Без рекламирање на компании кои за тоа немаат платено
Oд кај знаиш дека ми немат платено да ги рекламирам
Македонските клубови не се доволно финансиски моќни за да предизвикуваат потреси на трансфер-пазарот. Затоа акцентот се става врз млади и неафирмирани играчи или врз ветерани кои веќе ретко кој ги сака или од кои се уште се очекуваат чуда. Амбиција, реклама, престиж или само погрешна проценка, тоа понекогаш се претвора во фарса без резултатски ефект.
"Вест" ги избраа петте трансфери кои предизвикаа голема медиумска помпа во Македонија и кои на крајот и останаа само на тоа.
1. Сергеј Погорелов во Металург
Доаѓањето на поранешниот олимписки, светски и европски шампион во Металург летоска одекна како што и доликува - сензационално. Она што навистина добија металурзи беше играч истрошен од повреди и целосно надвор од форма, кој едвај трчаше, па заклучија дека е подобро да не се залажуваат и што побргу да се ослободат од него. Така и беше.
2. Даниел Адо во Вардар
Неговиот трансфер во редовите на Вардар во 2006 година беше претставен како еден од најголемите во македонскиот фудбал досега. Во неговите тинејџерски денови, на Ганецот му предвидувале блескава кариера, но во времето кога дојде во Скопје тој беше само за старо железо. Се мачеше со формата, не одигра ниту минута и, едноставно, го снема по некое време, без некој да праша за него.
3. Дражен Далипагиќ во МЗТ Скопје
Во годините на очајнички обиди да ја освојат титулата, "металците" донесоа вистинска легенда на својата клупа. Тоа се покажа повеќе како шминка, маркетиншки трик отколку како добро тренерско решение и набргу сфатија дека очекувањата од популарниот Праја биле пренадувани. Тој си замина по само неколку кола и оттогаш веќе никој не слушна за тренерот Далипагиќ.
4. Зоран Живковиќ
Севкупно гледано, неколкумесечниот престој на легендарниот, но арогантен Тута во Македонија беше целосно фијаско, како во машката ракометна репрезентација, така и на клупата на Вардар. Ги омаловажуваше нашите играчи (не им ги паметеше ниту имињата) и на никој не му остана во добро сеќавање. Кога сфати дека тука не му е место, самиот си замина.
5. Александар Димитровски во Фени индустри
Градејќи шампионски тим, Фени индустри не штедеше пари, па за 50.000 евра го "заведе" гевгеличанецот да се врати од Полска. Тоа се покажа како фрлање пари во бунар, зашто Димитровски не само што дојде повреден, туку потоа речиси и не заигра зашто замина на операција. На крајот на сезоната, кавадарчани ја исполнија целта и без негова помош.
Мачка мачка да те удаве Кучка
:tv: