Кол - МВП на втората фаза
Доналд Кол од Фени Индустри е најкорисен кошаркар во втората натпреварувачка фаза од Првата лига. Американецот го осови 1. место во изборот на официјалниот сајт на КФМ,
www.basketball.org.mk, и весникот “Македонски спорт“, според индувидуалниот учинок во сите пролетни 14 кола.
Според учинокот, секоја номинација за играч на колото носи 20 поени, номинација за место во првата петорка на колото носи 10, а номинација за место во втората петорка - 5 бодови.
Кол собра вкупно 140 бодови, и го освои 1. место во трката за МВП, и тоа пред Диме Тасовски (Струмица 2005) со 110 бодови и Војдан Стојановски од Амак СП со 100 бодови.
Кол и Тасовски се единствените кошаркари, кои во изминатите 14 кола дури по три пати биле прогласувани за МВП на колото.
Кол е дел и од првата петорка на полусезоната. Покрај него, идеалната петорка е составена и од Димитар Мирaкoвски, Џерид Фрaj, Диме Тaсoвски и Дамир Лaтoвиќ.
Најдобар стрелец во Купот, MVP на втората фаза .. БРАВО ЗА ДОНАЛД КОЛ, човекот го остава срцето на терен, треба да биде пример за сите како треба да се игра за својот клуб