Пратев колку можев случувања во последно време, ама јасно е дечки дека црно ни се пиши. Не дека Воша кузнај шо постигнаја со то шо ги донесоа Апија и Мо, или пак дека Партизан го има сега Грант, него ние сме слаба екипа.
Одбраната е стандардно лоша, и среќа е шо сите екипи во лигата играат бункер, малку од малку да форсираа офанзивен фудбал ние просек по 3 гола би примале на утакмица.
Максимовиќ ми се гледа како голем потенцијал, ама потребен е еден поискусен до него, Карлеуша дефинитивно не е тој тип на играч кој би внел сигурност во тој последен ред.
Средината дефинитивно е пренатрупана... Оваа тактика на Роби повеќе ми делува на 4-5-1 отколку на 4-3-3, мора да проба со уште еден напаѓач според мене. Борха конечно ќе игра шпиц а не крило (нешто за што зборав уште од кога е дојден), и мислам дека Касалица е добро засилување иако не покажа ништо сеуште.
Дека ова со Кривбас беше генерална проба, се надевам дека нема вака да продолжиме сезонава... Да, супер дека дадовме 5 гола, ама 4 Лазовиќ, итоа 2 од пенал?
![Ерр.. Што? o_O o_O](/styles/default/xenforo/smilies/O_o.png)
Што ако него не му е денот?
И најмногу ме нервираат изјавите на играчите. Дефинитивно мора некој да им забрани да даваат изјави! Ќе го остајме срцето на терен, можиме да го стигниме Партизан, Звездина пролет... 4-5 години упорно и упорно даваат изјави, креваат амбиции до небо, а се влечат ко црева по теренот. Ако толку многу го сакаат клубот нека ги вратат парите што ги зеле а не освоиле ништо, нека докажат еднаш дека играат со срце.
За крај, она што секогаш го дискутирам со татко ми... Секогаш кога играат лошо на подготовки следат одлични игри во првенството подоцна
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
се надевам дека и сега ќе е така
![Превртува очи :rolleyes: :rolleyes:](/styles/default/xenforo/smilies/rolleyes.png)