Фан Клуб: Црвена Звезда

Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
:pos: Се изнасмеав уште на аеродромот кога даваше изјава! Иначе или секој број бил зафатен или за инат многу шугав број м удале... 77 :confused:
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.155
Поени од реакции
6.363
отиде Калуѓеровиќ во Пекинг Гуана за 800 000 Еура ;)
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.657
Поени од реакции
1.281
http://www.mozzartsport.com/vesti/12130/kaluderovic--peking-nisam-mogao-da-odbijem/

Среќно нека му е и нека се врати еден ден, ама како навијач.
Фала му на тоа што не извади на неколку утакмици, посебно фала за голот против партизаните, ама реално, не е квалитет за Звезда.

Од каде е изворот ?

http://www.redstarbelgrade.info/fudbal-srb-2/vesti/358.html

Читајте :) Само според мене Пикси е пред Савичевиќ.
Спроед мене Џаја е пред сите тројца, иако го немаат ставено на листата.
 
Член од
5 април 2007
Мислења
1.609
Поени од реакции
298
800 000 евриЌи од кои половина им припаѓаат на ЗВЕЗДА, а останатата половина ке се дели со рад т.е 600 000 не следуваат, оваа сезона ама баш ништо не покажа така да нека му е со срека во новиот клуб.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557

За почеток, еве видео до 60. минута од последниот припремен натпревар. Кажете и фала на Кики.:pipi:
Ретко пишувам на темава, иако сум огромен звездаш (или пак Делија?!) затоа што секојдневно пишувам на Звездиниот форум. Се немало време. :)

За прелазниот рок имам само зборови на пофалба, перспективни млади играчи, кои имаат карактеристики, пред се брзински, кои ни недостасуваа. Младеновиќ е феноменално бекче, брзина, дриблинг, мека нога, одушевен сум. Максимовиќ е со години (иако е млад) првотимец и има доволно искуство но и квалитет. Перовиќ е еден од најдобрите повратници во црвено-белиот дрес во последниве години. Асамоа е играч кој потенцијално може да биде одличен шпиц, пред се ради брзината (слично на нашиот Абу кој е во Воша сега). Касалица не е кој знае каков играч, ама од Калуѓеровиќ е поснаодлив, побрз, поагресивен - секако плус. Миливојевиќ е еден од подобрите средњаци во цела лига, не сум сигурен дали Роби ќе го става повише на DM или OM.
Од нашите деца Ожеговиќ е новиот Руни кај нас, ретко агресивен и борбен шпиц, само малку време ќе му треба. Ѓуричковиќ е технички одличен играч, само ќе му треба време да се навикне на малку поостра игра во ЈСЛ. Нормално како и на секој штопер и на Крнета ќе му треба искуство за да стане добар играч.

Единствено не ми се допаѓа доведувањето на Мириќ, кој не е ништо посебно, просечен ЈСЛ играч - но што е тука е.

Иако немаме сјајни резултати на припремните, тоа секако не е во прв план - туку запознавањето и уигрувањето на овој целосно подновен тим. Имаме перспективен тим како ретко досега, со потенцијални “А“ репрезентативци и потенцијално големи трансфери кои може да не извадат од долгот. Но, најбитно е сега Роби да ги вклопи и уигра, па да почнеме со победи во првенството. Напред Звездо!
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.657
Поени од реакции
1.281
Се сложувам со КУЦЗ.

Е сега, да прокоментирам за досегашниот тек на припремите.

Генерално сум задоволен како се работи. Новиот кондиционен тренер, Радаковиќ за сега работи добро, се гледа дека е добар стручњак. На тренинзите стално ги бодри играчите, им сугерира, ги поправа кога грешат. Се надевам дека пролетва у тој сегмент ќе бидеме доста добри. Нормално, се уште сме далеку од врвна физичка спремност т.е „европско ниво“, но уште два-три припремни циклуси верувам дека ќе го достигнеме.

Што се однесува до тактичкиот дел и тука сум генерално задоволен, иако има голем простор за напредок и допрва ќе се доигруваат некои работи, но за сега се тече како треба. Новите играчи, добро се вклопуваат и се гледа дека имаат огромен потенцијал, кој со напорни тренинзи и утакмици, ќе се преточи у квалитет.
Од сите новајлии, највеќе ме одушевува Максимовиќ. Доста е сигурен, цврст у одбрана, а што е доста важно, не е скаран со топката. Нормално, има уште време да се уиграат со Тошиќ, а кога ќе се уиграат, очекувам да бидат најдобар штоперски тандем у лигата.
Исто така, одушевен сум од Младеновиќ. Прав бек, брзина, продорност, техника на завидно ниво, одличен центаршут (нешто што е незамисливо за српските бекови), солидна одбрана. Сигурен сум дека еден ден ќе заигра во А репрезентација и ќе направи добра кариера. Од друите новајлии, највише очекувам од Миливојевиќ и Перовиќ, нешто помалце од Касалица, а од Мириќ не очекувам скоро ништо, додека за Ѓуричковиќ, Крнета и Ожеговиќ работи времето.
Од друга страна, од староседелците, Лазовиќ го потврдува квалитетот и се наметнува како лидер на тимот. Борха, пак се наметнува како стартен шпиц. Јак е како карпа, може да се загради, иако на грб има 2-3 играчи на противничкиот тим, доста помага на средниот ред, единствена маана му е реализацијата. Ако тоа го поправи, ќе прави лом на пролет. Исто, Петковиќ ќе води огрмна борба со гореспоменатиот Младеновиќ за стартни 11. И двајцата се одлични на припремите и мислам дека Роби ќе биде на мака при изборот, иако нема да погреши било кого да стави. Вешовиќ, позитивно ме изненадува и се наметнува како стартер на десната крилна позиција, во тандем со Микиќ кој очекувам дека ќе биде стандарден на десната бековска позиција, бидејќи Стојковиќ се уште не е доволно зрел за поголема минутажа. Од другите староседелци во живот се враќаат Димитријевиќ и Пашеко, а Евандро и Каду, искрено ме разочаруваат. Додуше, овој вториов мислам дека го обработи своето кај нас, а Евандро тек треба да покаже дали го заслужува прекарот „Маестро“.

Од голманите пак, Бајко, мислам дека е сигурен на голот, иако Кировски, опасно се наметнува, а Весиќ е тежок киксер и не ми е јасно зошто е поведен на припремите, место Димитровиќ.

Имаме тим со најголем потенцијал, само треба да се средат коцките и здравје Боже, на пролет да го покажеме правото лице.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
557
:) Тоа е таа чиста емоција, неискварена љубов.
Мене лани ми се насолзија очите кога слушнав како грми Север на гостувањето во Јагодина.

Никола знае, не сум сигурен за останатите: Дали ја прочитавте приказната на царот од Грделица што бил во Рен сам, исклучиво со авто-стоп?
 
Член од
6 септември 2009
Мислења
2.657
Поени од реакции
1.281
Како не, врати се неколку страни поназад, ја имам ставено и неговата и приказната за девојката што го сака Панчев и што специјално за него дошла у Скопје.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom