Фени Индустри победи - навивачите демолираа автобуси
петок, 17 април 2009
Фени Индустри синоќа го победи Фершпед Работнички во последното коло од Суперлигата и ја освои првата позиција која носи предност на домашниот терен во плејофот
По многу пресврти и падови во играта на двете екипи домаќините до конечниот триумф од 71:64 дојдоа по серијата од 17:0 во последната четвртина. Американецот Кол со 21 поен беше најефикасен на натпреварот. Со оваа победа Фени Индустри израмни на 2:2 во дуелите со Фершпед Работнички и во евентуалното меѓусебно финале ќе има натпревар повеќе во Кавадарци.
Фени Индустри во полуфиналето го чека подобриот од дуелот Амак СП - МЗТ Скопје.
Противник на Работнички во полуфиналето ќе му биде поуспешниот од пресметката Пелистер-Овче Поле. Пејофот почнува на 22 април.
Дамка на натпреварот оставија нередите кои ги предизвикаа навивачите. Во нивниот брутален поход настрадаа стаклата на повеќе автобуси и службени возила на екипите. Нема податоци з повредени или приведени лица.