 
Член од
22 март 2009
Мислења
2.356
Поени од реакции
454
Победа у Ниш у 89!
По тоа шо го читам двете полувремиња им припаднало на двете екипи.
Само Касалица у прво промашил три шанси, за да при крај на полувремето Милуновиќ да биде прецизен и со предност да се замине на полувреме.
Во второ друга приказна, Раднички цело време напаѓал, резервниот голман Кировски имал прекрасна партија спасувајќи доста сериозни шанси.
Но, нападите на Раднички на 15 минути пред крај вродиле плод, Ранѓеловиќ не пречен од никого на стативата подметнал нога за изедначување.
Потоа Раднички не продолжил со нападите, додека Звезда напаѓале преку контра напади.
Лазовиќ во контра напад, каде биле 5 на 3 и можел да бира на кого ќе му ја даде, тој себично шутирал непрецизно, но, одма потоа по центаршутот на Милијаш, Јовановиќ стрела за победа и пласман во 1/8 финалето.
За дешавки на трибина чекаме од Христов.
--- надополнето: 26 септември 2012 во 20:13 ---
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.655
Поени од реакции
1.272

Eве ги головите. Касалица да дадеше барем еден гол од трите шанси немаше да се нервирам у второ полувреме. Али, не се сомневам у него, знам дека ќе се искупи кад-тад, она што ме нервира и иритира е понашањето на Лазовиќ. Касалица кубури со техника тоа е јасно ама, се труди, се бори, претрчува највише од сите, а од друга страна го имаме Лазовиќ кој е одличен техничар, знае доста, ама на терен не покажува ништо, тотално спротивно од Кас. Еве глејте и на извештајов горе, излага сам на сам со голман и место да ја пукне со лева, тој се мести на десна, а од таа страна му идеше играчот и нормално овој дур се намести, шансата отиде у неповрат. После тоа, пред да падне вториот гол, имавме контра 5 на 3 и он место да асиситира, сакаше сам да заврши. Плус, да не набројувам и колку пати пред тоа имаше многу подобри решенија, ама он пак сакаше се сам да заврши. Клупата му е лекот.

Иначе што се тиче играта, прво полувреме требаше да заврши бар 0-3 у наша корист. Имавме игра, контрола врз играта, шанси, а сето тоа у второ полувреме се распадна. Ни игра, ни контрола, ни шанси, туку стоевме повлечени на своја половина и се чекаше грешка. Од таков пристап ми се гади.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Прво полувреме прекрасно изиграно, контрола на играта, посед, агресивност многу шанси и тоа 100%, Касалица се утепа промашувајќи, за да при крај на прво Милуновиќ даде гол.

Второ, незнам што им се деси, но мислам дека намерно ја препуштија средината, но очигледно таквата одлука не беше добра, Раднички константо напаѓаше, а Кировски во 4-5 ситуации феноменално интервенираше, навистина прекрасно бранеше денес.Пантиќ исто феноменално изигра, многу искусно делуваше на терен иако има само 20 години, многу добро играше.

Сега за Дарко, се гледа дека е многу талентиран и дека е за класа подобар од речиси сите играчи на терен, но премногу солира премногу сам се обидува, а за ситуацијата 3 на 5 што беше, Милјаш го искара и тоа многу добро.Му треба еден, два гола па да биде се океј, предобар е мораме да му веруваме :)

Навивањето феноменално, цео Ниш навија за Звезду, хохо :D

И за крај еве ви една слика од мене сликана :D
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Мхм, мхм еве тука сум во Ниш.Се читаме после, утре се надевам честитајќи победа :D
Што не кажа бе дека си у Ниш да се видевме :P


Иначе од утре ако даде Господ, у грб ќе ни гледаат сите :sneaky:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Не знам зашто сум волку возбуден за оваа утакмица :D Ко финале Лига шампиони да играме... Мора прво место да се завземе и да се издржи до крај! Идемо бре!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom