Фан Клуб : Фени Индустри

Mr.HyPNoTiC

UnTraceable Guest!
Член од
13 ноември 2007
Мислења
1.450
Поени од реакции
239
Kazah fanah go Feni dzabe ka me zaeba edna umrana ekipa Degefors za 7000 kako i da e iskreni cestitki za pobedata i mislam deka ste prvi favoriti za titulata...
Pozdrav od mene i srekno :smir::smir:
Јас не мислам така иначе :helou:

Работнички се многу подобри ... барем така мислам ... Со душа чекам да го гледам дербито Фени - Фершпед :):)
:salut:
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
Кавадаречка бајка во Крагујевац
РАДНИЧКИ 034 ГРУПА - ФЕНИ ИНДУСТРИ 63:74

(17-28; 21-20; 10-11; 15-15)

Кошаркарите на Фени Индустри со победа стартуваа во новоформираната балканска лига, и тоа на гостински терен, во Крагуевац.

Во салата "Језеро" во Крагуевац каде, за жал, имаше многу малку публика, македонскиот шампион уште од самиот почеток му стави до знаење на противникот дека нема намера да се шегува.

Со цврста игра во одбраната кавадарчеките кошаркари успеаја да примат само 63 коша. Ѓуров и Кол со по девет поени се најзаслужните што по првите 10 минути Фени Индустри имаше предност од 11 поени.

Во исто темпо се продолжи во втората четвртина во која домашните кошаркари полека се разбудија од летаргичноста, но Доналд Кол со серија од 11 поени не им дозволи да ја спуштат предноста под десет коша, па "портокаловите" на полувреме заминаа со резултат 38:48.

Во 26. минута домаќинот успеа да ја смали предноста на 45:50, но откако тренерот Емил Рајковиќ побара тајм-аут, заигра многу поцврсто во одбраната за која младите српски кошаркари немаа решение.

Токму добрата одбрана резултираше со фактот што Фени Индустри во последните 10 минути влезе со двоцифрена предност. На почетокот во последната четвртина домаќинот двапати успеа да дојде до негатива од шест поени, но тука и застана.

Во 32. минута резултатот беше 55:61, а во 35 -та минута 58:64. Во тие моменти проработе капитенот на Фени Индустри, Горан Самарџиев, кој со две "тројки", односно осум поени во серија успеа да ја врати предноста на 72:58.

Ваквиот начин на игра на кавадаречкиот шампион едноставно на противникот му стави до знаење дека нема шанси да се надева на позитивен резултат во своето деби во балканската лига.

Да напоменеме дека македонскиот шампион на овој натпревар настапи ослабен бидејќи иако седеше на клупата Михајловски воопшто не влезе во игра поради повреда, а Димитровски по само пет минути игра се пожали на болки во коленото и доби поштеда.

Лидер кај кавадарчани беше повторно незапирливиот Доналд Кол, кој средбата ја заврши со високи 26 поени.

ЕМИЛ РАЈКОВИЌ (ФЕНИ ИНДУСТРИ)

Одбраната клучна

"Забележавме многу важна победа, и тоа на гостински терен. Не е мала работа на гости, особено во европско натрепварување да примиш само 63 коша. Нашата одбрана функционираше беспрекорно и затоа им честитам на сите мои играчи и се надевам дека и понатаму достоинствено ќе ја презентираме македонската кошарка во ова натпреварување".



вчера разбрав дека гуров бил звер за вчерашната утакмица,доналд сандард нема муабет али еве и чемата изгледа добро изиграл.ај у среда мислам дека ке гледаме интересна кошарка а и 2ра победа на ФЕНИ.:toe:
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
еј а дали некој знае дали ке се одржи утакмицата со пелистер?кога како шо?
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
29
еј а дали некој знае дали ке се одржи утакмицата со пелистер?кога како шо?
Зошто утакмица со Пелистер јас како што знам нема да има никаква пријателска утакмица туку во сабота гостуваме во Скопје на Фершпед Работнички.:)
 

Lazarov

К.К Струмица
Член од
9 декември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
64
Зошто утакмица со Пелистер јас како што знам нема да има никаква пријателска утакмица туку во сабота гостуваме во Скопје на Фершпед Работнички.:)

А сигурно ли дека е во сабота .. ?
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Кавадаречка бајка во Крагујевац
РАДНИЧКИ 034 ГРУПА - ФЕНИ ИНДУСТРИ 63:74

(17-28; 21-20; 10-11; 15-15)


Во 32. минута резултатот беше 55:61, а во 35 -та минута 58:64. Во тие моменти проработе капитенот на Фени Индустри, Горан Самарџиев, кој со две "тројки", односно осум поени во серија успеа да ја врати предноста на 72:58.
Еве што значи капитен:aplauz:Многу пати до сега покажува колку е важен за Фени во одлучувачки моменти:aplauz:И ако на мене не ми се допаѓа каков играч е Горан Самарџиев,но дека има големо срце за решавање натпревари за тоа од мене може да добие само:aplauz:
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
29
А сигурно ли дека е во сабота .. ?
Да да во сабота во Градска штала играме против Фершпед а инаку нова работа е тоа што Овче Поле го завзема местото на Струмица и лигата повторно ќе брои 10 екипи.:smir:
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
29
Еве што значи капитен:aplauz:Многу пати до сега покажува колку е важен за Фени во одлучувачки моменти:aplauz:И ако на мене не ми се допаѓа каков играч е Горан Самарџиев,но дека има големо срце за решавање натпревари за тоа од мене може да добие само:aplauz:
Според зборивите на новинарот од Кавадарци кој беше присутен на натпреварот освен Кол и Чемата еден од најзаслужните бил и Милан Прековиќ со неговите астрономски тројки од 9 метри во одлучувачката 3 четвртина инаку домаќините од Крагуевац не биле ништо посебно туку само подпросечна екипа во србското првенство со двајца до тројца квалитетни кошаркари другото се било под просек.:salut:
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Според зборивите на новинарот од Кавадарци кој беше присутен на натпреварот освен Кол и Чемата еден од најзаслужните бил и Милан Прековиќ со неговите астрономски тројки од 9 метри во одлучувачката 3 четвртина инаку домаќините од Крагуевац не биле ништо посебно туку само подпросечна екипа во србското првенство со двајца до тројца квалитетни кошаркари другото се било под просек.:salut:
Аман бе тој прост е или прост се прави?Милан Прекович имал 1/8 за 3:helou:
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Deneska imse sobranie pa ako znae nekoj so se sluci neka kaze.A ova za Tv prenosite razbra li nekoj.Sitel ili MTV?
 
Член од
3 јуни 2008
Мислења
494
Поени од реакции
0
на ктв телевизија кажаа дека фени највероватно во сабота ке игра во јасмин со пелистер!:cheeky1:
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
на ктв телевизија кажаа дека фени највероватно во сабота ке игра во јасмин со пелистер!:cheeky1:
Po prvicniot raspored trebase da bide taka no so ovie slucuvanjata...Mozebi pak ke se prodolzi po istiot raspored pa utakmicite od prvoto kolo ke se odigraat vo nekoj sloboden termin kako sto rece Dimevski ke se iskorist edna slobodna sreda
 

Кавадарчанец

Бадр Хари фан
Член од
18 декември 2007
Мислења
4.156
Поени од реакции
29
Po prvicniot raspored trebase da bide taka no so ovie slucuvanjata...Mozebi pak ke se prodolzi po istiot raspored pa utakmicite od prvoto kolo ke se odigraat vo nekoj sloboden termin kako sto rece Dimevski ke se iskorist edna slobodna sreda
Значи во сабота играме дома со Пелистер или?:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom