Тофилоски меѓу Словачка и 11 Октомври
Останати вести
Дуелот на „отпишаните“ треба да биде убавица на првенството
Металург скапо ги плати грешките
Работнички веќе мисли на Мика
Втора рекордна победа на Работнички
Бразилецот Зе Карлос го постигна 200. македонски гол во Европа
Напредок заминува на подготовки во Охрид
Парагвај ќе ја убива играта на Шпанија
Осим: Ако СФРЈ беше светски првак, војна можеби ќе немаше
Печати |
Прати ја страницата |
Врати се назад
Голманот Дарко Тофилоски (24), кој го напушти швајцарскиот Шафхаузен, е на преговори во словачкиот прволигаш Злин. Според последните информации, на повидок е трансфер на чуварот на мрежата. Разврската ја очекуваат во второлигашот 11 Октомври, каде што една недела тренираше Тофилоски
- Доколку не се договори, доаѓа кај нас. Во спротивно мора да бараме алтернатива - велат од 11 Октомври.
Прилепскиот второлигаш вчера го зеде Владо Данилов (30), стопер на штипска Брегалница. Го сметаат за големо засилување. Има настапувано за Победа, матичниот Вардар Неготино, Напредок, Пелистер, Тиквеш, во Полска, Кина, Грција и во Казахстан.
- Данилов е искусен играч. Задоволни сме што го доведовме - истакнуваат во 11 Октомври.
Прилепскиот клуб со прволигашки амбиции, претходно ги доведе Филип Мирчески, Нове Ацески, Стојанче Дунимаглоски, Влатко Петрески, битолчаните Благојче Рутевски и Драган Димитровски, сите од Победа. Привршуваат преговорите со уште тројца.
- Има места за среден играч, стопер и за голман. Со 10 нови ќе имаме квалитет за атака на првите две места - сметаат во 11 Октомври.
Прилепскиот клуб го напуштија битолчаните Миле Димов, Димитар Капинковски и Игор Момировски.