ај и јас да пишам па може овој черчи пак ќе се врати назад да биде идиот, за сите ние да бидеме у право
усвари тој и понатаму си е идиот, се љути кога ќе го извадат, се прави меси или не знам што. баш е тема за анализирање и моабет овој черчи, јас сеуште не сум убеден дека може да биде квалитетен играч, има уште многу да напрадува како технички така и психички. го толерираат сеуште во фиренца, али ако им промрчи уште малку и ќе го шитнат како освалдо на пример, па нек иде и тој како балотели нека собира балони во сити.
јас сеуште не сум го видел во најдобро светло против конкурентен тим, головите што ги постигна до сега се против послаби екипи со слаба одбрана во минатата сезона и оваа. сега со наполи неколку пати си даде предолг фор, треба да поработи на тоа, на изглед создава опасни ситуации ама ништо посебно, мислам дека е далеку од нивото на јоветич. ми се допадна како изигра јове, украде неколку топки, многу ангажирано. штета што монтоливо не даде гол, а што има да дава кога не сака да игра. јас го разбирам човекот, али штом веќе го сврте грбот пушти го нека крши глава, нека си ја бара среќата на друго место и така не е екстра талентиран, кога од 5м не знае да пласира една топка во толкав гол.
оваа сезона ми се допаѓа што конечно имаме некоја "длабочина" во средниот ред, со доаѓање на мунари, лазари, бехрани се адаптира - голем работник (најголема заслуга што беше X со наполи), криво ми е за дагостино, а особено за љајич што малку ќе игра.
исто мислам дека михајлович би требало да проба со ЛДС десно и касани на лево (наместо пасквал), овој зунига го реши. изгледа како да ја имаше правата стратегија со средните играчи да се повлекуваат повеќе назад отколку што е нормално па затоа и не потиснаа, но имаше среќа што не свирнаа пенал што очигледно го имаше од пасквал.