Фан Клуб : Фени Индустри

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Незнам што да кажам освен ЛУДНИЦА :vozbud: инфаркт завршница уште сум под импресии и незнам шо да кажам освен ДОнал,Чема,ПРеко,Маци,Трајко,Рајко,Златко, и компанија БРАВО МОМЦИ ВИЕ СТЕ НАША ГОРДОСТ..:salut:
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Браво Фени.Што е ова чудо Македонскиве екипи се надминаа себеси.Честито нека им е.Идеме на Македонско финале.!:drk:
 
Член од
23 октомври 2008
Мислења
14
Поени од реакции
1
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud: Лудница беше ејјјј :vozbud::vozbud::vozbud: Ќе си го памтам ова до краја мог живота :pos2:
 

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Златето Гоцевско ги утепа Бугариштата ај ај ај ауууууууууу
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
28
Македонската кошарка слави, два наши клуба на Фајнал Фор на Еурохолд БИБЛ

ЛЕВСКИ “ИЗГОРЕН“ ВО ПЕКОЛОТ НА ЈАСМИН

Фени Индустри во незаборавен натпревар го совлада Левски со 81-62, надополнувајќи ја негативата од 16 поени. Македонија покрај Фени Индустри и Фершпед Работнички, на Фајнал Форот од Еурохолд БИБЛ ќе го има и Александар Тодоров, како тренер на Рилски Самоков.

Кавадарци и кошаркарска Македонија имаат уште една вечер за долго паметење. Фени Индустри уште еднаш на своите гледачи им овозможи вистинско уживање, во натпревар полн со драматика, тензија, емоции.. Левски падна во пеколот на салата “Јасмин“, четириесет минути беспоштедна борба со бугарскиот тим во кои паднаа навидум недостижните -16 од Софија.

Уште еден херојски настап на Златко Гоцевски и Доналд Кол, но и на одбраната на целата домашна екипа, која го натера противникот да направи дури 19 грешки, на крајот помалку чудната статистика токму тука го дава одговорот за убедливата победа на Фени Индустри.

Уште од самиот старт домашните, носени од триилјадната публика во кавадаречкиот кошаркарски храм “Јасмин“, покажаа дека се подготвени да одат до крај. Доналд Кол беше расположен за поентирање, Талик Браун и Милан Прековиќ за разигрување и асистенции. Гостите не можеа да се доближат многу блиску до водството на Фени, кое Емил Рајковиќ мудро го одржуваше на околу +10 во првите 20 минути.

Во вториот дел се разбуди Гоцевски, а повторно одбраната беше клучна, само 62 примени кошеви против тим со одлични индивидуалци како што е Левски, доволно говори за дефанзивниот квалитет. Разликата од 16 поени беше достигната во средината на последната четвртина, а до крајот со 200% борбеност и пожртвуваност, херојски но и среќно, поен по поен, Фени Индустри стигна до конечните +19.

Статистички, Златко Гоцевски со 27 поени (61%), 5 скока и 4 блокади беше играч на мечот, но и затоа што со две едноподруго тројки го фрли Левски во нокдаун во самиот финиш. Веднаш до него Доналд Кол со 24 поени за само 28 минути, но и без настап во финишот заради 5-та лична грешка. Милан Прековиќ одигра за екипата, 5 скока и одлични 10 асистенции, Самарџиев и Ѓуров погодија кога требаше, а Талик Браун беше вистински диригент.

Кај гостите, Хол постигна 17 поени (но и 8 загубени топки), 12 имаше Џонс, додека центарот Стефан Георгиев на 10-те поени додаде 9 скока.

Статистиката многу пати е чудна во кошарката, како на пример на овој меч. Гостите имаа дури 11 скока повеќе, 25% подобро изведуваа слободни фрлања, имаа 5 лични грешки помалку, а тренерот Папазов користеше повеќе играчи и дури 9 од нив реализираа поени (наспроти 7-те на Фени). И на крајот загубија, и тоа со 19 разлика.

Славјето веќе започна, не само за кавадарчани, туку и за цела кошаркарска Македонија која слави со Фени Индустри и Фершпед Работнички. Кошаркарска Македонија се радува и за Александар Тодоров, кој многу доминантно се прошета до Фајнал Форот со својот Рилски Самоков. Без оглед на тоа кој ќе ја освои лигата во првата нејзина година, македонската кошарка е морален победник. Тројца наши тренери, два клуба и голем број македонски кошаркари ќе продефилираат на завршницата во Самоков или Вршац, сеедно. Финалист сигурно имаме, одиме на титула!

Наскоро Фото-галерија од натпреварот!

Комплетна статистика
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Добра утакмица, неизвесно до завршницата
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
Гоцевски секогаш знае да биде најдобар , кога е најпотребно.:back:
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
Metono1[mkd];2291786 напиша:
Bravo, znaci jaki navivaci ste nema sho. Gi pcuete igracite, koj so igrat u vasa ekipa. Smeski ej.:tapp:
еве будала човек!првен честитај победа па после ако сакаш можеш да се закачаш!!а и што има бре ти да ми кажуваш јас како да си навивам и како прво само ти буквално си прочитал како што е напишано.читај малку мегу редови:tapp:
ај јас ти гарантирам дека оваа вечер и да сакаш закачка нема да добиеш затоа што мегу нас владее позитивна атмосвера.а до тогаш оди бери мушмули:pos2::pos2::pos2::pos2:
 

Madrid

Timeless
Член од
23 март 2008
Мислења
3.899
Поени од реакции
154
Ke se pleskame megusebno sega a ? :vozbud::vozbud:
И ја така мислев, ама на страната на библ пише дека ние ќе играјме со Рилски, а вие со победникот од Свислион - Хипо Лизинг :)

Така да, македонско финале ќе има :vozbud:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.497
Поени од реакции
4.070
И ја така мислев, ама на страната на библ пише дека ние ќе играјме со Рилски, а вие со победникот од Свислион - Хипо Лизинг :)

Така да, македонско финале ќе има :vozbud:
Аууу и сега?Па нели во БИБЛ имало правило кое вели : Ако на Final four има две тима од иста држава играат меѓусебно во полуфинале.:jaj:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom