Фан Клуб: ФК Металург

Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Абе Металург ако не освои првентсво годинава треба да се откаже од фудбал.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Не треба да мислиш треба сигурен да бидеш, Крстев што го промашил непостоечкиот пенал и за тоа е крива ФФМ?
:pos2: Е со тој бод (ако дадеше Крстев гол) готов беше Металург. Новиот шампион. И по налог на ФФМ, нели. :pos2:

ФФМ не мести сама, другарче. Брацо е диригентот.

--- надополнето ---

Абе Металург ако не освои првентсво годинава треба да се откаже од фудбал.
Стручњак си за фудбал и за бизнис пријателче. Секоја чест.

Ај сега присети се колку екипи кај нас блеснале за кратко време (некои и станаа шампиони) па ги снема од фудбалот? Не е целта да освоиш нешто и да те снема. Ниту пак, ако не освоиш ништо, да се откажеш.
Целта е да те има постојано во врвот. Пехарите ќе дојдат кога тогаш. Нема да има местенки кај нас цело време. Ќе им дојде крајот кога тогаш.
 
Член од
2 август 2009
Мислења
1.739
Поени од реакции
136
Па да за тебе сум стручњак ипол за фудбал... Покрај што свите ве места да бидете шампиони годинава почнуајќи од ффм, па све до судиеве кој ги испраќа да ви суда “вас“, да ви ја однесе титулата некоја си Шкендија или па Ренова треба да се убиете!
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Уште мислиш дека ФФМ го мести Металург да биде шампион?
Друже, на Металург во моментов ни ФФМ не може да му помогне да стане шампион. Со аматер како Жикица Тасевски за тренер испукани пушки како Јорде, Кралевски, Вајс, Дамески, Михајловиќ, Демири и Клечкаровски, ништо не праат. Само Миле Крстев игра како што треба. Да не спомињам што имаат играчи, кои не се за шампионски тим (Медиќ, Петковски, Џуриќ, Тенекеџиев, Љамчевски). Kога се ќе се собере, Минчо изгледа залудно ги фрла парите, а во исто време има третокласен тим на чело со никаков тренер. Тотална спротивност од ракометниот. Башка онаа бламажа против Напредок дополнително го потврди вистинското лице на играчите. Мизерии невидени!
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
465
Поени од реакции
39
Да се надоврзам на муабетов, во возвратниот меч од купот, Металург-Локомотива 1:1, играчиве на Металург ги молеле играчиве на Локо да им ја пуштат утакмицата да победат или да заврши нерешено, зашто фаќале циклус, имале 3 победи и им фалела победа или нерешен резултат. На крајот Ејупи даде гол во 93 минута. Инаку информацијава е од играч на Локомотива.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Абе смешки живи се муабетиве. Судиите и ФФМ го местеле Металург да биде шампион. Брацо мести кај нас. Ниту ФФМ ниту судиите.
Металург дома има 3 порази (и тоа од Силекс и Напредок) и една нерешена и пак некој вика дека судиите му помагале. Смешки. Толку им е силата оваа година, никој не му помага на Металург ниту пак му одмага. Толку е знаењето.
А тоа што Шкендија или Ренова може ќе ја земат титулата, не е за да се убие некој од Металург или друга екипа, тоа е реалност. Мислите дека Шкендија помалку пари вложила во екипата? Играат дечките. 100% се мотивирани за секој натпревар. На Железарница сите ги гледав (освен Напредок) и најрамноправни беа Шкендија. Нема гостински терен за нив.
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите.
Ми помогне да најдам податоци за фудбалски тимови од Македонија две лиги ФК Беласица Струмица,ФК Цементарница во Скопје,ФК 11 Октомври Прилеп,ФК Охрид 2004,ФК Локомотива Скопје,ФК Тиквеш Кавадарци и други. Потребни информации за составот на тимови, имињата на играчите на нивниот датум на раѓање и место на теренот. Или да му даде линкови до официјалниот сајт, ако ги знаете. Едноставно не може да се најдат на официјалната веб страница на Металург Скопје.
Ако не се тешки за да им помогне.
Ви благодариме.

Жалам за јазик.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24
Нови играчи на Металург од пред некој ден се Драган Начевски и Климент Настоски како и од пред тоа дојдениот привремен репрезентативец Агрон Мемеди,а пред враќање во зелено белиот дрес е и Баже Илијоски. Квалитетни засилувања токму на тие позиции кај што беше најслаб Металург во изминатава полусезона,со имиња како Ејупи,Илиев,Начевски,Симоновски и Илијоски се создаде силна конкуренција во нападот.Амбициите се јасни оваа година атак на тронот иако се очекува пеколна пролет и тешка задача ке биде симнувањето на Шкендија од врвот.
 
Член од
19 мај 2010
Мислења
2.124
Поени од реакции
324
Па да за тебе сум стручњак ипол за фудбал... Покрај што свите ве места да бидете шампиони годинава почнуајќи од ффм, па све до судиеве кој ги испраќа да ви суда “вас“, да ви ја однесе титулата некоја си Шкендија или па Ренова треба да се убиете!


NE ZNAETE DRUGO VIE BALLISTI,SHKENDIJA,BALLISTI,SHKENDIJA ..... zs se fakate za nashiot k*r sekogas ??

Ballistet ur NIGHTMARES !!!
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24
Списокот на засилувања се проширува

Климент Настоски и Александар Крстевски се двете најнови засилувања за екипата на Металург.

Охриѓанецот Настоски има 23 години и богата меѓународна кариера, настапи за младите репрезентации на Македонија, а во редовите на Металург доаѓа од словенечката екипа Кршко. Игра во средниот ред, на позицијата градител на играта.

Александар Крстевски е стопер, има 27 години и исто така има настапувано за повеќе македонски но и странски клубови. Негова последна дестинација беше Шкумбини во Албанија.

Со Настоски и Крстески, списокот на екипата за продолжението на сезоната полека се затвора.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24
Петар Баснарков, искусен голман кој потекнува од вардаровата школа каде ги минува сите категории, а подоцна настапувал за повеќе домашни и странски клубови, е најновото засилување на Металург. Тој денеска го стави својот потпис на договорот, со кој ја засилува конкуренцијата за позицијата прв голман, заедно со Ников и младиот Ефремов, кој исто така денеска го продолжи договорот.
Со тоа, според зборовите на првите луѓе на клубот, и дефинитивно е затворен списокот на засилувања за продолжението од сезоната.
Од денеска фудбалерите и стручниот штаб се на подготовки во Негорски Бањи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom