Фени го пратам од 2004/05 сезоната(тогаш како кк Тиквеш),следната година како кк Фени. Еве веќе 10 години. Можам комотно да кажам дека вакво другарство,слога и единство екипата(според мене гледано одстрана) имала само во сезоната 2007/08 кога ја освоивме првата титула. И тогаш беше исто како сега. Далеку од тоа дека другите години немало такви работи и слично,ама годинава некако премногу ме потсеќа на таа,за нас,среќна година. Народот исто како да го чувствува тоа,па на повеќето утакмици досега беше полна салата(и минатите сезони се полнеше само кога имаше дерби,а вака и против Струмица и против Соколи беше солидно пополнета).Башка и кошаркарите се секојдневно по локали,се дружат со обичните народи,па годинава првпат по неколку години повторно видов како му приоѓаат фанови да бараат автограм,да се сликаат со играчите. Ептен ми е криво заминувањето на Гајовиќ,кој што гинеше секоја утакмица и придонесуваше за добра атмосфера. Можеби не му одеше баш најдобро,но играше со срце и се бореше. Останува да се надеваме дека ќе се најде добра замена за него(по можност и да се исфрли Дарко Радуловиќ,па со парите планирани и за негова плата да се најде уште подобар играч). Оваа екипа може многу да освои,желни се за докажување сите(почнувајќи од Американците за кој шо е прво искуство во Европа,Враговиќ,па и постарите како Караџовски,Самарџиев,Симиќ) да освојат уште некоја титула во кариерата(само Караџовски нема освоено титула мислам). Се приметува дека растеме како екипа од ден на ден,тоа е најбитно. Само напред дечки,цело Кавадарци е позади вас,само давајте максимум и гинете на теренот,другото ќе си дојде..