Ако ми дозволите, ќе изнесам мое објективно мислење, иако навивам за Звезда. Бев на Маракана вчера, и најдобро можам да кажам.
Играта на Звезда - фантазија. Прецизни додавања, лавовско борење за секоја топка. Гај - ѕвер на годината. Двата гола од Звезда беа од акции, и тоа добро осмислени, а головите на Баерн од случајности. Првиот по одбиена топка од голманот, а вториот и третиот по набацувања од слободни удари. Сепак, тука се виде големината и силата на Баварците, кои двапати се вратија од негатива и на крај триумфираа.
Пошироко за натпреварот во нова тема која наскоро ќе ја отворам.